Кремпау
река во Германија
Кремпау (германски: Krempau; понекогаш Кремпер Ау) — јужна (лева) притока на реката Штер, во округот Штајнбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Кремпау во општината Зидерау | |
Место | Шлезвиг-Холштајн, Германија |
---|---|
Должина | 20 км |
Извор | јужно од Бранде-Хернеркирхен |
Утока | во Штер 53°30′29″N 9°16′08″E / 53.508° СГШ; 9.269° ИГД |
Слив | Елба |
Одлив | Штер → Северно Море |
Кремпау е последната притока на Штер пред нејзиното влевање во Елба. Долга е околу 20 километри, вклучувајќи го подземниот дел 25 километри и тече јужно од Бранде-Хернеркирхен во округот Пинеберг.[1] Од таму тече кон запад, поминувајќи помеѓу Хоенфелд и Штајнбург, продолжувајќи кон југ, а подоцна кон југозапад низ Зидерауердорф, Аудорф и Зидерау. Од Зидерау тече кон северозапад кон Кремпе, каде прави свртување и повторно тече кон југозапад низ Кремпдорф и Борсфлетербител, каде прави свртување кон север, поминувајќи низ Борсфлет, каде се влева и во Штер.
Галерија
уреди-
Брана на Кремпау
-
По браната
-
Кремпау во Кремпе
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2008-06-11. Посетено на 2014-12-21.
Надворешни врски
уреди- Кремпау на Ризницата ?
- Информации за Кремпау[мртва врска] (PDF; 484 kB)