Статии уреди

Здраво Sanja Donova и добредојдовте на википедија на македонски јазик. Благодариме за вашите придонеси, и се надеваме дека ќе продолжите со исто темпо. Сакам да ве упатам да статијата за Роналдо Луис Назарио де Лима сеуште не е создадена, па доколку сакате можете да ја создадете, наместо истата да се наоѓа на вашата корисничка страна. Доколку имате некакви прашања, слободно обратете ми се мене. Поздрав--Тиверополник (разговор) 22:11, 16 јануари 2011 (CET)Одговори

Шон Комбс (Sean Combs- Sean John Combs)

 
Комбс

Шон Комбс(Sean Combs-Sean John Combs), е роден на 4 ноември 1969 година. Денес е познат по неговото сценско име Диди(Diddy) . Toj е американски продуцент на песни, рапер, артист и моден дизајнер на машка облека. Тој има освоено три Греми награди(Grammy Awards) и две МТВ Видео музички награди(MTV Video Music Awards), а неговата модна линија се здобова со успех кога ја добива американската награда за Совет на Модни креатори. Тој беше познат како Паф Деди(Puff Daddy) а потоа како Пи Диди(P.Diddy), од кои Паф и Пафи(Puff and Puffy) беа познати како негови прекари, но никогаш не беа користени како негови сценски имиња. Во август 2005 година тој го промени своето сценско име во “Диди”. Во Нов Зеланд и во Обединетото Кралство продолжи да го користи името Пи Диди, како втор после правната “војна” со друг артист Ричард Диди(Richard Diddy Dearlove). Во јуни 2008 година, Диди јавно ги одби гласините за промена на друго артистичко име. Неговиот бизнис интерес под чадорот на (Bad Boy Entertainment Worldwide) светски познато забавно шоу, го вклучува албумот Bad Boy, линијата за облека Sean John & Sean by Sean Combs(Шон Џон & Шон од Шон Комбс), филмска продуценска куќа и два ресторана. Тој ја зема улогата за извршител на албумите, изведувач, продуцент на американското шоу Making the Band (Создавање на Бендот), писател, аранжер и артист.Трудот на Комбс во 2006 година беше проценет на 346 милиони долари.

Раниот живот на Пи Диди


Шон Комбс е роден во Харлем, Њујорк, син на Жанис(Janice), моделка и учителка и на Мелвин Комбс,а тука и пораснал. Кога тој беше дете, неговиот татко на 33 годишна возраст, беше застрелан во својот автомобил откако се забавувал на некоја журка. Комбс играше фудбал за Романската Католичка Академија Свети Мајкл(Saint Michael). Во 1986 година неговиот тим освои титула. Тој димпломира во 1987 година, и се изјасна дека е Христијанин. Комбс рече дека прекарот “Puff” му бил даден како дете кога бил лут, а “Daddy” бил друг израз за “Playa”- плажа. Студирал во Вашингтон, каде што покажал страст за маркетинг и здобил репутација за голем промотер на забави. Диди случајно стана стажант на голема продукција во Њујорк. Некое време тој ќе патуваше и ќе се враќаше назад, и постојано така помеѓу Вашингтон и Њујорк, правејќи трикови во својот стаж, а потоа стана најдобриот менаџер. Тој имаше важна улога во потпишувањето на музичкиот договор и кариерата на Мери Џи Блајџ(Mary J.Blige). Во 1991 година, Комбс промовираше концерт, предводен од Хеви Ди(Heavy D.) кој се одржуваше во гимназија во Њујорк, а истовремено се одигруваше добротворен кошаркарски натпревар против сидата. На настанот имаше премногу луѓе, а картите беа распродадени двојно повеќе од нормалниот капацитет на местото, додека илјадници без карти беа надвор. За да ги задрѓжат надвор, луѓето на Пи Диди ја затворија единствената врата што води до скалишниот простор, ставија маса зад неа, со што гужвата беше блокирана , а луѓето молеа за помош.Кога толпата надвор скрши неколку стаклени врати во обид да влезат внатре во гимназијата 9 лица загинаа.На пресудата во 1999 година, судијата на Судот на Жалби ги обвинија Пи Диди и Хеви Ди дека се 50% одговорни за инцидентот. Градскиот колеџ го сносија останатиот дел од одговорноста на обезбедувањето на Пи Диди бидејќи знаеле дека картите биле распродадени.


Музичка кариера


Во 1992 година Комбс потпиша договор со Хартфорд(Hartford) со диск-џокеј за да отвори музичка куќа во Хартфорд за неоткриените таленти во градот. Поради креативните разлики за употребата на талентот, ненадејно се раздели. Во извадок во магазинот на Ролинг Стоун(Rolling Stone Magazine) Џ.С. изјави:”Шон и јас останавме пријатели, но не толку блиски како што некогаш бевме. Нашата разделба се однесува на нашите различни гледања на патиштата. Јас сакав да возам кон лево, каде што се артистите, а Комбс сакаше да вози кон десно, кон бизнисите како и обично. Разделбата беше пријателска. Сега ние сме блиски.” Во 1993 година, откако беше отпуштен од “Uptown”, Комбс ја разви издавачката куќа Бед Бој(Bad Boy) земајќи го со нив и новодојдениот Ноториус(Notorious). И Ноториус и Крег Мек(Craig Mack) направија хит песни, следени со сличен успех како и на големиот хит на Ноториус-Ready to Die. Диди започна да потпишува повеќе дела за Bad Boy, за познати музичари, како што се: Mary J. Blige, Usher, Lil' Kim,Mariah Carey итн. Во средните 90-те, Комбс и Ноториус беа критикувани од Тупак Шакур(Tupac Shakur) и Сјуг Најт(Suge Knight) во разни песни и интервјуа.Во периодот од 1994-1995 година Диди создаде песни кои што беа најдобро промовирани и прогласени за најдобри R&B хитови. Други песни кои беа добро промовирани се “If I was Your Girlfriend” и “Can I Get A Witness”. Во 1997 година тој го сними својот прв комерцијален вокал како рапер под името “Puff Daddy”. Неговиот деби сингл “Can’t Nobody Hold Me Down”, 6 недели беше на првото место на најдобрите 100 песни. Деби албумот “No Way Out” беше број 1 албум и и во 1998 година ја освои Греми Наградата за најдобар рап албум. Неговата втора песна “ I”ll Be Missing You”, во спомен на Ноториус, се пласираше на 1 место на најдобрите 100. Диди соработуваше со Џими Пејџ(Jimmy Page) на песната “Come With Me”. Реализаторот Том Морело(Tom Morello) поддржа некои делови од песната со свирење на гитара, свирејќи и на бас во песната. Комбс и Пејџ снимија видео-запис за песната “Come With Me”, кој што го постигна 2 место во Велика Британија. Комбс беше тужен за запоставување на земјиштето од страна на Инџ Бонго(Inge Bongo), но Комбс ги одби обвинувањата. Во доцните 90-ти години, Диди беше критикуван за преголемо рекламирање на хип хопот и на преголемо користење на појавување на други артисти од старите хитови во неговите нови песни.


