Куќа градел Илија
„Куќа градел Илија“ — македонска народна песна, напишана од Наско Џорлев, пеат дует Петранка Костадинова и Никола Крмзов во 1969 година, првите примероци и тираж се создадени на сингл плоча, потоа изменет е насловот и текстот ,,Градел Илија манастир”и препеана од Мирко Митревски
„Куќа градел Илија“ | |
---|---|
Песна од Петранка Костадинова Никола Крмзов Мирко Митревски Сузана Спасовска Гарабет Тавитјан, Гарабет Тавитјан (син), Диран Тавитјан и Сергеј Ќетковиќ Адријана Алачки | |
Јазик | македонски |
Напишана | Наско Џорлев |
Објавена | 1969 |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 3:40 |
Композитор(и) | Наско Џорлев, со разни современи аранжмани |
Оргинал текст
уредиКуќа изградил Илија,
Куќа изградил Илија, оф аман, амам,
Убава куќа богата.
Оздола иде Илина,
Оздола иде Илина, оф аман, аман,
И на Илија зборува:
Земиме либе Илија,
Земиме либе Илија, оф аман, аман,
Во твојта куќа богата.
Не можам либе Илино,
Не можам либе Илино, оф аман, аман,
Што ти се руси косите.
Што ти се руси косите
Што ти се руси косите, оф аман, аман,
И ти итат очите.
Косите ќе си поцрнам,
Косите ќе си поцрнам, оф аман, аман,
Очите ќе си ги смирам.
Очите ќе си ги смирам,
Очите ќе си ги смирам, оф аман, аман,
И пак при тебе ќе дојдам.
И пак при тебе ќе дојдам,
И пак при тебе ќе дојдам, оф аман, аман,
И твоја јас ќе ти бидам.
Изменет текст
уреди- Градел Илија манастир,
- Градел Илија манастир, оф аман, аман,
- На врв на Пирин Планина.
- Оздола иде Илина,
- Оздола иде Илина, оф аман, аман,
- И на Илија говори:
- „Земи ме батко Илија,“
- „Не можам сестро Илино,
- Што ти се руси косите, оф аман, аман,
- И ти играат очите.“
- „Косите ќе ги исечам
- Очите ќе си ги скротам
- Косите ќе ги исечам, оф аман, аман,
- Очите ќе си ги скротам.“
Надворешни врски
уреди- Текст и музика на pesna.org Архивирано на 18 октомври 2020 г.
- Градел Илија манастир во изведба Мирко Митревски на Јутјуб
- Градел Илија манастир во изведба Гарабет Тавитјан, Гарабет Тавитјан (син), Диран Тавитјан и Сергеј Ќетковиќ на Јутјуб