Лазар Татиќ (роден на 1 април 1994 година) — српски фудбалер, кој настапува на позицијата голман.[1] Моментално тој ги брани боите на ФК Будуќност од Добановци.

Клупска кариера уреди

Слога од Краљево уреди

Со потекло од Трстеник,[2] Лазар Татиќ е роден во Краљево. Својата фудбалска кариера ја започнал во локалниот клуб Слога од Краљево.[3] Откако си заминал претходниот голман, Татиќ му се приклучил на првиот тим за младинската екипа во втората половина на сезоната 2011–12. Откако голманот Александар Божовиќ се повредил, а Михајло Пантовиќ на извесен период си заминал од клубот, Татиќ неколку пати бил во протоколот и тоа како резервен голман на првиот избор. На почетокот на новата сезона, Александар Божовиќ постепено се опоравувал од повредата и се вратил на голот по само 7 натпревари од почетокот на сезоната. Немања Настиќ го напуштил клубот за време на зимската пауза, а екипата на Слога потпишала со поискусниот голман Бојан Шејиќ, па Лазар Татиќ останал како трет избор. Тој бил во младинскиот тим до крајот на сезоната 2012-13 заедно со Владан Грбовиќ, кој бил две години помлад натпреварувач. Напуштајќи ја младинската екипа, Лазар Татиќ станал конкурент на двајца постари колеги, на Божовиќ и на Шејиќ. Во првата половина од сезоната 2013–14 тој настапувал само на пријателски натпревари, па раководството на клубот и тренерот Вељко Доведан решиле да го испратат како позајмен играч во некој од клубовите за да стекне повеќе искуство. Во зимската пауза, надвор од сезоната, како млад голман, Татиќ се преселил во екипата на БАСК, и тоа како позајмен играч.[4] Играјќи за составот на БАСК, Татиќ настапил на 4 натпревари во српската лига на Белград.[3] За сезоната 2014–15, екипата на Слога решила да им даде шанса на играчите кои пораснале во младинската академија, а Лазар Татиќ се вратил од тимот во кој бил даден како позајмен играч. Најдолг период минал како резерва на капитенот Александар Божовиќ. Во меѓувреме одиграл 2 првенствени натпревари, едниот против екипата на Радник од Сурдулица, а другиот против составот на Инѓија и 1 куп натпревар против тимот на Вождовац. Во пролетната половина од сезоната 2014–15, Лазар Татиќ настапувал во екипата на Колубара. Во новиот клуб бил трет избор на голманската позиција, по Урош Матиќ и Ненад Ранковиќ. За екипата настапил на последниот натпревар од лигашкиот дел против составот на Инѓија.

Јагодина уреди

Лазар Татиќ во летото 2015 година ѝ се приклучил на екипата на Јагодина. Ја започнал сезоната 2015–16 како резервна опција за првиот голман Ѓорѓе Николиќ. Својот прв натпревар во Суперлигата, го имал на 23 септември 2015 година, на натпреварот против составот на Војводина.[5] На наредните два натпревари бил поставен на голот како прва опција. Во првата половина од сезоната 2015–16, Татиќ најчесто ги добивал можностите за да настапи во првиот тим, на куп натпреварите. Подоцна, во 21 коло истата сезона, првиот голман на екипата, Николиќ, се повредил во натпревар од српската Суперлига, против екипата на Војводина. Така Лазар Татиќ станал прва опција за голманската позиција до крајот на сезоната.[6] По крајот на сезоната, кога екипата на Јагодина испаднала од српската прва лига, Татиќ одлучил да го напушти клубот.[7]

Радник од Сурдулица уреди

Откако поминал одреден период, за време на претсезонските тренинзи со клубот, Лазар Татиќ и официјално му се приклучил на составот на Радник од Сурдулица. Тоа се случило во последните денови од преодниот рок за 2016 година. Во тој период за екипата на Радник,[8] потпис ставиле неколку играчи и тоа на договор со траење од една година.[9] По еден месец поминат во екипата на Радник од Сурдулица без официјални одиграни натпревари, тој го напуштил клубот и се преселил на пробен период во екипата на Црвена ѕвезда од Белград.[2]

