Лебдечка даска, лебдачка или ховерборд (од англиски: hoverboard) е даска за личен превоз која личи на скејтборд без тркалца во фантастиката, иако може да има други облици во вистинскиот живот.

Лебдечка даска

Во научната фантастика

уреди

Првично лебдечката даска била создаден за филмовите Враќање во иднината 2 и Враќање во иднината 3 на Роберт Земекис . Во филмовите бил управуван од Мајкл Џ. Фокс и вршена е симулација со помош на систем од кабли. Во овие филмови објаснето е дека лебдечката даска не функционира над вода и оваа особина е задржана и во видеоигрите.

Во филмот Враќање кон иднината 2 прикажана е варијанта на лебдечката даска наречена „Пит бул“ која има погонски кои ја прават даската самостојна.

Во вистинскиот живот

уреди

Во јуни 2015 година, јапонската фирма „Лексус“ издава кратко видео на кое е претставен прототип на лебдечка даска, пред презентација која се одржала во Барселона. [1]. Се работи за технологија која ја користи супрспроводливоста, што значи дека не работи вон овие посебни услови. Постојат и други направи со кои е покажана даска за магнетно лебдење во извесни услови.

Во поново време постојат и повеќепропелерни лични беспилотни летала кои иамат доволна воздухопотисна сила која овоможува лебдење на лицето врз него, кое водно може да го управува.

Наводи

уреди
  1. „Претставен ховербордот на Лексус“. Архивирано од изворникот на 2015-08-08. Посетено на 2015-08-07.