Роналдо Луис Назарио де Лима уреди

 

Роналдо Луис Назарио де Лима(роден 18 септември 1976 година), повеќе познат како Роналдо е бразилски фудбалер кој моментално игра за Коринтианс.Роналдо беше еден од најпродуктивните фудбалери во деведесетите и во почетокот на двеилјадита година. Тој издвои победа на својот прв Ballon d’Or(награда златна топка како најдобар европски играч) во 1997 година(на 21 годишна возраст) и повторно ја освои истата награда во 2002 година(на возраст од 26 години). Дополнително, тој е еден од двајцата кои ја имаат освоено три пати наградата за ФИФА играч на годината, заедно со францускиот фудбалер Зинадин Зидан(Zinedin Zidane). Во 2007 година, тој беше именуван како еден од најдобрите меѓу единаесетте играчи во тимот на сите времиња во францускиот фудбал , а исто беше вметнат во листата на најдобрите фудбалери заедно со неговиот земјак-младото момче Пеле(Pele). Во 2010 година, Роналдо беше изгласан како “Играч на декадата”со гласање преку интернет, здобивајќи се со 43.63% од сите гласови. На 23 февруари 2010 година, Роналдо изјави дека ќе се пензионира после сезоната 2011 година, а истовремено ке потпише двогодишен договор со Коритианите. Тој е нашироко сметан како најдобар играч на сите времиња од страна на екперти и фанови. Тој за Бразил играше на 97 меѓународни натпревари постигнувајќи 62 гола. Роналдо беше дел од бразилскиот тим кој победи во 1994 и 2002 година на Светските купеви(World Cups). За време на Светсиок куп во 2006 година, Роналдо стана нјдобар стрелец во историјата на светскио куп со својот петнаесети гол, надминувајќи го претходниот рекорд на Милер(Muller) со 14 постигнати гола.

Kлупска кариера

Крузеиро- 1993 година

Во 1993 година, Роналдо ја започна својата фудбалска кариера играјќи за Крузеиро(Kruzeiro), клуб кој веќе беше на пат да стане многу успешен. Во неговата прва и едниствена година во Крузеиро, тој постигна 12 гола во 14 појавувања и ги доведе до нивното прво првенство. Претходно на ова, тој беше одбиен од својот омилен тим од детството Фламенго( Flamengo) , но бразилската легенда на светскиот куп, Жерзињо( Jairzinho) го виде потенцијалот на Роналдо и му помогне да се премести во Крузеиро. Роналдо одбра да се придружи во тимот на ПСВ(холахдски тим) по светскиот куп во 1994 година. Ромарио(Romario) беше оној кој го советуваше Роналдо да премине во ПСВ, поранешен напаѓач на тимот 1988-1993. Во својата прва сезона во Холандија, Роналдо освои 30 гола. Неговата втора сезона беше одбележана со повреда на коленото, која што го задржа надвор подолго време од кампањата, но тој сепак постигна 12 гола од вкупно 13 појавувања во лигата. Додека играше за ПСВ,во 1996 година Роналдо го освои Германскиот куп и воедно беше најдобриот стрелец во 1995 година.

Барселона 1996-1997 година

За време на периодот додека беше во ПСВ, Роналдо привлече внимание на истакнатите Интер Милан(Inter Milan) и Барселона(Barcelona). 

Барселона беше спремна да плати хонорар од тогашни рекордни 17 милиони американски долари. За време на сезоната од 1996-1997, Роналдо освои неверојатни 47 гола од вкупно 49 игри( во сите напреварувања) за Барса доведувајќи се себеси кон триумфот на УЕФА КУП ( каде што се означи во сезоната со својот победнички гол). Тој во 1997 година ја освои наградата за најдобар стрелец со постигнати 34 гола во вкупно 37 натпревари.

Пред сезоната 2008-2009 , Роналдо остана да биде последниот стрелец кој постигнал повеќе од 30 гола во лигата.
На возраст од 20 години, во 1996 година, Роналдо стана најмладиот играч која што ја освои наградата  ФИФА Светски играч на годината. 

Исто така заврши како вицешампион на златната топка(награда за најдобар играч).

