Кригерово–Нелсонова награда
Кригерово-Нелсоновата Награда ја доделува Канадското математичко друштво како признание за извонредна жена во математиката. Првпат била доделена во 1995 година. Наградата е именувана по Сесилија Кригер и Евелин Нелсон, двете познати по својот придонес во математиката во Канада.[1][2]
Приматели
уредиНаградата најчесто е доделувана на женски математичари кои работат на Канадскиот универзитет, таа исто така е доделувана на жени кои се родиле и образувале во Канада но работат надвор од земјата. На пример, Кетлин Моравец, претходна претседателка на Американското математичко друштво и член на факултет на Институтот за математички науки Курант (одделение на Њујоршкиот универзитет) била наградена со Кригерово-Нелсоновата награда во 1997 година. (Моравец се школувала на Универзитетот во Торонто во Торонто, Канада). Според повикот за пријавување, добитникот на наградата треба да биде „член на канадската математичка заедница“.[3]
Добитникот на Кригерово-Нелсоновата награда им одржува предавање на Канадското математичко друштво, обично за време на нивниот летен состанок.[3]
- 1995 Ненси Рид
- 1996 Олга Харлампович
- 1997 Кетлин Синг Моравец
- 1998 Кетрин Сулем
- 1999 Никол Томчак-Јегерман
- 2000 Канта Гупта
- 2001 Лиса Џефри
- 2002 Синди Гринвуд
- 2003 Лија Кешет
- 2004 недоделена
- 2005 Барбара Кифиц
- 2006 Пени Хаксел
- 2007 Полин ван ден Дрисе
- 2008 Изабела Лаба
- 2009 Јале Каршон
- 2010 Лија Бронсард
- 2011 Рејчел Куске
- 2012 Ајлана Фрејзер
- 2013 Чантал Дејвид
- 2014 Гејл Волкович
- 2015 Џејн Је
- 2016 Малабика Праманик
- 2017 Стефани ван Вилигенбург
- 2018 Мегуми Харада
- 2019 Џулија Гордон
- 2020 Суџата Рамдораи
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Krieger–Nelson Prize, Канадско математичко друштво.
- ↑ „The Krieger–Nelson Prize of the Canadian Mathematical Society“, MacTutor History of Mathematics Archive, University of St Andrews, Посетено на 2 декември 2020
- ↑ 3,0 3,1 Call for Applications Krieger–Nelson Prize Lectureship, Канадско математичко друштво.
Надворешни врски
уреди- Награда Кригер – Нелсон, Канадско математичко друштво .