Ксенофонт и Марија
Ксенофонт и Марија се христијански светци.
Ксенофонт и Марија | |
---|---|
Роден(а) | 5 век, |
Починал(а) | 5 век |
Почитуван(а) во | православие Римокатоличка црква |
Слава | 26 јануари |
По потекло биле од Цариград и живееле богоугоден живот и целото внимание го посветиле на христијанското воспитување на своите синови. Според христијанското верување, кога синовите им пораснале, ги испратиле на учење во Вирит (Бејрут), но се случило бура да го потопи бродот. Јован и Аркадиј биле спасени и од брановите биле исфрлени на брегот, но на две различни места, така што секој мислел дека другиот се удавил. Од тага еден за друг тие двајцата се замонашиле во два различни манастири. По две години, нивните нажалени родители дошле во Ерусалим на поклонение на светињите. Таму, со помош на видовитоста на еден духовник најнапред, се состанале браќата, а потоа и родителите со своите деца. Од благодарност кон Бога, Ксенофонт и Марија го раздале сиот свој имот на сиромасите и тие двајцата се замонашиле. Живееле во 5 век[1].
Православната црква неговиот ден го чествува на 26 јануари.
Наводи
уреди- ↑ „Охридски пролог“ стр. 36