Крањска пчела
Крањска пчела (латински: Apis mellifera carnica) – автохтона словенечка раса на западната медоносна пчела, по потекло од Крањската Област. По своите особини спаѓа меѓу најдобрите медоносни пчели, па е најраспространета во цел свет. Припаѓа на групата темни пчели, телото ѝ е црно, обраснато со сивосребрени влакненца. Прилично се мирни, а матицата е со добра плодност. Пчелите работнички од оваа раса имаат добро изразен нагон за собирање храна. Добро ја поднесува промената на климата, па така добро се приспособува на условите во друг крај. Отпорна е на болестите на пчелите.
Оваа раса е распространета на целиот Балкански Полуостров, каде што настанале повеќе соеви – планински и рамничарски. Познати се соевите: сеничко-пештерски, шарпланински, хомољски, похорски, далматински, итн. Посебно добри особини има далматинскиот сој кој има склоност за тивка смена на матицата.
Крањската раса се вкрстувала со други раси, па настанале посебни соеви. Така со вкрстување меѓу крањската и италијанската раса настанал „банатскиот сој“. Многу стручњаци сметаат дека таа е посебна раса, со особина на едната и другата раса.
Галерија
уреди-
Пчели
-
На сардела
-
На цвет од кајсија
-
Работничка
Литература
уреди- Др Хуснија Ћеримагић - Пчеларство, треће издање, НИП »Задругар«, Сарајево, 1977.
Надворешни врски
уреди- Slovenian beekeeper webpage
- Manuka Honey Tenpenh