Клуб Њујорк

Во декември 1999 година, Комбс беше обвинет за навреда на Стив Стут(Steve Stoute), многу познат менаџер.Претходно истата година Комбс имаше издадено видео сцена за “Hate Me Now” која го прикажуваше Нас(Nas) како измачуван, но тој побара сликите да бидат отстранети.Одбивањето од страна на Стут доведе до меѓусебен конфликт, а тоа придонесе до апсење на Диди за навреда.По ова следеше уште понегативен публицитет при што многу снимања со Лил Ким и други пеачи беа проследени со вооружена потера, но сепак прекинати со истрели. На 27 декември 1999 година, Диди и неговата тогашна девојка Џенифер Лопез(Jenifer Lopez) беа во ноќен клуб во центарот на Менхетен кога се слушнаа истрели. По полициската истрага, Шон и момчето рапер Шајн(Shyne), беа уапсени поради насилство со оружје и други обвиненија. Адвокатската канцеларија во Њујорк, раководена од помлад адвокат Метју Богданос(Matthew Bogdanos), го обвини Комбс по обвинувањата на неговиот возач Вардел Фендерсон(Wardel Fenderson), тврдејќи дека Диди се обидел да го подмити и возчот да го земе оружјето по истрелот. Со замолчување и спреоведување мир, “ големото” судењето започна. Нивни адвокат беа Џони Кохран(Johnnie Cochran) и Бенжамин Брефмен(Benjamin Brafman). Откако судењето заврши, Комбс беше ослободен од сите обвиненија, додека Шајн беше прогласен за виновен за истите обвиненија и осуден на десет години затвор. По кратко време, Пи Диди и Џ.Лопез се разделија. Сусдкиот процес против возачот на Комбс, Фендерсон кој кажува дека дозживеал емоционален потрес по истрелите во клубот, беше преместено за во февруари 2004 година. Адвокатите од двете страни се согласија да чуваат во тајност сите судски факти и се согласија само со тоа дека постапката беше разрешена на задоволство од сите страни. Во 2001 година, по ослободувачката пресуда за поседување на оружје и обвинувањата за мито, Комбс го промени своето артистичко име од “Puff Daddy” во “P.Diddy”. Подоцна се појавува како дилер на дрога заедно со Хали Бери(Halle Berry) и Били Боб Торнтон(Billy Bob Thornton) во филмот “Monster’s Ball”(Топката на чудовиштето). Тој се обиде да ја измени својата слика, но наскоро се соочи со обвиненија за навреда од водител на телевизија од Мичиген(Michigan), Роџер Милс(Roger Mills), a потоа во Флорида беше уапсен за возење со помината дозвола за возење. Црковниот албум “Thank You” ( Ти Благодарам) никогаш не беше издаден. По обвинувањата од полицијата во Мајами за несовесно возење, Комбс започна да работи со необични артисти. Тој соработуваше со Бритни Спирс(Britney Spears) и Ен Синк(‘N Sync). Тој го потпиша договорот Калифорнија-заснован на женска поп група “Dream”(Сон) во неговата музичка куќа. Подоцна во 2002 година, тој направи свое реално шоу “Making The Band 2” (Создавање бенд 2 дел), продолжение на првото “Making The Bend” шоу, во кое натпреварувачите се натпреваруваа за тоа кој да влезе во новата група на музичкото студио “Bad Boy”. Требаше да се појават 6 финалисти со нивното име, компакт диск и видео запис. Групата, критикувана од комичари и критичари, беше распадната од Комбс на крајот од циклусот емисии. Во 2003 година, Комбс трчаше на маратонот во Њујорк и подигна два милиони долари за образовниот систем за децата во Њујорк. На 10 март, 2004 година, Диди се појави во шоуто на Опра Винфри(Oprah Winfrey) за да дискутира за маратонот кој го заврши за осум часа и осумнаесет минути. Во 2004 година, ја предводеше кампањата “Vote or Die”(Гласај или Умри) за претседателските избори за 2004 година. Слоганот “Vote or Die” беше исмејуван и од “The Daily Show”(Дневното Шоу) и од “South Park”(Јужен Парк) за премногу површен и за охрабрување на младите луѓе да гласаат без да ги знаат проблемите. Во една епизода на “South Park”, Комбс и неговите пријатели беа опишувани на начин како да го бркаат Стeн Марш(Stan Marsh), еден од главните личности во шоуто, со оружје заканувајќи му се дека ќе го убијат ако не гласа во училишните избори. На 16 август 2005 година, Шон се појави во “Today Show”(Денешно шоу) и изјави дека го менува своето артистичко име, испуштајќи ја буквата “P”(П) и нарекувајќи се себе само Диди. Меѓутоа, ова го вознемири музичиот артист и Ди Џеј од Лондон- Richard “Diddy” Dearlove, кој побара судска забрана за користење на името, но прифати спогодбен договор надвор од судот во зинос од 110 000 фунти. Како резултат на тоа, Комбс веќе не го користи името Диди во Велика Британија, каде што сеуште е познат како Пи Диди. Во 2005 година, Комбс играше во повеќе улоги, а телевизиската адаптација “A Raisin in the Sun”(Суво Грозје во Сонцето) започна да се емитува во февруари 2005 година. Истата година тој ја продаде својата музичка компанија. Сеуште постои тензија помеѓу него и Лиор Кохен(Lyor Kohen) и Кевин Лајлс(Kevin Liles), но сепак се договорија неговата трага сеуште да биде дел од компанијата.Во едно интервју Диди рече дека создава линија за машки костими. Подоцна во 2005 година како водител на музичките Греми награди , во магазинот “Time”(Време) беше прогласен за еден од 100-те највлијателни луѓе во 2005 година. Комбс својот прв албум во четири години го издаде на 17 октомври 2006 година во музичкото студио “Bad Boy” со појавувања на многу познати музичари, како што се Кристина Агилера(Christina Aguilera), Нас(Nas), Вилијам(William-Black Eyed Peas), Мери Џи Блајџ(Mary j. Blige), Сиара(Ciara), Фарел(Pharrell) и многу други. Албумот достигна на првото место од топ листите уште во првите недели од неговото издавње. Беше изјавено дека Комбс ќе пее на сите песни од албумот, но произлезе дека тој претпочита да рапува, како што е примерот со првата песна од албумот “Come to me”, која што ја изведува заедно со Никол(Nicole) од групата “Pussycat Dolls”. Тој пее на неговата трета песна од албумот “Last Night”(Последна ноќ) заедно со Кејша Кол(Keyshia Cole). “Tell Me”(Кажи ми) која што ја изведува заедно со Кристина Агилера беше издадена како втора песна. Тој побара помош од свиоте фанови преку “MySpace”(Моето место) да изберат која да биде четврта песна на албумот. Тие ја избраа “Through The Pain(She Told Me)”- Преку болката(Таа ми кажа), заедно со Mario Winans(Марио Винанс). Во октомври 2007 година, Пи Диди беше тужен од страна на промотерот на хип-хоп промотерот Џејмс Валдон(James Waldon) за наводно насилство врз него од страна на три телохранители во ноќен клуб во Њујорк. Во март 2008 година, извори тврдеа дека Ноториус и Комбс го организирале 94-от грабеж и обидот за убиство врз Тупак(Tupac), поткрепувајќи го тврдењето со документи од Федералното Биро за Информации(FBI). Весниците подоцна ја повлекоа изјавата, признавајќи дека поддржувачките документи од ФБИ биле фалсификувани. Во август 2008 година, Диди се осмелува да влезе во реалната телевизија со премиера од неговите емисии “I Want To Work For Diddy”(Јас сакам да работам со Диди). По финалето од втората сезона од “Making The Band 4”, Комбс потврди дека ќе се повлече во студиото за да го снима неговиот следен албум. На 19 февруари 2009 година, тој испрати информација на MySpace дека неговиот албум е подготвен за издавање во ноември 2009 година. Пи Диди изјасна дека во неговиот следен албум сака да соработува заедно со Леона Луис(Leona Lewis). Во интервју за “The Daily Mail”(Дневна пошта) кажа дека во својот последен албум соработувал со Кристина Агилера, но во следниот би сакал тоа да биде Леона Луис. Во седмата сезона на CSI-Мајами глуми во две епизоди под своето вистинско име Шон Комбс. Тој создаде раперска група, позната под името “The Dream Team”(Тим Од Соништата). Групата ја сочинуваа Diddy, Rick Ross(Рик Рос), DJ Khaled(Ди Џеј Калд), Fat Joe(Фет Џоу), Busta Rhymes(Баста Рајмс) и Red Café(Ред Кафе). Се зборуваше дека и Fabolous(Фабулус) ќе биде член од групата. Уште од 2009 година, тој снимаше и се претставуваше како дел од групата на Пи Диди-Dirty Money(Валкани пари). Во 2009 година, Диди имаше улога во комичниот филм( под неговото вистинско име Sean Combs)-Get Him To the Greek(Доведи го на Грците), како Sergio Roma(Серхио Рома), издавачка дискографска компанија.

