Костадин Георгиев
Д-р Костадин Георгиев — македонски деец, поранешен универзитетски професор, публицист и општественик со потекло од Пиринска Македонија.[1]
Роден е 1948 година во Ќустендилско. Доктор на филозофски науки. Професор на геолошкиот факултет во Софија. Како пројавен Македонец во Бугарија, постојано бил прогонувам и затворан, жигосуван јавно од власта и полицијата. Откако како автор, ја издал книгата „Филетизам или проклетство - некои аспекти на великобугарскиот шовинизам“,[2] тој е истеран од работното место предавач на Геолошко-рударскиот универзитет во Софија, во 1986 година.[1]
Професорот Стојко Стојков, сведочи дека секој интелектуалец кој отворено ќе застане зад идејата и поддршката за македонското малцинство во Бугарија, ќе се соочи со слични притисоци како што се соочил и Костадин Георгиев, мајката на Сергеј Станишев, проф. Стефан Влахов и ред други интелектуалци.[3][4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 66. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Георгиев, Константин (2016). Филетизам или проклетство. Menora. ISBN 978-608-200-331-3.
- ↑ „Интервју со проф д-р Стојко Стојков претседател на партија на Македонците Омо „Илинден" – Пирин“. mkdinfodiaspora.mk. Архивирано од изворникот на 2021-01-28.
- ↑ „OMO "Ilinden" - PIRIN“. www.omoilindenpirin.org.