Куфер

вид на багаж
(Пренасочено од Кофер)

Куфер — вид торба која најчесто се користи за превоз на облека и други работи за време на патувања. Една од главните особености на куферот е отворањето, кое е слично на отворањето на собна врата. Ова го олеснува ставањето и вадењето работи.

Куфер

Особености уреди

На почетокот куферите биле изработувани од волна и платно. Меѓутоа, во поново време, тие се прават од поцврсти материјали како што се пластика, вештачки влакна, дрво, па дури и алуминиум. Класичниот куфер се користи првенствено за пакување и заштита на стоки и се користи за кратко носење в рака, односно не е погоден за подолго носење. Затоа, новите куфери, покрај вообичаената рачка, често имаат телескопски рачки, како и тркала. Ова овозможува да се влече куферот при носење на рамни површини и значително да се олесни пренесувањето. Како такви, тие се многу подвижни и многу корисни на аеродромите и при пешачење по улици со рамни и мазни тротоари.[1]

Постојат и малку помали рачни куфери кои најчесто се користат за носење разни документи и прирачни работи. Ваков куфер се користи за деловни цели.

Наводи уреди

  1. „Kako odabrati putnu torbu?“. Архивирано од изворникот на 08. 03. 2014. Посетено на 02. 09. 2013. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)