Лаги, секс, дрога
Лаги, секс, дрога е шпански филм на режисерите Алфонсо Албасете и Давид Менкес, премиерно прикажан во Шпанија на 27 март 2009 година. Интересен Факт е тоа што во филмот играат голем број на млади глумци, како Марио Касас, Ана де Армас, Јон Гонсалес, Ана Марија Полвороса, Уго Силва, Макси Иглезиас, Алехо Саурас и др. Друг интересен факт е тоа што еден од сценаристите, Анхелес Гонсалес-Синде, родена во Мадрид, е министер за култура на Шпанија.
Филмот е сниман во градот Сиудад де ла Луз (Аликанте), а сцените на отворено и на плажа се снимани во Гуардамар дел Сагура. Песната La Verdad е на шпанскиот двобој Фангорија.
Содржина
уредиВо филмот се раскажува за личните и нежни односи на група млади, проголтани од атмосферата на дискотеки и дрога, чии живот е крстопат во збунета мешавина од секс, алкохол и ноќни забави. Тие не се свесни за последиците од ослободувањето на сопирачките и дека откако тоа еднаш ќе започне, нема враќање назад, и откриваат дека љубовта може да значи и страдање. Тоа е една заедничка историја, прераскажана од устите на група млади луѓе, кои ја исполнуваат адолесценцијата со епизоди на љубов, сцени на страст, отворен секс и соодветните илузии. Сите живеат донекаде во серија лаги, во промена на реалноста со кокаин, секс и таблети.
Заработка
уредиФилмот дебитира како број 1 во Шпанија откако обезбедува 1,79 милиони евра приходи и привлекува околу 300 000 гледачи. Со овој резултат го надминува трипати филмот Гран Торино на Клинт Иствуд. За 2 недели останува под број 1 на приходи, надминува 3 милиони евра приходи и е гледан од речиси половина милион луѓе. Исто така, во деби викенд "Лаги, секс, дрога" успева да влезе во Топ 20 на филмовите со најголеми приходи надвор од САД, со тоа што е поставен на 16-то место.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 20 февруари 2009 г.
- [1]
- "Mentiras y gordas" на страницата DeCine21.com