Лампанг (покраина)

Лампанг (тајландски: ลำปาง, изговор [lām.pāːŋ]; севернотајландски: ) ― една од 76-те покраини (чангват/чангуат) во Тајланд, која лежи во горен северен Тајланд. Старото име на Лампанг било Келанг Након.

Лампанг
ลำปาง
Покраина
Ват/Уат Пра Тат Лампанг Луанг
Ват/Уат Пра Тат Лампанг Луанг
Амблем на Лампанг
Амблем
Прекар(и): Келанг Након
Кукута Након
(Град на белиот петел)
Муеанг Рот Ма
(Град на коњските коли)
Карта на Тајланд истакнувајќи ја покраината Лампанг
Карта на Тајланд истакнувајќи ја покраината Лампанг
ДржаваТајланд
Главен градНакон Лампанг
Управа
 • ГувернерСитичај Џиндалуанг
(од октомври 2021)
Површина[1]
 • Вкупна12,488 км2 (4,822 ми2)
Ранг9. по ранг
Население (2019)[2]
 • Вкупно738,316
 • Ранг33. по ранг
 • Густина59/км2 (150/ми2)
 • Ранг70. по ранг
Индекс на човековото постигнување[3]
 • ИЧП (2017)0.6450  висок
9. по ранг
Час. појасИКВ (UTC+7)
Поштенски број52xxx
Повикувачки број054
ISO 3166TH-52
Рег. таб.ลำปาง
Мреж. местоlampang.go.th

Географија

уреди

Лампанг е во широката долина на реката Ванг, опкружена со планини. Во округот Ме Мо, лигнит се наоѓа и се минира во отворени јами. На север од покраината се наоѓа 1,697 м високиот Дој Луанг.

Во рамките на покраината се националните паркови Чае Сон и Дој Кун Тан во опсегот Хун Тан, како и Там Фа Тај, Националниот парк Дои Луанг и биосферниот резерват Хуај Так Теак во масивот Пи Пан Нам.[4] Вкупната површина на шумата е 8,747 км2 или 70 проценти од покраинската површина.

Историја

уреди

Почнувајќи од 7 век, Лампанг бил дел од монското Кралство Харипунчај во дваратскиот период. Во 11 век, Кмерската Империја ја зафатила областа Лампанг, но кралот Менграј на Лана го вклучил целосното Кралство Харипунчај во своето кралство во 1292 година. Лампанг или Након Лампанг или Лакон, било под бурманска власт по падот на Кралството Лана од 16 век до 18 век. За време на востанието против бурманското владеење на новите кралеви на Сијам кон крајот на 18 век, месен лампашки водач станал сојузник на Сијам. По победата, водачот, Кавила, бил именуван за владетел на Чијанг Мај, поранешното средиште на Лана, додека неговиот роднина владеел со Лампанг. Градот продолжува да биде еден од важните економски и политички средишта на север. Лампанг станал покраина на Тајланд во 1892.[5]

Здравство

уреди

Главната болница во Лампанг е Болницата Лампанг, управувана од Министерството за јавно здравство.

Туризам

уреди

Покраината Лампанг не ја посетуваат многу туристи, само околу 900.000 годишно, повеќето од нив минуваат низ. Во почетокот на 2019 година, гувернерот на покраината вовел програма наречена „Лампанг: Одредиште на соништата“ за да го зголеми бројот на посетители на два милиони во рок од две години.[6]

Административни единици

уреди
 
Карта на 13те окрузи.

Покраинска власт

уреди

Покраината е поделена на 13 окрузи (ампои). Овие се дополнително поделени на 100 под-окрузи (тамбони) и 855 села (мубани).

  1. Муеанг Лампанг
  2. Ме Мо
  3. Ко Ка
  4. Соем Нгам
  5. Нгао
  6. Че Хом
  7. Ванг/Уанг Нуеа
  1. Тоен
  2. Ме Прик
  3. Ме Та
  4. Соп Прап
  5. Ханг Чат
  6. Муеанг Пан

Наводи

уреди
  1. „ตารางที่ 2 พี้นที่ป่าไม้ แยกรายจังหวัด พ.ศ.2562“ [Table 2 Forest area Separate province year 2019]. Royal Forest Department (тајландски). 2019. Посетено на 8 октомври 2021, information, Forest statistics Year 2019, Thailand boundary from Department of Provincial Administration in 2013
  2. รายงานสถิติจำนวนประชากรและบ้านประจำปี พ.ส.2562 [Statistics, population and house statistics for the year 2019]. Registration Office Department of the Interior, Ministry of the Interior. stat.bora.dopa.go.th (тајландски). 31 декември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-14. Посетено на 8 октомври 2021.
  3. Human achievement index 2017 by National Economic and Social Development Board (NESDB), pages 1-40, maps 1-9, посетено на 8 октомври 2021, ISBN 978-974-9769-33-1
  4. UNESCO - MAB Biosphere Reserves Directory - Huai Tak Teak Biosphere Reserve
  5. Burmese-influenced Architecture in lampang
  6. Svasti, Pichaya (2019-01-24). „Northern Star Rising“. Bangkok Post. Посетено на 7 октомври 2021.

Надворешни врски

уреди