Коркоро

филм од Тони Гатлиф

Коркоро („Сам“ на ромски) — француски драмски филм од 2009 година во режија и по сценарио на Тони Гатлиф, во којшто главните улоги ги толкуваат Марк Лавуан, Мари Жозе Кроз и Џејмс Тјери. Глумечкиот состав го сочинувале глумци од бројни националности, како албанска, грузиска, српска, француска, норвешка, но и девет Роми кои Гатлиф ги пронашол во Тансилванија.

„Коркоро“
Постерот за филмот
РежисерТони Гатлиф
ПродуцентТони Гатлиф
СценаристТони Гатлиф
Главни улогиМарк Лавуан
Мари Жозе Кроз
Џејмс Тјери
Руфус
Жанрдрама
МузикаДелфин Мантулет
Тони Гатлив
КинематографијаЖилиен Хирш
МонтажаМоник Дартон
Премиераавгуст 2009 (Филмски фестивал во Монтреал)
24 февруари 2010
Времетраење111 мин.
ЗемјаПредлошка:Франција
Јазикфранцуски
ромски

Филмот се заснова на анегдота за Втората светска војна од ромскиот историчар Жак Сиго и е инспириран од Ромите кои побегнале од нацистите со помош на француските селани. Тој го отсликува ромскиот геноцид како слабо документирана тема.[1] Освен на група Роми, филмот има лик кој се заснова на Ивет Лунди — француска учителка којашто била активна во францускиот отпор и била депортирана во концентрационен логор за фалсификување патни исправи за Роми. Гатлиф имал намера да сними документарен филм, но недостигот на документи го предомислило да го претстави како драма.

Праизведбата на филмот се одржала на Филмскиот фестивал во Монтреал, на којшто меѓу другите награди ја освоил Големата награда на Америка. Во Франција, филмот бил пуштен под насловот „Слобода“ (француски: Liberté) во февруари 2010 година, каде што заработил 601.252 долари, а со приходите од Белгија и САД износот достигнал 627.088 долари.[2] Музиката во филмот, која ја компонирале Тони Гатлиф и Делфин Мантулет, добила номинација за „Најдобра филмска музика“ на 36. доделување на наградата „Сезар“ во 2011 година.

Коркоро бил опишан како „ретка филмско сеќавање на оние убиени во ромскиот геноцид.[3] Во основа, филмот добил позитивни мислења од критичарите, а бил и пофален за невооничаено опуштениот тек на еден филм за холокаустот.[4] Критичарите го сметаат филмот за едно од најдобрите остварувања на режисерот и, заедно со Лачо дром, за „најдостапен“ негов филм. Филмот се смета дека ги прикажува Ромите на нестереотипичен начин, далеку од нивните клиширани прикази како музичари.

Наводи

уреди
  1. Campion, Alexis (February 20, 2010). „Au nom des Tsiganes déportés“. Le Journal du Dimanche (француски). Paris. Архивирано од изворникот на 23 март 2012. Посетено на 15 јули 2011.
  2. Korkoro – Box office“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 15 јули 2011. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help)
  3. Tobias, Scott (March 24, 2011). Korkoro: Freedom's Music, Amid The Din Of War“. NPR. United States. Посетено на 15 јули 2011.
  4. Saltz, Rachel (March 24, 2011). „Stories of War Through a Gypsy Lens“. The New York Times. Посетено на 15 јули 2011.

Надворешни врски

уреди