Напредак од Крушевац уреди

На почетокот на 2017 година, Лазар Татиќ му се придружил на составот на Напредак од Крушевац,[10] потпишувајќи договор со важност од три години и половина.[11] Му припаднал дресот со број 33.[12] На почетокот на наредната сезона, во летото 2017 година, Лазар Татиќ го преземал дресот со број 94. Тој дрес го носел во сезоната 2017-18.[13] Во средината на сезоната, двете страни, клубот на Напредак и голманот Татиќ се договориле да го раскинат договорот. Лазар Татиќ го напуштил клубот како слободен играч, без ниту еден официјален одигран натпревар.[14]

ОФК Бачка од Бачка Паланка уреди

На 11 јуни 2018 година, Лазар Татиќ потпишал едноиполгодишен договор со екипата на ОФК Бачка од Бачка Паланка.[15] Тој ја започнал претсезоната 2018-19 со новиот клубот, во српската Суперлига како еден од тројцата конкуренти за голманската позиција, заедно со Растко Шуљагиќ и Кристијан Жупиќ.[16]

Статистика во кариерата уреди

Клупска статистика уреди

Обновено на 9 јануари 2018[17]
Одиграни натпревари и постигнати голови со различни клубови и во различни сезони
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Други натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Слога од Краљево 2011–12 Прва лига 0 0 0 0
2012–13 0 0 0 0 0 0
2013–14 0 0 0 0 0 0
2014–15 2 0 1 0 3 0
Total 2 0 1 0 3 0
БАСК (како позајмен играч) 2013–14[3] Лига на град Белград 4 0 4 0
Колубара(како позајмен играч) 2014–15[3] Прва лига 1 0 1 0
Јагодина 2015–16 Суперлига 19 0 3 0 22 0
Радник од Сурдулица 2016–17 0 0 0 0 0 0
Напредак од Крушевац 2016–17[12] 0 0 0 0
2017–18[13] 0 0 0 0 0 0
Вкупно 0 0 0 0 0 0
Вкупно во кариера 26 0 4 0 30 0

Наводи уреди

  1. „Lazar Tatic Highlights“. Serbian SuperLiga official website (Serbian). 29 June 2017. Посетено на 9 January 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. 2,0 2,1 Ново лице на тренингу Звезде: Татић на проби!. Sportski žurnal (Serbian). 12 October 2016. Посетено на 12 October 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 „Tatic, Lazar“. srbijafudbal.com (Serbian). Посетено на 1 June 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  4. „Veliki promet u Industrijskoj ulici“. srbijasport.net (Serbian). 19 February 2014. Посетено на 5 October 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. „6.Kolo: Jagodina - Vojvodina“. Serbian SuperLiga official website (Serbian). 23 September 2015. Посетено на 5 October 2015.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „FK Jagodina se ponosi svojim golmanima“. FK Jagodina official website (Serbian). 3 February 2016. Посетено на 30 January 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  7. Јагодина после испадања у Прву лигу постала клуб за избегавање!. Sportski žurnal (Serbian). 2 June 2016. Посетено на 11 June 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  8. „Sedam pojačanja u finišu prelaznog roka!“. FK Radnik Surdulica official website (Serbian). 1 September 2016. Посетено на 12 October 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  9. "FUDBAL" 36/16 - page 3046“ (PDF). Football Association of Serbia (Serbian). 7 September 2016. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-01-28. Посетено на 12 October 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  10. „ZAVRŠEN TRANSFER: Još jedno veliko pojačanje stiglo u Napredak!“. butasport.rs (Serbian). 25 January 2017. Архивирано од изворникот на 2017-02-02. Посетено на 30 January 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  11. "FUDBAL" 6/17 - page 157“ (PDF). Football Association of Serbia (Serbian). 8 February 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 February 2017. Посетено на 1 June 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  12. 12,0 12,1 „Tatic, Lazar 2016–17 season“. Serbian SuperLiga official website (Serbian). Посетено на 10 March 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  13. 13,0 13,1 „Tatic, Lazar 2017–18 season“. Serbian SuperLiga official website (Serbian). Посетено на 6 August 2017.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  14. Напредак раскинуо уговор са Татићем. Sportski žurnal (Serbian). 8 January 2018. Посетено на 9 January 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  15. „Lazar Tatić nova pridošlica na "Vavi". OFK Bačka Bačka Palanka official website (Serbian). 11 June 2018. Архивирано од изворникот на 2019-08-12. Посетено на 12 June 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  16. „TATIĆ: Došao sam u klub velikog potencijala!“. OFK Bačka Bačka Palanka official website (Serbian). 26 June 2018. Архивирано од изворникот на 2019-04-13. Посетено на 2 July 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  17. Лазар Татиќ на soccerway

Надворешни врски уреди