Бизнис вложувања


Во 2002 година, во магазинот “40 Richest People Under 40”(40 Најбогати луѓе под 40 години),
Диди беше на место број еден на најбогатите изведувачи на хип хопот.

Шон Комбс донираше неоткриени суми на Patricia Kirby Foundation(Фондацијата Патрисија Кирби), опрганизација за тинејџерите кои што се борат против булимија, анорексија и други нарушувања во исхраната.Во 2006 година, неговата работа беше вредната со 346 милиони долари, што го направи еден од најбогатите личности на хип хопот. Во 1998 година, ја започна линијата за машка облека, Sean John(Шон Џон).Во 2000 година беше номиниран за машки дизајнер на годината од страна на Совет на модни творци во Америка , а во 2004 година ја освои наградата.Линијата за облека во 2003 година беше подложена на контроверзија кога беше откриено дека некои фабрики кои ја произведуваат облеката во Хондурас биле злоупотребувани од хондурскиот закон за труд.Чарлс Kернаген(Charles Kernaghan), од комитетот за Национален Труд, кој прв ја изложи фабриката, е цитиран во New York Times како вели :” Очигледно Шон Паф Деди има многу облека, затоа слободна може да работи прекуноќно и да им помогне на работниците.” Комбс на тоа одговори дека во неговата компанија Sean John ќе има истрага со “нула толеранција”.На 14 февруари 2004 година, Кернаген на станицата во Пацифија(Pacifia) изјави дека Комбс има направено измени на фабриките “без преседан” вклучувајќи дополнителни клима уреди и системи за прочистување на водата.Во ноември 2008 година, Пи Диди го лансираше неговиот последен машки парфем под брендот Sean John, наречен “I Am King”(Јас сум крал), посветен на Барак Обама(Barack Obama), Маухамед Али(Muhammad Ali) и Мартин Лутер Кинг(Мартин Лутхер Кинг).Во својот блог, тој изјави дека има претседател црнец и дека е време тој да биде црнецот Бонд(Bond).Во ноември 2008 година, во билбордот на “Times Square” открива дека линијата “I Am King” ке биде заменета, наместо Sean John. Гигантскиот билборд моментално е најголемиот принт досега во “Times Square”. Моделот Бар Рeфаели(Bar Refaeli) е избран да биде заштитно лице на парфемот “I Am King”.Како дополнение на неговата линија за машка облека, Пи Диди поседува првокласен синџир на ресторани, именувани по неговиот син Џастин(Justin).Тековниот ресторан се наоѓа во Атланта, а оригиналната локација е во Њујорк и е затворена во септември 2007 година.На 18 септември 2007 година, Пи Диди заедно со Фифти Сент(50 Cent) и Џеј Зи(Jay-Z) заедно работеа на ремиксот “Forbes I Get Money Billion Dollar”.Исто така, тој се појави заедно со Jay-Z на неговиот голем концерт од турнејата во 2007 година.Во октомври 2007 година, Шон Комбс потпишува повеќегодишен договор, во кој ќе помогне да се развие брендот Кирок(Ciroc), една од најдобрите линии за вотка, а притоа профитот ке биде поделен на 50-50 проценти. Овој договор е последниот во кој позната личност преминува преку типичниот начин на поделба на профитот од потпишаниот договор за растот и падот на еден бренд. Диего(Diaego) рече дека за Шон Комбс и неговата компанија “Sean Combs Entreprises”(Претпријатија на Шон Комбс) , договорот може да вреди повеќе од 100 милиони долари, зависно од тоа како се напредува брендот. Оттогаш, тој промовираше многубројни предизвици за Кирок, од кои некои беа претставени за време на изборите во 2008 година. На 21 октомври 2008 година, Комбс ја освои линијата за облека Енис(Enyce) за 20 милиони долари. По продуктивната кампања на Твитер(Twitter) oд комедијантот Крис Гетард(Chris Gethard), Комбс е подготвен да се појави во комедијанското шоу во живо во Њујорк во јануари 2010 година. Во февруари 2010 година, Комбс за си-ен-ен (CNN) изјави дека планира да отвори бизнис школо во Њујорк. Исто така кажа дека сака школо кое е познато создавање на лидери.

 
Комбс со синовите Кристијан и Џастин на премиерата на Спајдермен 3(Spider Man 3)

Личен живот


Шон Комбс никогаш не се ожени, но е биолошки татко на 5 деца и очув на друго дете. Неговата постојана девојка, има син Куинси Јонс Браун(Quincy Jones Brown) роден во декември 1991 година, заедно со романтичниот пеач Џек Свинг(Jack Swing) од 80-те години. Првото биолошко дете на Комбс е Џастин Диор Комбс(Justin Dior Combs) (роден декември 1993 година), кое го добил од неговата средношколска љубов, дизајнерката Миса Хилтон-Брим(Misa Hilton-Brim). Во јануари 2010 година, нашироко беше познато дека Комбс го претставува својот син со автомобилот вреден 360 000 долари и личен шофер за неговиот 16-ти роденден. Неговиот втор син е Кристијан Кејси Комбс(Christian Casey Combs) (роден во април 1998 година) кој што го има со Ким Портер(Kim Porter). Исто така Портер е мајката на двете ќерки близначки на Комбс-Лила Стар Комбс(Lila Star Combs) и Џеси Џејмс Комбс(Jessie James Combs) (родени во декември 2006 година). Комбс и Портер ја завршија нивната врска во јули 2007 година. Во октомври истата година, Пи Диди зема легална одговорност врз Ченс(Chance), негова ќерка со Сара Чепмен(Sarah Chapman). На 13 октомври 2006 година, градоначалникот на Чикаго- Ричард Дејли(Richard Daley), му го даде на Диди клучот на градот и пар копчиња од ракави за да го комеморира свеченото отварање на “Diddy Day” (Денот на Диди) кој се одржува еднаш годишно на 13 октомври. Тој ја имаше честа да ја добие наградата за добротворна работа во градската хала во Чикаго. Во февруари 2007 година, Комбс за магазин зборуваше за својот гардеробер. Го опишува својот стил во 3 збора: Наперчен, вечен и различен. На 2 септември 2007 година, Комбс ја одржа својата девета “White Party”(Бела забава), на која сите гости се ограничени да бидат облечени во бело. Оваа забава, која се одржува во St. Tropez(Светиот Тропез), овој пат беше одржана во неговиот дом “Long Island”(Долг Остров) во Источен Хемптон(East Hampton). Забавата ја карактерзизира белиот тепих кој се простира низ целиот простор и бела облека. За неа, Комбс изјави дека е најдобрата забава од најдобрите три кои ги има приредено, забава која има легендарен статус. На крај вели : ” Тешко е да приредиш забава достојна на својата легенда.”

Кејп Код уреди

КЕЈП КОД (Cape Cod)


Кејп Код, познато само како The Cape, e остров и ‘рт кој се наоѓа на најисточниот дел од државата Massachusetts (Масачусетс), на североисточниот дел од Соединетите Американски Држави. На десната страна од Кејп Код се наоѓаат неколку мали островчиња, вклучувајќи го Monomoy Island (островот Мономој), Monomoscoy Island ( островот Мономској) и Seconsett Island ( островот Секонсет), кои воедно претставуваат и општини заедно со другите помали делови на Кејп. Карактерот со кој што се одликува Кејп се малите гратчиња и големите плажи кои привлекуваат голем број на туристи за време на летниот период.

Кејп Код беше формиран како терминална морена на глечер, резултирајќи како полуостров на Атлантскиот Океан. Во 1914 година, каналот на Кејп Код беше пресечен преку базата на полуостровот и со тоа формираше остров. Комисијата на Кејп Код зборува за промените кои што излегоа на еден осторв, исто како што на тоа се наврати и Агенцијата за итно државно управување во поглед на подготвителна штета.

