Лав (кована пара од 2014 година)


Лавкована пара за колекционерски цели на Народната банка на Република Македонија, дел од серијата за ковани пари „Хороскопски знаци“. Нејзината номинална вредност е 10 денари, а цената 2.700 денари. Одлуката за издавање на парата била донесена на третата седница на Советот на Народната банка на Република Македонија одржана на 27 март 2014 година, а истата била промовирана на 1 август истата година.[1][2]

Лав
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро (Ag) 925
Тежина 21,00 г
Димензии 35 x 45 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2014
Цена 2.700 денари

Опис

уреди

Лице

уреди

Во средината на лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Од околу е прикажан Грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2014“ и ознаката „Ag925“.

Опачина

уреди

На опачината од парата е прикажан профил на глава на [[лав и соѕвездие кое му одговара на хороскопскиот знак Лав, насликано на вметнато кобалтно стакленце и опкружено со украс, сребрена круна со симболот на хороскопскиот знак „Лав“ во злато и името хороскопскиот знак на латински јазикLeo“.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Соопштение на НБРМ“. 27 март 2014. Посетено на 8 јануари 2018.
  2. „НБРМ ги промовираше кованите пари за колекционерски цели“. 1 август 2014. Посетено на 8 јануари 2018.

Надворешни врски

уреди