Лапарница (или Лапарник, некаде и погрешно именувана како Орле) — пештера која се наоѓа во областа Поречје, во близина на селото Белица.

Лапарница
Лапарник
(Орле)
Поглед кон отворот на пештерата од внатрешноста
МестоБелица, Порече, Македонија Македонија
Должина107,8 м

Одлики

уреди

Должината на пештерата изнесува 88 м, a вкупната должина, заедно со сите споредни канали, достигнува 107,8 м. По целата нејзина должина и по страничните канали присутни се пештерски украси, претставени со: сталактити, сталагмити, драперии, травертински басенчиња исполнети со вода и др. Според категоризацијата на пештерите во Македонија, оваа пештера спаѓа во групата на забележителни пештери.[1]

Лилјаците од Лапарник

уреди
 
Голема колонија на лилјаци на таваница на една од салите во Лапарница

Во пештерата Лапарник лилјаците се среќаваат во текот на целата година. Пештерата е особено значајна поради присуството на голема колонија од видот јужен потковичар (Rhinolophus euriale) кои ја користат за презимување, размножување и засолниште. Исто така се среќаваат и мал потковичар (Rhinolophus hipposideros) и долгокрилест лилјак (Miniopterus schreibersii).[2]

Спелеолошки парк

уреди

До Министерството за екологија од страна на спелеолошкото друштво „Пеони“ било поднесено барање местото Белица да биде прогласено за спелеолошки парк. Барањето се однесувало на три пештери од овој реон и тоа: Голубарница, Лапарница и Момичек, кои треба да бидат заштитени со законот за природни реткости и убавини.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Колчаковски, Драган (1993). Категоризација на позначајните пештери во Република Македонија. 1 (1. изд.). Скопје: Институт за географија,ПМФ.
  2. „Лилјаците од Белица“. Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ). Архивирано од изворникот на 2011-08-31. Посетено на 2011-10-02.