Интер Милан 1997-2002 година

Времето на Роналдо во Барселона беше кратко, бидејќи имаше проблеми со повторно преговарање на својот договор. Несреќата на Роналдо беше очигледна и затоа на крајот од сезоната, плаќајќи откуп за условен хонорар во својот договор,следната година Интер Милан му потпиша договор од тогашни 19 милиони фунти. Соодветно на тоа, Роналдо им помогна да ја повтори својата поранешна победничка страна во УЕФА купот каде што го постигна нивниот трет гол. Роналдо се приспособи на италијанскиот начин на игра во неговата прва сезона, завршувајќи ја втората сезона наогајќи се на врвот на топ листата. Роналдо започна да се создава во комплетен напаѓач. Тој постана првиот играч за изведување на пенали, изведувач на слободни удари и стана капетан на тимот на крајот на сезоната. За време на неговиот период во Интер, тој постигна неколку голови против Милан.За втор пат ја освои наградата најдобар светски играч во 1997 година и ја доби Златната топка(Ballon d’Or) истата година. Следната година, после ФИФА Светскиот Куп, Роналдо заврши како втор ФИФА играч на годината и како трет Европски фудбалер на годината. Во ова време од својата кариера, тој беше јасно докажан како најдобриот играч на светот. На 21 ноември 1999 година, за време на серија А натпреварите против Лече(Lecce) , Роналдо почувствува извиткување во коленото и беше принуден да го напушти игралиштето. Медицинските проверки по натпреварот потврдија дека стрелецот имал пукање на тетивата на коленото и потребна е операција. За време на своето вракање на 12 април 2000 година, тој играше само 7 минути на првиот натпревар во финалето на Купот на Италија против Лацио пред да го повреди коленото по втор пат. После две операции и месеци на рехибилитација, Роналдо се врати за Светскиот Куп во 2002 година, помагајќи му на Бразил да ја издвојат својата петта Светска Куп титула. Подоцна во 2002 година по трет пат ја освои наградата најдобар играч на годината и премина од Интер во Реал Мадрид. На Роналдо му беше даден најпризнатиот прекар “феномен” или IL FENOMENO од страна на италијанскиот печат за време на неговата игра таму. Според весникот “Times Online”,Роналдо беше именуван како дваесетти најдобар играч на сите времиња во Интер, а неговите повреди спречија тој повисоко да се рангира. Тој играше на 99 натпревари и постигна 59 голови за Неразури(Nerazzurri).

Реал Мадрид 2002-2007 година

Имајќи потпишано договор со Реал Мадрид за вредност од 39 милиони евра, неговите продадени дресови го срушија рекордот уште на првиот ден, како што беа опсесијата и публицитетот кои го опкружуваа.

 
Роналдо игра за Реал Мадрид

Тој беше ставен настрана за време на повреда во октмоври 2002 година, но неговите фанови продолжија да го пеат неговото име. Роналдо постигна два гола на дебито за Реал Мадрид.Тој доби аплауз на отвоена сцена на Сантјаго Бернабеу(Santiago Bernabeu). Истиот прием беше надгледуван вечерта на финалната игра нa сезоната против Атлетик Билбао (Athletic Bilbao), каде што Роналдо ја запечати својата прва сезона со своите 23 голови во лигата и со тоа ја освои шампионската титула за 2003 година, која што не успеа да ја освои додека играше за Барселона. Исто така, додека играше за Реал победи во Меѓуконтиненталниот Куп во 2002 и Шпанскиот Супер Куп во 2003 година. Во вториот натпревар на Реал Мадрид во четврт финалето од Лигата на шампиони, Роналдо постигна хет-трик против Манчестер Јунајтед(Manchester United) и ги исфрли од натпреварувањата.Реал беше на пат трипати да победи откако Роналдо беше повреден на крајот од сезоната 2003-2004 и го изгубија финалето на Кралскиот Куп, беа исфрлени во четврт финалето од Лигата на шампиони и доживеаа пауза во истата. Оваа сезона тој заврши како најдобар стрелец во лигата со 24 постигнати гола и беше награден и покрај тоа што Реал ја загуби титулата од Валенсија. Реал Мадрид беа исфрлени од првата рунда од последните 16 од шампион Лигата од Арсенал и отидоа право во третата сезона без трофеј. За време на престојот во Реал Мадрид, Роналдо издвои победи против некои од нивните најголеми противници, вклучувајќи неколку против ривалите Атлетико Мадрид и Барселона. Со усвојувањето на Руд Ван Нистерлој(Ruud Van Nistelrooy) во 2006 година, се здоби повеќе со загуба отколку со услуга со менаџерот Фабио Капело (Fabio Capello) поради прашањата во врска со повредите и тежината.

