Ладо Чкалоски
Ладо Андонов Чкалоски (3 април 1926 во Пуста Река, крушевско — 2 август 1944 во Кичево) — македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиЛадо Андонов Чкалоски е роден на 3 април 1926 година во селото Пуста Река. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ се приклучил како малолетник. Во партизанските редови на Југославија се приклучил уште во 1942 година. Бил борец во Првата македонско-косовска бригада. Загинал на 2 август 1944 година во борбата за Кичево.[1]