Конска Река
Конска Река, се среќава и како Коњска Река, Сува Река или Цреша — река во Југоисточна Македонија и десна притока на Вардар. Таа е последната поголема притока на Вардар во Македонија.
Конска Река Коњска Река Цреша | |
---|---|
Поглед на реката од мостот при влезот на селото Моин | |
Местоположба | |
Физички особености | |
Извор | |
• место | Кожуф (од Кичи Кај) |
• надм. вис. | 1520 м |
Устие | |
• место | Вардар (кај Гевгелија) |
• координати | 41°08′33.5″N 22°31′37.2″E / 41.142639° СГШ; 22.527000° ИГД |
• надм. вис. | 44 м |
Должина | 30 км |
Големина на сливот | 180 км2 |
Особености на сливот | |
Течение | Вардар → Егејско Море |
Течение
уредиКонска Река извира од месноста Кичи Кај на планината Кожуф, на надморска височина од 1520 м. Нејзиното течение продолжува по падините на Кожуф во правец запад-исток, по што навлегува во Гевгелиското Поле. Таа поминува покрај селата Конско, Ново Конско, Моин, како и јужно од градот Гевгелија. Се влева во Вардар од нејзината десна страна, во близина на Гевгелија, на надморска височина од 44 м.[1][2]
Хидрографија
уредиВкупната должина на реката изнесува 30 км. Нејзиното сливно подрачје зафаќа површина од 180 км2 и истото припаѓа на Егејскиот речен слив. Реката извира на надморска височина од 1520 м, а се влева на височина од 44 м, при што вкупната висинска разлика изнесува 1476 м, а просечниот релативен пад 49‰.[2] Средниот годишен проток на реката изнесува 0,62 м3/сек.[3]
На реката се наоѓа вештачкото Конско Езеро.
Стопанство
уредиМожностите за искористување на водите од Конска Река биле разгледувани уште во 1973 година, кога бил изработен идеен проект во кој биле одредени и анализирани неколку алтернативни решенија за користење на речните води заради обезбедување на бараното количество вода со најниски трошоци и најмало влијание врз животната средина. Со проектот било предвидено и изградба на брана на околу 20 км од вливот на реката во Вардар.[4] Предлогот за изградба на брана и хидроелектрана бил повторно актуализиран во Стратегијата за одржлив развој на Општина Гевгелија за периодот 2006-2011 година, во којашто бил предвиден проект за изградба на ХЕЦ „Конска Река“ со моќност од 278 kW и планирано годишно производство од 1,1 милиони kW/h, како и проект за изградба на ХМС „Конска Брана“ со зафатнина од 20.000.000 м3.[5][6] Во 2014 година била изработена студија за оценка на влијанието од изградбата на браната „Конско“ врз животната средина.[7]
Галерија
уреди- Реката од мостот кој води до селото Ума
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 37. ISBN 978-9989-2117-6-8.
- ↑ 2,0 2,1 „Риболовна основа за „Слив на Вардар - долно течение" за период 2011-2011“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-05. Посетено на 27 мај 2017.
- ↑ „Студија за оценка на влијанието врз животната средина од изградба на брана „Конско" со придружни објекти“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. 2014. стр. 65. Посетено на 27 мај 2017.
- ↑ „Студија за оценка на влијанието врз животната средина од изградба на брана „Конско" со придружни објекти“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. 2014. стр. 75. Посетено на 27 мај 2017.
- ↑ „Стратегија за одржлив развој на Општина Гевгелија за периодот 2006-2011“ (PDF). Гевгелија: Општина Гевгелија. септември 2006. стр. 58. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-08-30. Посетено на 29 мај 2017.
- ↑ „Стратегија за одржлив развој на Општина Гевгелија за периодот 2006-2011“ (PDF). Гевгелија: Општина Гевгелија. септември 2006. стр. 100. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-08-30. Посетено на 29 мај 2017.
- ↑ „Студија за оценка на влијанието врз животната средина од изградба на брана „Конско" со придружни објекти“ (PDF). Скопје: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. 2014. стр. 5. Посетено на 27 мај 2017.
Надворешни врски
уреди- Конска Река на Ризницата ?