Кречетало
музички инструмент
Кречетало[1] или чкртало – детски идиофоничен удирачки дрвен инструмент. Го прават самите деца напролет од врбово дрво. Има четири главни делови – четириаголна рамка, јазиче, запченик и рачка со оска што го врти запченикот. При вртење на запченикот со рачката, јазичето удира од еден во друг забец на запченикот и така се произведува брзо чкртање со остар звук. Децата се забавуваат натпреварувајќи се преку создавање најсилен звук.[2]
ГалеријаУреди
Кречетало користено за тревога од отровен гас во Втората светска војна
Во некои европски земји, кречетала биле користени наместо камбани за време на Пасхалното тридневиe, трите дена пред Велигден
НаводиУреди
- ↑ „кречетало“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 758. ISBN 978-608-203-023-4.