Крвно сродство
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Крвното сродство се заснива на природната врска меѓу две или повеќе лица кои потекнуават едно од друго или од заеднички предок. Во зависност од тоа по кој од предците се смета, ова сродство се дели на патрилинеарно сродство или сродство по таткова линија, матрилинеарно сродство или сродство по мајчина линија и билинеарно сродство или сродство по таткова и мајчина линија. Во зависност од линијата на сродничките врски ова сродство може да биде сродство по права или вертикална линија линија (linea recta) и сродство по бочна или хоризонтална линија (linea colateralis). Сродници по права линиа се лицата кои потекнуват од еден предок по права линија и тоа: родителите, децата, внуците, правнуците итн. Сродниците по бочна линиа потекнуваат од едно лице по бочна линија. Тоа се браќата односно сестрите, братучедите итн.
Во зависност од тоа дали крвносродничките врски кај сродството по права линија се директни или индиректни (преку некој друг сродник) ова сродство може да биде директно или индиректно. Директно е сродството меѓу родителите и децата. Индиректно е сродството меѓу дедовците односно бабите и внуците и т.н (прадедовци, прабаби и правнуци). Во зависност од тоа дали родителите на детето се во брак или не се, крвното сродство може да биде брачно или вонбрачно.