Лажниот цар Шќепан Мали

„Лажниот цар Шќепан Мали“ (српски: Лажни цар Шћепан Мали) — стихувана драма во пет чина на црногорскиот поет Петар Петровиќ Његош од 1851 година.

Осврт кон делото

уреди

Последното дело на Његош далеку заостанува зад квалитетот и ја нема силата, длабочината и животноста на неговата најпозната творба, „Горски венец“. Исто така, и темата во ова дело го нема она значење што го има главниот настан во „Горски венец“. Затоа, „Шќепан Мали“ не ги содржи и другите силни моменти и големи мисли што го красат „Горкси венец“. По надворешната, формална страна, ова „историско збитие“ има повеќе драмски изглед отколку „Горски венец“, зашто делото е поделено на пет чина. И во однос на другите драмски елементи се забележува поголема усилба настаните и ликовите да се поврзат во драмска акција, да се изведе одреден драмски судир, појасно да се истакнат некои ликови итн. Сепак, во најголема мера, тоа е само обид, далеку од вистинско драмско студирање, а ликовите покажуваат повеќе општи особини отколку свои, лични карактерни одлики. Оттука, делото повеќе остава впечаток со своите епски и лирски елементи, отколку со драмските особини. Исто така, во него има и слики од црногорската стварност, од народниот живот, како и доста тогашни актуелни моменти. Покрај другото, во делото Његош ја искажува својата идеја дека на Црна Гора ѝ е потребен световен, а не верски владетел: „Зашто среќа во тој народ нема / што го раководи капа црна.“ Најпосле, како и во другите негови дела, и овде Његош ги искажува мислите за народното единство и го осудува предавството, а ги слави црногорската чест, јунаштво и борбеност.[1]

Наводи

уреди
  1. Димче Левков, „Петар Петровиќ Његош (1813 — 1851)“, во: Петар Петровиќ Његош, Горски венец. Мисла, Култура и Македонска книга, Скопје, 1988, стр. 147-149.