Лазарова сабота

(Пренасочено од Лазарица)

Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е подвижен празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота обичај е да се носат гранчиња од врба што симболично претставува свечено Христово влегување во Ерусалим, каде што го пречекале следбениците. Во Македонија овој празник има големо значење и масовно се прославува низ целата земја. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ населените места и пеат лазарски песни. Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот, семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната. Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје, успех и напредок.[1]

Лазарова сабота
Лазарова сабота
Лазарево Воскресение. Фреска во црквата „Св. Петка“ во Црниче, Скопје
Наречен иЛазарева сабота
Лазарици
Лазаровден
Го празнува(ат)Христијанските и нехристијански земји
Видхристијански
ЗначењеВескресението на Свети Лазар
Датумден пред Цветници, 8 дена пред Велигден
Обичаиподарување, обредно пеење, украсување
ПоврзаноЦветници, Велигден

Житие

уреди

Исус веќе четврта година го проповедал своето учење, а бидејќи за Пасха мноштво народ доаѓал во Ерусалим за да го прослави празникот и Исус по четврти пат доаѓал како учител. Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил тамо но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта уште му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“. Легендата вели дека Бог сакал Лазар да умре за врз него да се манифестира силата Божја. Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор“. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. И пак се упатил кон Ерусалим.

Славење во Македонија

уреди
 
Лазарки во Бугарија. Лазарување има не само во Македонија, туку и во Србија и Бугарија

Во Македонија со Лазаревата сабота се поврзани повеќе обичаи и песни познати како лазарски. Ги изведуваат девојки во групи одејќи по куќите и низ населените места и пресретнувајќи ги луѓето. Лазарките му пеат посебна песна на секој човек зависно од неговата возраст и општествената положба и за тоа добиваат дарови, најчесто пари. Во овие песни се велича личноста, се посакуват напредок на семејството здравје и среќен живот на поединецот. Овој обичај се нарекува Лазарување.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди