Коста Дојчиновски
Коста Дојчиновски (роден во Галичник — 10 ноември 1944 во Смеса, Неготинско) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија, како учесник во НОВ.[1]
Коста Дојчиновски | ||
Роден | непознато Галичник | |
---|---|---|
Починал | 10 ноември, 1944 Скопје |
Не се знае точниот датум на неговото раѓање, но се знае дека е роден во Галичник. Потекнувал од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во родното село. Во потрага за подобар живот се доселил да живее во Скопје, каде стана општ работник. Во 1944 година, кога цела Македонија беше зафатена од сенародното востание се поврза со напредното движење и организирано работеше за Народноослободителната борба. Материјално ја помагал, а извршувал и други задачи во борбата против бугарскиот фашистички окупатор. Во август 1944 година стапил во НОВ и ПОЈ. Бил борец во Единаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во завршните операции за ослободување на Македонија. Со Бригадата и со други единици на НОВ на Македонија учествувал во разоружувањето на бугарските фашистички единици, по 9 септември 1944 година. На 10 ноември, на прагот на ослободувањето на Македонија, во борбите против Германците храбро загинал кај местото Смеса, Неготинско.