Неофицијално, ова е еден од најголемите гранични острови на цел свет, кои го заштитуваат најголемиот дел од крајбрежјето на Масачусетс од бурните бранови на Атлантскиот Океан. Оваа заштита помага да се поткопаат крајбрежјата на Кејп за сметка на карпите, а воедно им нуди заштита и на блиските градови.

 
Гранична плажа која ја спречува ерозијата

Моторните возила на главните патишта поминуват низ каналаот на Кејп Код преку Sagamore Bridge( мостот Сегамор) и Bourne Bridge (Бурн). Двата мостови се паралелни, со тоа што мостот Bourne е малку подалеку од јужнозападниот дел. Освен тоа, мостот на железничкио канал на Кејп Код извршува превоз на стока, а исто така нуди и услуги за туристичките патници.


Географија и политички поделби


Надморската височина на Кејп Код е 93 метри, на врвот на Pine Hill (Пајн Хил), во делот на Bourne па се до морското ниво. Текот на водата која што е сместена помеѓу Кејп Код и крајбрежјето, па се до границите на северниот дел на заливот на Масачусетс е заливот Кејп Код. Западно од Кејп Код се наоѓа Buzzards Bay ( заливот Базард ). Каналот Кејп Код, кој што беше завршен во 1916 година, ги поврзува заливот Базард и заливот Кејп Код, а со тоа ги крати трговските патишта помеѓу Њујорк и Бостон со цели 62 милји. На северниот дел на Кејп Код лежат Nantucket Sound; Nantucket and Martha's Vineyard- два големи острови, а тука се наоѓа и најголемиот приватен остров, Elizabeth Islands( Елизабета острови).

Кејп Код се поврзува со сите делови на Барнстебл, кој вклучува 14 места : Bourne( Бурн ), Sandwich(Сендвич), Falmouth(Фалмут), Mashpee(Месфи), Yarmouth(Јармут), Harwich(Харвич), Dennis(Денис), Brewster(Брустер), Chatham(Чатам), Orleans(Орлинс), Eastham(Истхем), Wellfleet(Велфлиит), Truro(Труро), и Provincetown(Провинстаун) и еден град Barnstable( Барнстебл).

Две од овие четиринаесет места (Бурн и Сендвич), вклучуваат земја од крајбрежната страна на каналот Кејп Код . Градовите Plymouth(Плајмаут) и Wareham(Верхем), понекогаш се сметаат како дел од Кејп Код , иако не се наоѓаат на островот.

Во 17 век, именувањето на Кејп Код беше применето само на крајот од полуостровот, всушност до крајното место, денешниот Провинстаун. Низ наредните декади, името започна да се употребува и во земјите источно од реките Manomet(Маномет) и Scusset(Скасет), особено во почетокот на дваесетиот век. Денес, комплетираните градови Бурн и Сендвич, нашироко се сметани како градови кои се вклучени во целосниот периметар на Кејп Код, и покрај тоа што некои мали делови од овие градови се сместени на западната страна од каналот.

Каналот го дели најголемиот дел на полуостровот од крајбрежјето, и промените кои што прозилегуваат во пространството понекогаш влијаат на островот. Како дополнување, некои "Cape Codders"- жителите на Кејп Код, се однесуваат на цела земја од страната на каналот како да не се дел од Кејп.

 
Градови од областа на Барнстебл

Во 18, 19 и 20 век, се сметаше дека Кејп Код се состои од 3 делови :

  • The Upper Cape( Горниот дел на Кејп ) е делот од Кејп Код најблизу до копното, а тука спаѓаат градовите : Бурн, Сендвич, Фалмут и Месфи.

Фалмут е седиштето на познатата Oceanographic Institution ( Океанографска институција) и на многу други истражувачки организации. Истовремено, претставува и најчесто користениот траект за поврзување со Martha's Vineyard (Хаваната Марта ). Фалмут се состои од неколку одделни села, вклучувајќи го East Falmouth(Источен Фалмут) , Falmouth Village(Село Фалмут) , Hatchville(Хачвил) , North Falmouth(Северен Фалмут) , Teaticket(Титикет) , Waquoit(Вакуат) , West Falmouth(Западен Фалмут) и Woods Hole(Вудс Хол), а исто така и неколку помали селца поврзани во нивното големо соседство.

  • The Mid-Cape( Средишниот дел на Кејп) ги вклучува градовите како што се : Барнстебл, Јармут и Денис( не вклучувајќи го пристаништето на Денис).

Областа на средниот Кејп се карактеризира со многу прекрасни плажи, вклучувајќи ги плажите со топла вода, како што е на пример Kalmus Beach( плажата Калмус) во Hyannis (Хајанис), која што го добила своето име од еден од измислителите на Technicolor (Техниколор) - Herbert Kalmus (Херберт Калмус).


Оваа популарна дестинација за сурфање на ветер беше пренесувана со традиции во градот Barnstable од страна на доктор Калмус со услов дека нема да биде развивана. Ова е можеби еден од првите случаи на зачувување на отворено место. Овој среден дел на Кејп Код е исто така трговски и индустриски центар на регионот. Има седум села во Barnstable, а тие се : Barnstable Village(село Барнстебл), Centerville(Центервил), Cotuit(Кутуит), Hyannis(Хајанис), Marstons Mills(Марстонс Милс), Osterville(Остервил), и West Barnstable(Западен Барнстебл), вклучувајќи неколку мали селца кои што се вклучени во нивното големо соседство. Селата во Јармут се South Yarmouth(Јужен Јармут), West Yarmouth(Западен Јармут) и Yarmouth Port (Јармут пристаништето). Во Денис има пет села вклучувајќи ги North Dennis(Северен Денис), East Dennis(Источен Денис), и South Dennis(Јужен Денис). Пристаништето на Денис се смета како да спаѓа во долниот дел на Кејп Код.

  • The Lower Cape(Долниот дел на Кејп) традиционално го вклучува целиот преостанат дел на Кејп Код, а тука спаѓаат градовите : Harwich(Харвич), Brewster(Брустер), Chatham(Чатам), Orleans(Орлинс), Eastham(Истхем), Wellfleet(Велфлиит), Truro(Труро), и Provincetown(Провинстаун).

Пристаништето во Денис кое што всушност е село во Денис, се смета дека спаѓа во долниот дел на Кејп Код. Областа на долниот дел на Кејп Код го вклучува Cape Cod National Seashore (Националниот морски брег на Кејп Код), потоа Национален парк во кој спаѓа голем дел од Кејп, вклучувајќи го источното крајбрежје, а воедно претставува седиште за едни од најпопуларните плажи во Соединетите Американски Држави како што се Coast Guard Beach и Nauset Light Beach во Eastham. Stephen Leatherman(Стивен Литермен),исто познат и како "Dr. Beach", плажата Coast Guard Beach ја стави на петото место на најдобри плажи во Америка за 2007 година. Поголемите села во Харвич се : Harwich Port(Пристаниште Порт), Harwich Center(Централен Харвич), South Harwich(Јужен Харвич), Pleasant Lake(Плезант Лејк), West Harwich(Западен Харвич), East Harwich(Источен Харвич) и North Harwich(Северен Харвич). Едни од поголемите села во Чатам се : North Chatham(Северен Чатам), West Chatham(Западен Чатам) и South Chatham(Јужен Чатам). Во Брустер спаѓаат три области : South Brewster(Јужен Брустер), West Brewster(Западен Брустер) и Brewster(Брустер). Најголеми села во Орлинс се : East Orleans(Источен Орлинс) и South Orleans(Јужен Орлинс). Главно, Истхем е поделен во Западен Истхем. Јужен Велфлиит е најголемо село во Велфлиит. Најголема област во Труро е Северно Труро и Провинстаун, каде што има само едно село.


