Кулата на Хелдерлин
Кулата на Хелдерлин во Тибинген кон крајот на 19 век го добила името според поетот Фридрих Холдерлин, кој живеел таму од 3 мај 1807 до својата смрт во 1843 година. Зградата е еден од најпознатите споменици во Тибинген.
Историја
уредиИсторијата на кулата може да се следи до 13 век. Основата на кулата била дел од средновековниот градски ѕид долж северниот брег на Некар . Постоењето на куќа што непосредно се граничи со основата на кулата е забележано од почетокот на 17 век.
Во 1807 година, зградата била купена од мајсторот столар Ернст Фридрих Цимер. Истата година тој го примил кај себе Хелдерлин, кој бил отпуштен од клиниката Аутенрит како неизлечливо болен пациент. Цимер се восхитувал на Хиперион му се восхитувал. Поететот 36 години живеел во скромно опремена соба на првиот кат на кулата.
Во текот на својот престој во кулата Хелдерлин продолжил да пишува, најмногу под псевдонимот Скарданели, а примал и посетители, како што се поетите и тогашните студенти во Тибинген Вилхелм Вајблингер и Едуард Мерике. Херман Хесе во својот расказ Во куќата во градината во Пресел од 1914 година ја опишува нивната посета на болниот Хелдерлин во кулата.
Цимер повеќепати дал да се прошири двокатната зграда до 1828 година.Починал во 1838 година, а оттогаш неговата ќерка Шарлота се грижела за болниот Хелдерлин. Во 1874 година, мајсторот чевлар Карл Фридрих Еберхарт ја купил куќата, дал да се прошири и поставил бања. На 14 декември наредната година, кулата изгорела до приземјето. Наскоро, на ѕидовите на темелите била изградена нова кружна кула со позашилен покрив и поголема куќа залепена до неа. Во плановите за градба се среќава името „Кулата на Хелдерлин“.
Градот Тибинген ја добил куќата во 1921 година со поддршка на „Здружението за конзервација и купување на Кулата на Хелдерлин“. Во 1984 година во текот на реновирањето внатрешноста на куќата станала послична со поделбата на собите од времето на Хелдерлин. Од август 2017 година зградата одново и темелно се реновира.
Во кулата и во куќата залепена до неа се наоѓа музејот на Хелдерлин со постојана изложба, посебни изложби и библиотека. Музејот ќе добие сосема нова концепција до крајот на 2019 година. Со кулата управува градот Тибинген во тесна соработка со Друштвото на Хелдерлин, кое е основано во 1943 година со седиште во куќата.