Ла Томатина
Ла Томатина (шпански: La Tomatina) е фестивал кој се одржува во Буњол во Валенсија, во кој учесниците фрлаат домати и влегуваат во борба со домати од чисто забавни цели. Овој фестивал се одржува од 1945 година во последната среда во август. Настанот бил откажан во 2020 година поради Ковид-19 пандемијата во Шпанија.
Ла Томатина | |
---|---|
Ла Томатина во 2014 | |
Офиц. назив | La Tomatina |
Го празнува(ат) | Буњол, Валенсија, Шпанија |
Вид | културно |
Во минатото
уредиФестивалот Ла Томатина започнал последната среда од август во 1945 година, кога на градскиот плоштад се одржувала парадата на џиновите и големоглавите фигури. Големата глава на еден од учесниците паднала како резултат на веселбата. Учесникот се разбеснил и почнал да удира сè што ќе му се најдело на патот. Таму имало тезга со зеленчук и гневната толпа почнала да се гаѓа меѓу себе, додека полицијата не ја сопрела битката со зеленчук.
Следната година некои млади луѓе испланирале да инсценираат кавга и си понеле домати од дома. Иако полициските сили го сопреле и ова, годишната традиција започнала. Следните години, по примерот на младите момчиња илјадници луѓе го правеле истото.
Франциско Франко во раните 50-ти ја забранил Ла Томатина затоа што немала никакво религиозно значење, но сепак луѓето учествувале на фестивалот, иако биле апсени. Народот се побунил против забраната и фестивалот бил повторно дозволен, пред пак да биде укинат во 1957 година кога, во знак на протест, бил извршен погреб на домати. На тој настан жителите носеле ковчег во кој имало огромен домат. На парадата имало и музички бенд кој свирел погребни маршеви. Овој протест бил успешен, а фестивалот Ла Томатина конечно бил дозволен и станал официјален фестивал.[1]
По репортажата на Хавиер Базилио (репортер од шпанска телевизија) фестивалот се прочул низ цела Шпанија. Оттогаш, од година во година се зголемувал бројот на учесници. Во 2002 година, поради својата популарност Ла Томатина од Буњол била прогласена за свеченост од меѓународен туристички интерес од Секретаријатот за туризам во Шпанија.[2]
Настаните во 2020 и 2021 година биле откажани поради пандемијата од Ковид-19 во Шпанија, а во 2020 требало да се одбележи 75-годишнината од почетокот на одржување.[3] Претходно, бил откажан само еднаш (во 1957 година) од политички причини.[4]
Опис
уредиОбично, тепачката трае околу еден час, по што градскиот плоштад е покриен со згмечени домати.[5] Потоа, противпожарните возила се поминуваат по улиците и со шмрк се обидуваат да ги измијат доматите од телата на учесниците. Некои учесници одат во базенот „Лос пењонес“ за да се измијат. Лимонската киселина која ја има во доматите придонесува за тоа измиените улици и плоштади во градот да светнат.[6][7]
Од 2013 година на фестивалот може да се учествува само со платени билети. Во 2015 година се проценува дека се фрлиле речиси 145,000 кг домати.[6]
Градскиот совет објавува кратка листа со инструкции за безбедноста на учесниците и фестивалот:[8]
- Не фрлајте ништо освен домати
- Не кинете облека
- Згмечете ги доматите пред да ги фрлите за да не ги повредите другите
- Одржувајте безбедно растојание од камионите
- Престанете да фрлате домати по вториот истрел од пиштол
- Следете ги упатствата на безбедносните служби
- Фрлајте домати само до цел која можете да ја видите, за да не ги повредите другите
- Не фрлајте домати директно кон зградите
- Поминете си одлично, и забавувајте се!
Во други земји
уредиЛа Томатина во Буњол инспирирало слични прослави и на други места:
- Од 1982 година, во градот Твин Лејкс (САД) се одржува борба со домати наречена „Војна со домати меѓу Колорадо и Тексас“, во која Тексашаните и Колораданците си ги одмеруваат силите.