“Горен” и “Долен” дел на Кејп

Термините “Горен” и “Долен”, како што се нарекуваат во Кејп, немаат никаква врска со северен и јужен дел. Како замена, тие потекнуваат од поморската конвенција за време кога беа вклучени основните средства од превозувањето и широко прифатените западни ветрови, што значи дека чамчиња со едрилици кои што пловат североисточно од заливот на Кејп Код ќе си го добијат ветрот назад и притоа ќе се движи надоле, додека оние со тешки едра кон југозапад ќе се движат наспроти ветерот, или над него. Слично на ова, во близина на Martha's Vineyard, "Up Island"(горниот дел на островот) сеуште е западен оддел, додека "Down Island"(долниот дел на островот) е на источниот оддел, а во Maine(Мејн), "Down East" е слично дефиниран од ветровите и течната струја.

Со тек на времето, причините за традиционалнта номенклатура станаа непознати, а нивното значење нејасно. Подоцна во деведесеттите, новодојдените почнаа градовите од Орлинс до Провинстаун да ги именуваат како "Outer Cape"( Поодалечен Кејп ), а и уште еден описно географско именување, кое сеуште е во употреба - "Inner CAPE"( Поблизок Кејп).


Геологија


Кејп Код формира продолжен архипеолошки регион со тенка линија од острови кои што се протегнуваат кон Њујорк, историски познат од натуралисти како што е Outer Lands(Аутер Лендс). Оваа продолженост е поради тоа што островите и Кејп се сите терминални морени кои што лежат уште од пред 12 000-16 000 години. Најголемиот дел од геолошката историја на Кејп Код се истакнува со напредокот и отстапувањето на Laurentide ice sheet (вечниот мраз Лорентид) во доцната геолошка ера и честите промени на морското ниво. Користејќи ги техниките на радиоактивните методи, истражувачите ова го утврдија пред околу 23 000 години. Ледената површина го достигна својот максимален напредок на југоисточната страна на Северна Америка и тогаш започна да отстапува. Многу мали бари станаа бистри, студените езера беа создадени и останаа во Кејп Код како резултат на глечерот кој тогаш беше во опаѓање.

За околу 18 000 години, вечниот мраз стана минато за Кејп Код. Пред 15 000 тешки години, отстапи од јужниот дел на Нова Англија. Кога најголемиот дел од водата на Земјата беше “заробена” во голема количина од вечниот мраз, нивото на морската вода беше намалено. Крајбрежните места во Труро порано биле распространети со шума, пред да станат плажи. Откако мразот почна да се топи, морето започна да се зголемува. На почетокот, нивото на морето се зголемуваше брзо, околу 15 метри за 1 000 години, но тогаш размерот почнал да опаѓа. На Кејп Код, нивото на морската вода растеше цели 3 метри во еден милениум, пред 6 000 и 2 000 години. После тоа, продолжи да се зголемува за само еден метар во еден милениум. Пред 6 000 години, нивото на водата беше доволно високо за да започне да ги подрива кристализираните наталожувања во кои што исчезнатиот континентален вечен мраз “отседна” на Кејп Код. Водата ги пренесе подриените наталожувања на север и на југ се до не толку далечното крајбрежеје на Кејп. Преработените талози кои што беа преместени северно, заминаа на крајот од островот.

Provincetown(Провинстаун), кој што се наоѓа на крајот од Кејп Код, се состои најмногу од марински слоеви кои се пренесуваат и подалеку од островот. Талозите кои се приближија јужно ги создадија островите и јатата риби на Monomoy(Мономој). Поради тоа, додека другите делови на Кејп се намалуваа поради дејствата на брановите, овие делови од островот се зголемуваа.

 
Кејп Код и заливот на Кејп

Овој процес продолжува и денес. Поради нивната позиција со испапчување кон Атлантскиот Океан, Кејп Код и останатите земји се подложени на масовна крајбрежна ерозија. Поради ерозијата, најавуваат геолозите, целиот остров за неколку илјадници години ќе биде потопен од морето. Оваа ерозија предизвика големи дупки на плажите и уништување на бариерните острови. На пример, океанот надојде низ островот на Chatham(Чатам) во 1991 година, обезбедувајќи им на брановите и бурите да го уништат крајбрежјето без попречување. Последично на тоа, талогот и песокот од плажите беа отстранети и пренесени на друго место. Додека ова уништува земји на некои места, или создава на други, важно е да се напомене дека најзабележително е кај мочуриштата каде што талогот е надојден од водите кои што поминуваат низ него.

  • Источно од Америка, на отворениот Атлантик се наоѓа последниот фрагмент од древната, и сега исчезната земја. Однесена од големите бранови и дождовите, распадната од ветровите... таму сеуште ја има формата. – Henry Beston(Хенри Бестон)


  Клима

Иако времето во Кејп Код е поумерно за разлика од оние места што се по оддалечени од брегот, имало и случаи кога Кејп Код бил најтешко погоден од крајно силно невреме(како што е случајот Blizzard во 1954 година и ураганот во 1938 година). Поради влијанието на Атлантскиот Океан, температурите всушност се неколку степени пониски за време на летниот период, а неколку степени повисоки во зимскиот. Друга погрешна претстава е дека климата има големо влијание од речната струја која што е топла на заливот Stream(Стрим). Сепак, речната струја се сврти источно од крајбрежејето на Вирџинија и водите кои што се надвор од Кејп имаат поголемо влијание од студената речна струја на Labrador(Лејбрадор). Како резултат на тоа, океанската темепература ретко се искачува над 18 ̊̊ С , освен кај плитките води на крајбрежјата на Upper Cape.

Ноторен факт е дека климата на Кејп Код е лоша во продолжената пролетна сезона, опкружена со океанот којшто сеуште е студен од зимата. Сепак, познато е дека за така блага крајна сезона(Indian summer – Индијско лето), благодарение на океанот, топло е уште од летниот период. Највисоката темепература некогаш достигната на Кејп Код е 40 ̊ С (Во Провинстаун), а најниската -24 ̊ С (Во Барнсетбл).

Водите кои што го опкружуваат островот ја умеруваат температурата во зима доволно за да ја прошири отпорната зона 7а на USDA(United States Department of Agriculture – Министерство за земјоделие во Соединетите Американски Држави) до нејзината најсеверна граница во источниот дел на северна Америка. Дури и со зоната 7а (годишно е ниска = 0-5 степени ) која ја претставува температурата годишно, имаше неколку случаи со температури во Кејп кои достигнаа неколку степени под нулата( иако е ретко, обично 1 – 5 пати годишно, зависно од местото, но понекогаш воопшто не зависи од истото).

 

Врнежите на Кејп Код и на островите, како што е во Nantucket(Нантакет), се најслаби во регионот на Нова Англија, што просечно изнесува помалку од 40 инчи(1 000 мм) годишно( во најголемиот дел од Нова Англија во просек изнесува 42-46 инчи). Ова е поради системите за невреме кои што се поместуваат кон западните области, изградувајќи се во планински региони и исчезнување пред да го достигнат крајбрежјето на место каде што земјата се зголемила. Сепак, овој регион не може да се пофали со многубројни сончеви денови како што се деновите во кои што преовладува облачното време, со присуство на магла. Во просек, се забележуваат 24 инчи снег, што е стапка и половина во Бостон за време на зимскиот период. Тропските бури обично го напаѓаат Кејп Код. Еднаш во 5 или 6 години, тропска бура придружена со многу силни и потенцијално уништувачки ветрови и слаби дождови, го погодуваат регионот. Еднаш во 11 или 12 години на островот, ураган носи уништувачки ветришта и опасни бури. Бури од одредена категорија 3 го нападнаа Кејп Код откако започна рекордот за заштитување, како што се ураганот Боб во 1991 година и ураганот Дона во 1960 година.



   Домашно население



Многу векови Кејп Код претставуваше живеалиште на родот на северноамериканските Индијанци. Тие преживуваа благодарение на морето и беа многу успешни земјоделци. Тие ги разбраа начелата на управувањето на одржливото шумарство и беа познати по палењето на контролните огнови за да се заштитат во грмушките. Тие им помагаа на пуританците кои што пристигнаа во Соединетите Американски Држави во 1620 година, а воедно преживеаа во нивната нова колонија Плајмаут. За тоа време, Kakopee ( Какупи ) беа доминантната група, попознати во нивната способност за риболов. Тие беа првите северноамерикански индијанци кои што користеа мрежни кастинзи. Првите колониски доселеници забележаа дека Какупи се приближно 7 000.

