Костадин Алакушев

Костадин Алакушев — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.[1]

Животопис

уреди

Алакушев е роден во неврокопско село Трлис, тогаш во Османлиското Царство, денес Ватитопос, Грција. Завршува во Солунската и бил учител во различни села во Неврокопско и Серско. Станува член на ВМОРО и учествува во Илинденското востание во четата на војводата Атанас Тешовалијата. Во 1907 година бил избран за член на Околискиот комитет на ВМОРО во Неврокоп. Во 1909 година е во одредот на Јане Сандански, кој зема учество во походот кон Цариград. Во 1909 година учествува во создавањето на првата македонска политичка партија - Народната федеративна партија во Неврокоп. Во 1908 година Алакушев е меѓу основачите на Друштвото на основните наставниците во Неврокопско, од 1911 е во бирото на друштвото, а во 1912 година е делегат на V конгрес на Сојузот на главните наставниците во Турција.

Во 1912 година Алакушев заедно со Стојко Пашкулев и Благој Матеров е киднапиран и убиен во близина на селото Фотовишта од Михаил Скендеров и В. Зајков.[2][3][4] Починал на 28 август (стар стил) 1912 година, во селото Марчево, Неврокопско.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 2
  2. Енциклопедия „Пирински край“. Том 1, Благоевград, 1995, стр. 15.
  3. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 5.
  4. Пелтеков, Александър Г. Революционни дейци от Македония и Одринско, Орбел, 2011, стр. 11, ISBN 9789544961022