Лазар Четвородневниот
Лазар Четвородневниот (Лазар на хебрејски: אֶלְעָזָר, Elʿāzār, Елеазар — буквално: „Бог ми помага“) или Лазар од Витанија — личност од Новиот завет. Лазар е роден во 3 година во Витанија. Според Евангелието по Јован, тој бил брат на Марта и Марија. Исус го воскреснал четири дена по неговата смрт (Јован 11:1–45). По Воскресението Христово, Лазар бил принуден поради прогонство да ја напушти Јудеја и да се пресели на островот Кипар во 37–38 година (на 35-годишна возраст), каде што наскоро апостолите Павле и Варнава во 45 година го поставиле за прв епископ на Китион (г. Ларнака). Бил епископ во Кипар 18 години. По воскресението живеел триесет години и умрел во Кипар во 63 година.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Свети Лазар Четвородневниот“. denovi.mk. Посетено на 2023-08-02.
Надворешни врски
уреди„Лазар Четвородневниот“ на Ризницата ? |