Малку по пристигнувањето на пуританските доселеници, шефот на Какупи, Mogauhok(Могахок), се обиде да направи договор со кој ќе ги ограничува колониските доселеници. Обидот не успеа откако тој потклекна на големата сипаница во 1625 година. Инфекциските зарази како што е големата сипаница, морбилата и грипот предизвикаа многу смртни случаи кај Какупи и Вампаног. Тие немаа природен имунитет на евроазиските болести, а тогаш ендемски помеѓу англичаните и европејците. Денес, единствениот потсетник на Какупи е мала јавна област во Барнстебл, именувана по нив. Историјата го одбележа погребот на Могахок близу Труро, иако локацијата е само претпоставка.

Додека градежните работници ископуваа бунари во источната област на Масачусетс, тие пронајдоа археолошко откритие. Ископувањето беше изнесено на виделина во селото на Какупи во Forestdale(Форестдејл), место кое што се наоѓа во Сендвич. Истражувачите пронајдоа тотем со нацртан лик од Могахок, прикажана во наметката и на копчето на неговиот шеф. Тотемот беше пронајден на имотот на Grand Oak Road (Гренд Оак Роуд). Претставува прв доказ, поразличен од другите колониски докази во водство на главниот на Какупи. Индијанците ги изгубија своите земји преку продолжените купувања и оттуѓувања од англиските колонисти. Документарецот Natives of the Narrowland од 1993 година, раскажуван од актерката Julie Harris (Џули Харис), ни ја покажува историјата на луѓето кои што се наоѓаат на арехеолошките места на Кејп Код.

Во 1974 година, Советскиот трибунал на Месфи Вампаног беше формиран со цел да ја изразува загриженоста на оние кои што имаат потекло на Нова Англија. Тие потпишаа петиција против државната влада во 1975 година и повторно во 1990 година за службено признавање на Месфи Вампаног како племе. Во мај 2007 година, племето на Вампаног конечно беше признато од државата како народ.


Историја

Според најраните истражувања, Кејп Код претставуваше само епохално откритие. Можеби Promontory of Vinland беше споменато од страна на некои скандинавски патници(од 985 до 1025 година). Областа на реката Манамет, денешен канал на Кејп Код, ја посети Leif Ericson(Лејф Ериксон). Во 1524 година, кон југот се приближи Giovanni da Verrazzano (Џовани де Верецано). Тој лозјето Марта го преименува во Калудија, по мајката на кралот во Франција. Наредната година пак, истражувачот Esteban Gómez(Естебан Гомез) островот го нарече St. James.(Свети Џејмс).

Во 1602 година, Bartholomew Gosnold(Бартоломеј Госнолд) го именува островот со името Cape Cod, преживеаниот термин и деветтото по ред најстаро англиско име во Соединетите Американски Држави. Во 1606 година, Samuel de Champlain(Самуел де Чемплејн) го пласира својот песок-тиња, а Henry Hudson(Хенри Хадсон) во 1609 година го атерира. Капетанот John Smith(Џон Смит) во 1614 година на својата мапа го одбележа местото и на крај пуританците влегоа на островот– спротивно од популарниот мит, го направија своето прво застанување близу до денешниот Провинстаун, на 11 ноември 1620 година. Во близина на денешниот Истхем, тие ја имаа својата прва средба со северноамериканските индијанци.

Кејп Код беше меѓу првите места населено од Англичаните во Северна Америка. Со исклучок на Барнстебл (1639 година), Сендвич(1637 година) и Јармут (1639 година), останатите петнаесет градови на Кејп Код се развиваа бавно. Последниот град кој што се разви на островот беше Бурн во 1884 година. Провинстаун беше група од дрвени колипки се до осумнаесетиот век. Каналот од заливот на Масачусетс до Бузард каналот. е прикажан на мапата од 1717 година. Каналот кој што денес се наоѓа на Кејп Код се развиваше бавно од 1870 до 1914 година. Во 1928 година беше купен од страна на Федералната влада .

Поради раните колониски доселувања и интензивната употреба на земјата, откако Henry Thoreau(Хенри Тореу) го разгледа Кејп Код за време на неговите четири посети во период од 1849 до 1857 година, неговата вегетација беше намалена, а дрвата стануваа реткост. Откако доселениците почнаа да се загреваат со огините, беа употребувани од десет до дваесет канапи од дрва за да се загрее живеалиштето, а и го исчистија Кејп Код од пошуменото земјиште. Тие засадија фамилијарни насади, но овие не се совпаѓаа со посната почва на Кејп, глацијално лишената земја. За многу кратко време, Кејп беше посеан со пченица, жито. Доселениците практикуваа да ги запалт пошумените земјишта со цел да ги ослободат хранливите материи што се наоѓаат во почвата. Несоодветното и интензивното земјоделие доведе до ерозија и до загуба на горниот слој на почвата. Земјоделците ја тераа на пасење нивната стока на тревната дуна на крајбрежието од Масачусетс, единствено за да гледаат “во хорор додека соголениот песок “шета” низ богатата земја, закопувајќи ги култивираните земјишта и огради”. Дуните на другиот крај на Кејп Код станаа по познати и многу засолништа се потполнија со нагризената почва.

Во 1800 година, најголемиот дел од шумската површина мораше да се пренесе со брод надвор од Maine (Мејн). Недостатокот на вегетација беше влошен со зголемувањето на мерино овците кои што го достигнаа својот врв во Нова Англија во 1840 година. Раната индустриска револуција , која што се појави во најголем дел во Масачусетс и островот Роуд , го заобиколи Кејп Код поради недостиг на недоволно струење на водата во таа област. Како резултат на тоа, а исто и поради географската положба, Кејп се разви како голем центар за риболов и ловење китови. По 1860 година и по отварањето на American West( Американскиот запад), земјоделците го напуштија земјоделството на Кејп Код. Од 1950 година, шумите се се подобрија и се проширија дури во осумнаесетиот век.

Кејп Код стана летен рај за градските народи од почетокот на 19 век. Напредувањето на железничкиот сообраќај ги направи грдовите во внатрешниот дел од островот, како што се Бурн и Фалмаут, достапни до Бостон. На почетокот на дваесетиот век, елитата на северноисточниот дел изгради многу големи колипки околу заливот Бузард. Релаксирачката летна околина што ја нуди Кејп Код беше високо оценувана од страна на писатели како што е Joseph C. Lincoln (Џозеф Линколн), кој што издаде романи и безброј кратки раскази за народот на Кејп Код. Сето тоа беше напишано во популарните магазини како што се Saturday Evening Post и Delineator.

Guglielmo Marconi(Гуглиелмо Маркони) го направи првиот преведувачки безжичен пренос кој започна во Соединетите Американски Држави – во Кејп Код , Велфлит. Плажата од која пренесуваше се викаше Marconi Beach(Маркони). Во 1914 година, ја отвори поморската безжична станица во Чатем. Ги поддржуваше врските со Amelia Earhart(Амелија Ирхарт), Howard Hughes(Хауард Хагес), Admiral Byrd( Адмирал Бирд). Изборот на Маркони беше Чатем поради добрата положба од Атлантскиот Океан, опкружен од трите страни со вода. Walter Cronkite(Волтер Кронкит) во 2005 година раскажува во 17 минутен документарец за историјата на станицата во Чатем.

Најголемиот дел на источното крајбрежје на Атлантикот во Кејп Код се состои од широки и песочни плажи. Во 1961 година, многу важен и голем дел од ова крајбрежје започна со поделбите на куќите кое беше дел од Националниот морски брег на Кејп Код од претседателот John F. Kennedy(Џон Кенеди). Сето тоа беше заштитено од приватни развивања и беше ограничено за јавна употреба. Поголем дел се отворени за јавноста, вклучувајќи ја страницата на Маркони во Велфлит. Има дел кој ја опкружува страницата од првите повратни океански радио емитувања од Соединетите Американски Држави. Theodore Roosevelt(Теодор Рузвелт) ја користеше опремата на Маркони за неговото пренесување.