Милан 2007-2008 година

На 18 јануари 2007 година, беше изјавено дека Роналдо се согласил во врска со определени факти со Милан за сума од 7.5 милиони евра. Роналдо беше принуден да плати за преостанатиот период од својот договор кој го врзуваше за Реал Мадрид само поради тоа што второспоменатиот не се согласи да го ослободи, додека Милан не беа подготвени да платат толкава сума. На 25 Јануари, четврток, Роналдо долета од Мадрид за Милан да го гледа натпреварот Милан-Рома. Изјаснувањата од веб-страницата на клубот кажуваат дека Роналдо беше во Милан поради медицински причини и дека е договорена средба за во понеделник со службениците на Реал Мадрид за да го дискутираат и финализираат неговото префрлување во Милан. На 26 јануари, Роналдо успешно ги комплетираше своите медицински тестови во обучувачки комплекс под надзор на клупски лекари и преместувањето завршило на 30 јануари и тој го добил тимскиот број 99. Роналдо го изврши своето деби како замена на 11 февруари 2007 година за време на победата од 2-1 против Ливорно. На следниот натпревар во Сиена на 17 февруари 2007 година , Роналдо даде два гола и целеше кон трет уште на самиот почеток во Милан кога тие победија со возбудлива игра од 3-4. Во својата прва сезона, Роналдо даде 7 гола во 14 натпревари. По неговото префрлување во Милан, тој се придружи кон листата на неколкуте фудбалери кои имаат играно за Интер Милан, а и за Милан во дербито Милан, воедно е еден од двајцата играчи кои имаат дадено гол за двете страни во дерби натпреварот(за Интер сезоната 1998-1999 и за Милан сезоната 2006-2007), додека вториот фудбалер е Златан Ибрахимовиќ(Zlatan Ibrahimovic). Исто така, Роналдо е еден од неколкуте први фудблери кои што почнале да играат за Реал Мадрид и Барселона,што претставува ривалство во елиминаторна трка за победа. Сепак, Роналдо не се премести никогаш директно помеѓу ривалски клубови. Во својата единствена сезона во Милан, тоја играше плус 300 минути само за да ги излечи своите повреди и прашањата поврзани со тежината. Единствениот негов гол во сезоната 2007-2008, покрај голот што го постигна предсезоната против Лече, го постигна во победата против Наполи која заврши со резултат 5-2. Тоа беше првпат Милан да добие толку популарно трио- Кака, Пато и Роналдо, повеќе познато како Ка-Па-Ро. Севкупно, Роналдо постигна вкупно 9 голови во 20 натпревари за Милан. И покрај неверојатниот успех во изминатата декада, тој никогаш повеке во својата клупска кариера не ја освои наградата за УЕФА шампион Лигата. За време на сезоната 2006-2007, Милан ја освои титулата за оваа сезона, додека Роналдо беше “заробен” со Реал и десквилификуван за игра. Во 2003 година, тој сепак им помогна на Реал да стигант до полуфиналето, во коешто изгубија од Јувентус. На 13 февруари 2008 година, Роналдо доживеа сериозна повреда во коленото скокајќи во натпреварот кој го имаа против Ливорно , беше изваден и пренесен во болница. По натпреварот Милан потврди дека Роналдо го пукнал лигаментот на левото колено. Ова му беше трета повреда од истиот вид, која се случи двапати на неговото десно колено во 1998 и 2000 година. Тој беше ослободен од Милан на крајот од сезоната, кога неговиот договор истече и никогаш повеќе не се обнови. За време на заздравувањето на неговото колено од операцијата, тој тренираше со Фламенго(Flamengo), а директорите на клупскиот одбор изјаснаа дека вратите за негово придружување се отворени. Меѓутоа, на 9 декември Роналдо потпиша еногодишен договор со ривалите на Фламенго- Коринтианите. Договорот постигна висок публицитет кај бразилскиот печат поради неговото претпочитање на Коринтианите отколку Фламинго, бидејќи Роналдо јавно се изјасна како фан на Фламинго и вети да го брани тој клуб. Роналдо го одигра својот прв натпревар за Коринтианите на 4 март 2009 година. Својот прв гол за овој клуб го постигна на 8 март 2009 година на натпреварот против Палмеирас(Palmeiras), а воедно им помогна да напреднат со 10 постигнати гола во 14 натпревари. Роналдо им овозможи на Коринтианите да се одбранат од Интернационал со соодветен успех од 4-2 и со тоа им помогна да го освојат нивниот трет Бразилски Куп( вториот од неговата кариера). На 20 септември играше против Гоиас(Goias). На 27 септември 2007 година, Роналдо постигна гол и со тоа натпреварот против Сао Пауло(São Paulo) заврши со нерешен резултат. Тој ја заврши бразислката серија А во 2009 година со постигнати 12 гола во 20 натпревари. Во февруари 2010 година, Роналдо направи продозжување на договорот со Коринтианите и тоа му овозможува да се задржи во клубот се до крајот на 2011 година и рече дека дури тогаш ке се пензионира.

