Коста Брава
Коста Брава (каталонски и шпански: Costa Brava) е крајбрежен регион во североисточниот дел на Каталонија, Шпанија, во провинцијата Жирона. Коста на каталонски и шпански значи „брег“, а Брава значи „суров“ или „див“. Коста Брава се протега од Бланес, 60 км североисточно од Барселона, до границата со Франција.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/a/a6/Burg_von_Lloret_de_Mar.jpg/250px-Burg_von_Lloret_de_Mar.jpg)
Педесеттите години на 20 век шпанската влада под Франциско Франко заклучила дека Коста Брава е погодна за развој како одредиште за одмор, особено за пакет договори за туристите од северна Европа, а особено од Обединетото Кралство. Комбинацијата на многу добра клима во лето и извонредни плажи, е искористена за изградба на голем број хотели и апартмани во крајбрежните градови како што се Бланес, Тоса де Мар, Љорет де Мар. Туризмот брзо го замени рибарството како најважна индустрија во регионот.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/57/Cadaqu%C3%A9s.jpg/200px-Cadaqu%C3%A9s.jpg)
Додека дел од крајбрежјето на Коста Брава стана развиено туристичко одредиште, другите делови задржуваа повеќе традиционален изглед и станаа „скриен скапоцен камен“ за посетителите кои сакаат нешто повеќе од сонце, песок и сангрија. Малите градови како Кадакес (во близина на францускиот брег, во подножјето на Пиринеите) привлекоа туристи како Салвадор Дали и Пабло Пикасо и сè уште се во мода денес. На брегот меѓу Росес и Тоса де Мар има многу мали крајбрежни градови.
Заштита на животната средина
уредиГрадовите на Коста Брава во 1998 година ја потпишаа повелбата (Карта де Тоса), чија цел е да се развие заштита на животната средина заедно со туризмот. Ова подразбира заштита на голем број природни живеалишта и микроклиматски месности.