Куќа на Мери В. Адамс

(Пренасочено од Куќата на Мери В. Адамс)

Куќата на Мери В. Адамс (1905) е куќа дизајнирана од Френк Лојд Рајт во Хајленд Парк, Илиноис. Куќата е двокатна, со три спални соби и две бањи, со надворешност од светла фасада и со дрвени облоги кои го нагласуваат хоризонталниот дел.

Куќата на Мери В. Адамс

Службата за национални паркови ја препознала куќата и ја вметнала во списокот на Националниот регистар на историски места,на 29 септември 1982 година, како дел од повеќекратната област на Хајленд Парк.

Комисијата за историско зачувување на Хајленд Парк[1] ја класифицирала куќата како локално обележје, во 2011 година. Сегашните сопственици ја добиле Наградата за историско зачувување на Хајленд Парк во 2012, за реставрација.

Историја

уреди

Вдовицата Мери В. Адамс, која била наставничка, предавајќи во областа на „Христијанска наука“, го ангажирала архитектот Френк Лојд Рајт да ѝ дизајнира куќа во 1905 година. Адамс имала 70 години, и таа била најстариот клиент на Рајт.[2] Учениците кои го учеле движењето „Христијанска наука“ сакале да се истакнат себеси како иновативни. Затоа, госпоѓата Адамс го избрала креативниот архитект, 38-годишниот Рајт.

Првичниот план на Рајт, вклучувал тремови со екстремен дизајн, но Адамс го отфрлила предлогот бидејќи бил премногу скап. Адамс ја одобрила втората скица, во која Рајт го отстранил јужниот трем, и ја направил трпезаријата со отворен поглед.

Уникатна одлика на оваа куќа се нејзините дијагонални аголни „потпори“ кои не се конструктивни, но служат за драматично да го нагласат продолжувањето на покривот. Надворешноста е изградена од фасада (штуко) која има облога направена од дрвото чемпрес, а во внатрешноста, дрвото е јужен жолт бор, комбиниран со подови од бел даб. Оригиналниот камин од римски тули бил обновен.

Рајт дизајнирал место за чување на куќата, кое исто така е реставрирано. Во куќата има и соби за слугинка и слуга. Дизајнирана е со систем за повици, така што Адамс можела да побара помош од каде било во куќата, дури и од тремот.

Куќата се наоѓа на аголна парцела, четири куќи оддалечена од езерото Мичиген. Куќата има сличности со дизајнот на Рајт за огноотпорна куќа, која вредела 5000 долари.

Адамс живеела во куќата само три години пред нејзината смрт и таа е е погребана со нејзиниот сопруг во Лоуел, Масачусетс.

Куќата била наведена како кратка продажба во 2000-тите и нејзината судбина била неизвесна. Имало потреба од обемна реставраторска работа. Новите сопственици го купиле домот во декември 2010 година и започнале 18-месечна реставрација користејќи ги оригиналните планови на Френк Лојд Рајт.

Наводи

уреди
  1. „City of Highland Park,IL“.
  2. „Mary Adams“. Eiflerassociates.com. Архивирано од изворникот на 2021-10-24. Посетено на 2022-05-10.