Затворениот простор на Кенеди во Хајаниспорт беше белата куќа во летниот период за време на неговото претседателство, а фамилијата на Кенеди продолжи да ја одржува резиденцијата во затворениот простор. Други важни резиденции на Кејп Код се на актерката Julie Harris(Џули Харис), Врховниот суд во С А Д, композиторот Canary Burton(Кенери Буртон), писателите Norman Mailer(Норман Мејлер) и Kurt Vonnegut(Курт Вонегат). Други значајни личности се патриотот James Otis(Џејмс Отис), историчар и писател Mercy Otis Warren(Мерси Отис Варен), правникот Lemuel Shaw(Лемуел Шо) и морнаричкиот офицер John Percival(Џон Персивал).


Светилниците во Кејп Код

 
Светилник во Провинстаун (1876)

Поради своите константно опасни јата кои што се преместуваат, на бреговите на Кејп Код се наоѓаат светилници кои што предупредуваат за опасностите уште многу рано во својата историја. Има голем број функционални светилници на Кејп Код и островите, вклучувајќи ги Highland Light(Хајленд Лајт), Nauset Light(Носет Лајт), Chatham Light(Чатем Лајт), Race Point Light(Рејс Поинт Лајт) , и Nobska Light(Нобска Лајт), најчесто управувани од крајбрежната стража на Соединетите Американски Држави. Исклучок е Nauset Light, кој што беше повлечен од употреба во 1996 година, а сега е одржуван од здружението за светлосна заштита во Носет под покровителство на националниот морски брег на Кејп Код. Најчесто овие светилници претставуваат фотографирани симболи на Кејп Код.

Другото вклучува :

Горниот дел на Кејп Код : Wings Neck

Средишниот дел на Кејп Код : Ѕandy Neck, South Hyannis, Lewis Bay, Bishop and Clerks, Bass Rive

Долниот дел на Кејп Код : Wood End, Long Point, Monomoy, Stage Harbor, Pamet, Mayo Beach, Billingsgate, Three Sisters, Nauset, Highland

“Светилниците, уште од старо време, ги фасцинираа членовите на човечкиот род. Има нешто за осветлените светилници што иснпирира надеж и верба и го повикува добриот инстинкт на човечкиот род. “ - Edward Rowe Snow (Едвард Роу Сноу).


Превозни средства

Кејп Код е поврзан со копното со неколку канал - автопати и мостови со Bourne (Бурн) и Sagamore (Сегамор) кои што беа изградени во 1930 година, а е поврзан и со железнички мост за вертикален превоз. Огрничениот број на достапни места на полуостровот може да резултираат во голем резервен сообраќај за време на туристичката сезона.


Целиот остров е преполовен вдолж приближно со U.S. Route 6( Автопат 6 на С А Д), повеќе познат како автопат на средишниот дел на Кејп Код, а службено како големата армија на автопатот во републиката.

Трговската воздушна служба на Кејп Код работи надвор од Barnstable Municipal Airport(Општинскиот аеродром во Барнстебл) и Provincetown Municipal Airport(Општинскиот аеродром во Провинстаун). Неколку автобуски линии нудат услуги во Кејп Код. Такви превзони врски има од Бостон до Провинстаун, а исто и од Хајанис и Вудс Хол до останатите места.

Кејп Код има мрежа на јавни превози сочинувајќи автобуси раководени од три различни компании, железничка линија, такси и паратранспортни услуги.

Автобуси

 
The Bourne Bridge over the Cape Cod Canal, with the Cape Cod Canal Railroad Bridge in the background




Регионалната преносна власт во Кејп Код управува и ја услужува јавноста во текот на целата година,но системот опфаќа три долги дестинации по патиштата и раководи со локални автобуси во Хајанис и селото Барнстебл. Од средината на јуни па до Октомври, дополнителни локални патишта се додадени во Фелмаут и Провинстаун. Оваа власт исто така работи и со административната единица на Барнстебл, неговата служба, под името B-Bus(Би бас).

Автобуските линии на долги релации се достапни низ Плајмаут и железничката станица на Броктон, со редовна линија до Бостон и Logan Airport(Аеродромот Логан), исто така има, но помалку чести линии до Провинстаун. Peter Pan Bus Lines(Абтобуските линии Петар Пан) имаат долги релации до провидението – Зелен аеродром и Њујорк.


Железнички станици

Редовните железнички линии за патниците низ Кејп Код завршија во јуни 1999 година. Во 1978 година, патеките источно од South Dennis(Јужен Денис) беа отстранети и заменети со железничка станица на Кејп Код. Друга велосипедска патека беше изградена покрај заменетите патеки помеѓу Вудс Хоул и Фалмаут во 1975 година. Покрај предностите и слабостите на железниците, патеките беа раздвоени помеѓу северниот дел на Фалмаут и Северен Фалмаут( 6.3 милји или 10.1 км ) во април 2008 година откако претставникот и адвокатот Eric Turkington(Ерик Тукингтон) потпиша законодавство за да ја претвори контроверзната линија во железничка.

Активната служба за превоз на стока остана во областа на горниот дел на Кејп Код, во Сендвич и во Бурн, поради лошите критики за станицата која што се наоѓа кај воената резервација на Масачусетс низ железничката линија помеѓу Бурн и Фалмаут. Во 1986 година, Amtrak (Амтрак) управуваше со сезонските линии во летниот период кои што беа од Њујорк до Хајанис и беа наречени Cape Codder(Кејп Кодер). Од 1988 година, Амтрак и одделот за врски во Масачусетс ја зголеми службата со тоа што направи секојдневни линии. Од својот крај во 1996 година, имаше периодични расправии за повторно поставување на железничките станици од Бостон, а воедно намалување на сообраќајот до и од Кејп Код, со служба во Бурн кои што бараат проширување на линиите од Мидлеборо и заливот Базард и покрај колебливото законодавство на Beacon Hill (Бикон Хил).

Централната железничка станица на Кејп Код ги пренесува патниците низ целиот остров. Некои линии првично се туристички ориентирани и нудат вечера во возот. Сценкиот пат помеѓу центарот на Хајанис и каналот Кејп Код е околу два часа и дваесет минути патување. Железничката станица која што се наоѓа на крајбрежјето на Масачусетс има во план да ја врати во иднина линијата за патниците барем од Бурн до Фалмаут. На 5 август 2009 година, на каналот вести за Нова Англија, го именуваа проектот за железничка станица на јужниот дел од крајбрежјето како приоритет за печатите. Пратениците напоменаа проект за железничките вреден околу 1.4 милијарди долари кој ќе биде од гувернерот Deval Patrick(Девал Патрик), а воедно би значело повторно пуштање на линија на старите возови. На 21 ноември 2009 година, градот Јужен Фалмаут го доби својот прв патнички воз за 12 години, неколку вечерни возови од централен Кејп Код.


Такси

Огромен е бројот на такси возилата со неколку различни такси компании кои што управуваат во разни делови на Кејп Код. Освен на аеродромите и на некои автобуски станици, кабините мора да се резервираат на време со повеќето информации кои претпочитаат да ги даваат оператоприте од два до три часа. Кабините не се застапени секаде низ Барнстебл, беа забранети во почетокот на деведесеттите години, бидејќи беа направени неколку грабежи врз возачите.

Повеќето компании користат Њујорк-стил таксиметар и наплаќаат врз основа на дистанца, плус почетна цена од 2 до 3 долари. Во Провинстаун, таксињата наплаќаат иста цена на билет за секој каде и да се наоѓа во градот.