Меѓународна кариера


 

Роналдо замина на ФИФА Светскиот Куп како 17 годишно момче, но не играше.

Тој успеа да биде познат по името Роналдињо- мал Роналдо на Португалски јазик, бидејќи неговиот колега од турнирот Роналдо Родригез де Хесус исто така се викаше Роналдо, а неговиот прекар беше Роналдо или т.н. големиот Роналдо, за да можат да се разликуваат. Роналдо де Асис Мореира( Ronaldo de Assis Moreira), кој е нашироко познат како Роналдињо, ќе биде нарекуван Роналдињо Гаучо(Ronaldinho Gaúcho) кога во 1999 година се придружи кон најголемиот Бразислки тим. Во 1996 година на олимписките игри во Атланта, Роналдо играше со името Роналдињо на неговиот дрес, а на тие игри Бразил успеаја да го освојот бронзениот медал. Во 1996 и 1997 година, Роналдо беше изгласан како најдобар ФИФА Светски играч на годината, постигна 4 гола и направи 3 асистенции за време на светскиот куп во 1998 година.Вечерта пред финалето, Роналдо добива конвулзинен напад.Роналдо веднаш беше преместен 72 минути пред натпреварот, но тој инсистираше да игра и подоцна беше повторно поставен од тренерот Марио Загало(Mario Zagallo). Тој не се претстави добро и беше повреден во судир со голманот Фабиен Бартез(Fabien Barthez). Бразил во финалето изгуби од домаќините Франција со резултат од 3-0.Професорот на клиничката неврологија на Универитетот во Бирмингем(Birmingham University), Адријан Вилијамс, рече дека Роналдо не требало да игра, велејќи дека тој ќе ги почувстува последиците од повредата подоцна и дека нема начин тој да го постигне најдоброто во рамките на 24 часа од неговиот напад-доклолку тоа е неговиот прв напад.За време на светското првенство во 2002 година, Роналдо повторно го следеше националниот тим до нивниот рекорд,т.е. нивното петто шампионство при што го освои “Златниот чевел” (Golden Shoe), како најдобар стрелец со постигнати 8 гола, а воедно му беше доделена наградата Златна Топка(Golden Ball)како највреден играч на турнирот.Исто така, Роналдо постигна гол против секој противник на турнирот, освен во четврт финалето против Англија.Во финалниот натпревар против Германија, Роналдо го постигна својот 11 и 12 гол кои беа проследени со голем аплауз и го достигна рекордот на Пеле(Pelé) од 12 голови. На 2 јуни 2004 година, постигна необичен хет-трикод казни за против против Аргентина на елиминаторниот натпревар на Светскиот куп 2006 година. На тој куп, иако Бразил заслужено победи против Хрватска и Бразил, набрзо Роналдо почна да биде исмејуван за неговата прекумерена тежина и намалена брзина.И покрај тоа, тренерот Карлос Алберто Пареира го задржа во првите линии за да може тој да биде заменет и да влезе во игра.Со неговите 2 гола против Јапонија во третиот натпревар, Роналдо стана дваесетиот играч кој некогаш постигнал гол во три различни ФИФА Светски Купови и постигнувајќи рекорд од 14 гола(Во 1998 година постигна гол против Франција, во 2002 против Кореа/Јапонија и во 2006 година против Германија) го сруши рекордот на Милер во рундата од 16 натпревар против Гана постигнувајќи го петнаесетот гол на Светскиот Куп.Со третиот постигнат гол на Светскиот Куп во 2006 година, Роналдо стана вториот играч кој некогаш, после Клинсман(Klinsmann), постигнал најмалку 3 гола во секој од трите Светски Купови.Сепак, Бразил беше исфрлен од Франција со резултат од 1-0 во четврт финалето.Меѓутоа, рекордот на Роналдо и Клинсман од најмалку 3 постигнати гола во секој од 3 Светски Купови, сега беше изедначен и подобрен од колегата на Клинсман-Германецот Мирослав Клосе(Miroslav Klose), кој сега има рекорд од најмалку 4 постигнати гола во секој од трите турнири, и достогнувајќи 5 гола во финалето во 2002 и 2006 година и 4 во турнирот во 2010 година.

