Ланднаамабок (Landnámabók - значејќи „Книга за доселувањето„) честопати се среќава со скратен наслов Ланднаама (Landnáma) е средновековен исландски ракопис кој детално го опишува доселувањето на Исланд од страна на нордијците во 9 и 10 век н.е.

Страна од кожниот ракопис на Landnáma при Арни Магнусон институтот во Рејкјавик, Исланд

Кратка содржина на Ланднаама

уреди

Ланднамабок започнува со првото населување на Инголфур Арнарсон (Ingólfur Arnarson) Рејкјавик и неговто полагање право врз земјата што е на север, запад, исток и југ. Понатака продолжува со опис на првите потомци на првобитните населувачи следејќи важни настани и семејни истории до 12 век. Опишани се над 3000 луѓе и 1400 населби. Ланднаамабок набројува 435 мажи како првобитни населувачи, мнозинството од нив населувјќи ги северните и југозападните делови на островот. Книгата останува извор од непроценлива вредност како за историјата така и за генеалогијата на исландските луѓе.

Зачувани верзии

уреди

Постојат три зачувани средновековни верзии на Ланднаамабок.

  • Sturlubók од Стурла Тхордарсон (Sturla Þórðarson)
  • Hauksbók од Хаукур Ерлендсон (Haukr Erlendsson), заснована на Sturlubók и изгубената верзија од Стирмир Каарасон (Styrmir Kárason)
  • Melabók

Надворешни врски

уреди