Заливот Лаолао (исто така може да се сретне под името Лао Лао, Лаулау или Лау Лау; што значи тресење, вибрирање, трепет, растреперување или треперење на чаморски[1], а понекогаш нарекуван Магионичарски Залив (Magicienne Bay) ― голем залив на југоисточната страна на Сајпан во Северните Маријански Острови.

Географија

уреди

Заливот Лаолао опфаќа скоро една шестина од источниот брег на островот, од Дандан на југ до р'тот Кагман на североисток. Селото Сан Висент лежи долж средината на брегот на заливот.

„Село Лаулау Залив“ е име коешто означува место за попис (МЗП) во САД сместено долж крајбрежјето на заливот. Според пописот во 2010 година, имало 226 жители.[2][3]

Областа на Заливот Лаолао е честопати нарекувано „Лаолао“ од страна на месното население. Сепак, треба да се забележи разлкувањето помеѓу заливот Лаолао и Чалан Лаулау, второто е друго МЗП сместено по должината на брегот на западната страна на островот, во соседството познато како Олеаи (кое и самото е познато како Сан Хосе).

Наводи

уреди
  1. "laolao"
  2. Eugenio, Haidee V. (6 јануари 2012). „Census: Garapan is most populous“. Saipan Tribune. Архивирано од изворникот на 11 февруари 2012. Посетено на 23 февруари 2021.
  3. „Laulau Bay Village census map“ (PDF). U.S. 2010 census map. Посетено на 23 февруари 2021.

Надворешни врски

уреди