Лампос или Ламп (старогрчки: Λάμπος) = „факел“) — лик од старогрчката митологија, син на Лаомедонт, градителот на славниот тројански ѕид кој, западнати во немилост на Зевс како учесници во бунтот против него, го подигнале боговите Аполон и Посејдон, кои работеле како надничари. Кога требало да ги плати, Леомедонт ги измамил и така го предизвикал нивниот гнев. Поради тоа, него и сите негови синови (освен Пријам) ги уништил Херкул, кога ја разурнал Троја. Пријам, кому Херкул му го доделил тројанскиот престол, сметал дека причина за несреќите кои ја снашле Троја било лошото место на кое бил подигнат градот, а не гневот на боговите. Затоа, тој го испратил својот брат Лампо да ја праша свештеничката Питија дали сè уште лежи клетвата на ридот Ати. Меѓутоа, Лампо се вљубил во свештеникот Пантој, кој бил толку убав, што Лампо заборавил зошто дошол во Делфи, па го зел со себе во Троја. Иако лут, Пријам му простил на Лампо, а Пантој го поставил за свештеник во храмот на Аполон.[1]

Наводи

уреди
  1. „Registar imena i reči s objašnjenjima“ во: Krista Volf, Kasandra. Sarajevo: Svjetlost, 1987, стр. 167-168.