- Од 2004 година, на 15 јуни се одржува сличен настан во колумбискиот град Сутамарчан.[9]
- Во Костарика, во градот Сан Хосе де Трохас, се одржува Томатина за време на саемот на домати.[10]
- Во Донгуан во провинцијата Гуангдонг во Кина, на 19 октомври се одржува борба со домати, при што се користат и до 15 тони домати.[10]
- Во градот Рено (САД), од 2009 година исто така има годишна едночасовна борба со домати и е организиран од Американското здружение за рак. Организаторите го нарекле фестивалот Ла Томатина, а целосна заслуга за идејата му даваат на шпанскиот фестивал.[9]
- Во индиската држава Карнатака, тамошната влада го забранила одржувањето на ваков настан во Бангалор и Мајсор. Сличен настан бил планиран и во Делхи, а бил откажан откако немало одзив од јавноста.[11]
Во популарната култура
уреди- Воведната сцена од филмот Треба да зборуваме за Кевин го прикажува ликот Ева која присуствува на Ла Томатина.
- Во филмот Шпанска масала има сцена во која се прикажува фестивалот Ла Томатина.
- Играта Текен 6 од 2007 година има сцена наречена „Фиеста дел Томате“, заснована на Томатина. Борците се наоѓаат во град во Шпанија каде луѓето во позадина си фрлаат домати еден на друг. Подот е покриен со домати и кога противникот ќе падне, тој испушта звук на гмечење.
- Британскиот филмски мјузикл „Walking on Sunshine“ од 2014 година прикажува борба со домати во село во Апулија.[12]
- Во епизодата „Al Rojo Vivo“ од анимираната серија Мики Маус од 2013 година, се прикажува како Мики Маус се тетерави низ Ла Томатина.[13]
Поврзано
уреди- Битка со портокали, сличен традиционален фестивал во Ивреа, Италија
- Фиеста од меѓународен туристички интерес на Шпанија
- Енсиеро
Наводи
уреди- ↑ „What is La Tomatina, how did it begin and where does it take place?“. The Independent (англиски). 2019-08-28. Посетено на 2021-08-23.
- ↑ Studio, Socarrat. „La Tomatina – Página oficial“. latomatina.info (шпански). Посетено на 2017-08-20.
- ↑ „Buñol suspende La Tomatina 2021 (Buñol suspends La Tomatina 2021)“. buol.es (шпански). Ayuntamiento de Bunyol (Bunyol Town Hall). 11 March 2021. Архивирано од изворникот на 2021-06-16. Посетено на 5 July 2021.
- ↑ Donaldson, Emma (13 July 2020). „La Tomatina Festival 2020 cancelled due to COVID-19“. idealista (англиски). Посетено на 5 July 2021.
- ↑ Mullins, Deirdre (2009-06-26). „La Tomatina“. RTÉ News. RTE.
- ↑ 6,0 6,1 Harris, Jenn (August 28, 2013). „La Tomatina festival: 20,000 people, 130 tons of tomatoes, 1 big mess“. The Los Angeles Times.
- ↑ „La Tomatina“. The Taste of Spain. Архивирано од изворникот на 2016-08-17. Посетено на August 24, 2017.
- ↑ „The Rules of Tomatina Festival“. Tomatina.
- ↑ 9,0 9,1 Galván, Javier A. (June 19, 2014). They Do What? A Cultural Encyclopedia of Extraordinary and Exotic Customs from around the World: A Cultural Encyclopedia of Extraordinary and Exotic Customs from around the World. ABC-CLIO. стр. 309–. ISBN 978-1-61069-342-4.
- ↑ 10,0 10,1 „La Tomatina Tomato Festival Inspires Tomato Battle In USA“. Odd Culture. 2011-08-10. Архивирано од изворникот на 2016-07-23. Посетено на 2016-07-28.
- ↑ „Bangalore's Tomatina festival cancelled“. NDTV 24x7. Посетено на 17 September 2011.
- ↑ On location: ‘Walking on Sunshine’, Joanne O’Connor, 27 June 2014, Financial Times
- ↑ „Al Rojo Vivo | A Mickey Mouse Cartoon | Disney Shorts“. Youtube. Посетено на 18 June 2020.
Надворешни врски
уреди- Официјална веб-страница на Ла Томатина
- Ayuntamiento de Buñol - Ла Томатина Архивирано на 26 декември 2021 г. (in Spanish)