Личниот живот на Роналдо


 

Во 1997 година, Роналдо ја сретна бразилската моделка и актерка Сузана Вернер(Susana Werner) на поставувањето на бразилската серијата Малачо(Malhação) во која глумеа заедно во 3 епизоди. Иако никогаш не се венчаа, тие започнаа долга врска и живееја заедно во Милан се до почетокот на 1999 година. Во април 1999 година, Роналдо се ожени со женската Бразилска фудбалерка Милен Домингез(Milene Domingues), во тоа време бремена од претходниот сопруг. Бракот траеше 4 години. Брачниот пар имаше еден син, Роналд(роден на 6 април 2000 година во Милан). Во 2005 година Роналдо се вери со бразилската моделка Даниела Цицарели(Daniela Cicarelli) која остана бремена но доживеа спонтан абортус. Врската опстана само 3 месеци, после луксузната венчавка. Како што се дознава, церемонијата чинеше 700 000 евра(896 000 фунти). Подоцна Роналдо имаше врска со бразилската супермоделка Раиса Оливеира(Raica Oliveira), која што заврши во декември 2006 година. Во април 2008 година Роналдо беше замешан во скандал со три трнавеститски проститутки кои ги сретнал во ноќен клуб сместен во градот Рио Де Женеиро. Откако дознал дека тие се машки им понудил 600 долари да заминат. Сепак, еден од тројцата, Андре Луис Риберио Албертино(André Luís Ribeiro Albertino) повеќе познат како Андреја Албертини, побарал 30 000 долари и го изложил случајот во јавноста. Според локалниот полициски шеф, Роналдо бил многу возбуден и сакал да излезе и добро да се забавува, без печатот да го следи. Роналдо рекол дека не е ментално способен и дека има психолошки проблеми поради неодамнешните операции. Но тој не извршил никаков криминал, далеку од неморалност. Свршеницата на Роналдо, Марија Беатриз Ентони(Maria Beatriz Antony), веднаш по скандалот со проституцијата ја откажала свадбата,но малку подоцна се помирила. Таа ја раѓа нивната прва ќерка, Марија Софија, на 24 декември 1998 година во Рио Де Женеиро. Во април 2009 година, целата фамилија се преселува во нивната нова куќа во Сан Пауло. На 6 април 2010 година тие ја добиваат нивната втора ќерка, Марија Алис. Коинцидентно, Марија Алис се роди точно десет години подоцна од нејзиниот постар брат Роналд. Уште од 2005 година, Роналдо е косопственик на А1 Бразилскиот тим, заедно со Бразилската легенда во мотоцикли-Емерсон Фитипалди(Emerson Fittipaldi).