Туризам

Иако Кејп Код преку целата година има население од околу 220 000, преполно е со туристи секое лето, а притоа почетокот и крајот од секое е задолжително обележан со Меморијалниот ден и Денот на трудот. Многу деловни работи се наменети за туристите во летниот период(иако во сезоната во последните години нешто се проширило поради индијанското лето), намалени цени, како и бројот на луѓето кои што се во посета на Кејп Код по денот на трудот- кои имаат или немаат училишна возраст, и постари лица, намалувајќи ја сезоната за шест до седум месеци. Во доцниот период на дваесетиот век, туристите и сопствениците на вторите домови започнаа да го посетуваат Кејп Код се повеќе и повеќе на пролет и есен, омекнувајќи ја дефиницијата за големата сезона и проширувајќи ја. Некои особено познати Кејп производи и индустрии вклучуваат малини, школки(особено остриги и школки) и јастози.

Провинстаун, кој што се наоѓа на врвот на Кејп Код, може да се пофали со неколку сидришта за гледање на китови кои што патролираат во националната поморска банка за светилиште Stellwagen(Стелваген).

 
Хајанис

Најголемиот број на флоти гарантираат набљудување на китовите ( најчесто грбавите китови, перките на китот, неговата кожа и изложените на опасност- северно атлантските китови ), а постои само една државна квалификувана операција која што има за задача да спасува китови. Провинстаун долго време беше познат како уметнисчка колонија, привлекувајќи писатели и актери. Овој град претставува дом за Кејп Код и најпосетуван музеј, музеј и заедница на уметностите во Провинстаун. Многу хотели и одмаралишта се посетувани од туристи хомосексуалци и лезбејки, а во летниот период Провинстаун е познат како вистинска Мека за хомосексуалците.

Кејп Код е популарна дестинација насекаде низ светот кога станувља збор за забава на плажи. Со своите 559.6 милји (900.6 км) од крајбрежја, плажи, и јавни и приватни, се лесно достапни. Кејп Код располага со повеќе од 60 јавни плажи, од кои многу нудат паркинг за посетителите за дневна цена ( во летниот период ). Националното крајбрежје на Кејп Код изнесува 40 милји (64 км) со песочни плажи и многу патеки за шетање. Кејп Код е познат по своите надворешни активности како што се прошетките на плажа, возење велосипед, едрење, риболов, играње карти, голф, минијатурен голф и извонредни шопинзи. На Кејп има вкупно 27 јавни дневни голф турнири и 15 приватни. Сместување и појадок, како и куќите за одмор најчесто се користат за издавање. Секое лето музичкиот фестивал Нокабаут се одржува во Иточен Фалмаут, (најчесто) за време на првиот викенд во Август. На овој музички фестивал има локални, регионални и национални таленти , одржувани со храна, уметност и фамилијарни пријателски активности.


Видови риби

Насекаде низ светот, Кејп Код е познат по спортовите кои што се оддржуваат од пролет до есен. Помеѓу видовите кои што се најзагрозени се пругест костреш, сина лагуна, туна, паламида и многу други. Страната на Кејп Код каде што се наоѓа заливот Кејп, од Сендвич до Провинстаун има неколку пристаништа, заливи на солена вода и крајбрежја кои што имаат мали риби кои претставуваат привлекување за поголемите риби во игра, како што се пругестите костреши, сината лагуна и туната.

Надворешниот дел на Кејп Код, од Провинстаун до Фаламут, гледа право во лице со отворениот Атлантик од Провинстаун до Четам, а потоа со позаштитените води од Нантакет до Вињард, од Четам до Фалмаут. Исто така, заливите, пристаништата и бреговите низ ова крајбрежје обезбедуваат цврсто живеалиште за поголемите видови, а за време на последните денови од летото, видовите кои што се наоѓаат во топлите води како што се махи-махи и големите морски риби се појавуваат во јужните води од Кејп Код. Скоро секое живеалиште на Кејп Код им озвозможува добар риболов на посетителите со изнајмени бротчиња кои што пловат од мај до октомври.


Спортови

Кејп Код има девет аматерски француски екипи кои што играат бејзбол во рамките на Барнстебл во бејзболската лига на Кејп Код.


Wareham Gatemen(Верхем Гејтмен) учевствува во бејзболската лига на Кејп Код во близина на Верхем, Масачусетс во Плајмаут. Оваа лига е создадена во 1923 година, иако некои траги водат потекло уште од 1886 година. Во лигата учевствуваат следните тимови : Bourne Braves(Бурн Брејвс), Brewster Whitecaps(Брустер Уајткепс) , Chatham Anglers(Четам Енглерс) (формирани како Четам Атлетикс-Chatham Athletics), Cotuit Kettleers(Кутит Кетлирс) , Falmouth Commodores(Фалмаут Комодорес), Harwich Mariners(Харвич Маринс), Hyannis Harbor Hawks(Хајанис Харбор Хокс( формирани како Хајанис Метс- Hyannis Mets), Orleans Firebirds(Орлинс Фајрбрдс)(првично Орлинс Кардиналс-Orleans Cardinals), Wareham Gatemen(Верхем Гејтмен) и Yarmouth-Dennis Red Sox(Јармут-Денис Ред Сокс). Постојат професионалци во овие спортови кои што “ловат” таленти во летниот период, ѕвездите на иднината.

Исто така, Кејп Код претставува национален топол кревет за хокеј и бејзбол. Покрај безболската лига на Кејп Код и новиот тим на џуниори во хокеј-почетници на Кејп Код, многу средношколски играчи беа барани за сериозно. Барнстебл и Харвич испраќаа повеќе играчи во безбол на факултетите. Харвич освои три државни титули во последните дванаесет години (1996, 2006 и 2007 година). Неодамна, Бурн и Сендвич, познати како најголеми противници во хокеј, го освоија државниот шампионат. Бурн во 2004 година, а Сендвич во 2007 година. Други познти места во хокеј се Nauset, Barnstable, и Martha's Vineyard. Барнстебл и Фалмаут ја носат титулата на едно од најдолгите фудбалски ривалства. Тимовите играа меѓусебно секоја година на Денот на благодарноста уште од 1895 година. Женските одбојкарски тимови од Бурн и Барнстебл се две од најдобрите екипи во Барснтебл и во цела држава. Во 2003 и 2007 година, Бурн ја освои државната титула. Во изминатите 15 години, Барнстебл издвои 12 победи, една државна титула и повторн ја освои во последните две години. Во 2010 година, јавното училиште остана виртуално непоразено низ најголемата сезона.

Кејп Код претставува и дом за Cape Cod Frenzy( Лудилото Кејп Код), тим во здружението на американската кошарка. Фудбалот во Кејп Код е доста развиен, претставен од Cape Cod Crusaders(Кејп Код активистите), кои играат во лигата на прваците која се наоѓа во Хајанис. Дополнително на ова, летната лига на возрасен фудбал во Кејп Код е активна во неколку градови на Кејп. Во Кејп Код се наоѓа и тимот на почетници , нова џуниорска лига во хокеј која што се наоѓа надвор од Хајанис во новата централна заедница изградена на Bearses Way.

Крајот на секое лето е обележан со светската позната трка Falmouth Road Race (Фалмаут – трка на патот) која што се одржува на третиот четврток од август. Оваа трка привлекува внимание на околу 10 000 тркачи од Кејп и ги изложува најдобрите тркачи во светот( најчесто за оние коишто можат најмногу да дадат од својот џеб ). Трката е долга 7.2 милји (11.6 км), која што е нестандардна должина. Причината за оваа необична должина е тоа што, човекот на кој му падна на памет оваа трка Tommy Leonard(Томи Леонард) и беше бармен, сакаше трка низ крјабрежјето од еден бар до друг.Поради тоа што барот во Falmouth Heights (Фалмаут Хејтс)денес е британската пивска компанија, трката сеуште почнува од предната врата на Cap'n Kidd in Woods Hole, а завршува на плажите на Фалмаут. Претходните должини за овие трки изнесувале 5 милји(8.0 км) преку Брустер, а се одржувале рано во август.


Образование

Обично секој град во Кејп Код се состои од неколку основни училишта, едно или две средни училишта и едно големо средно училиште кое нуди образование за целиот град. Исклучок е средното регионално училиште Денис-Јармут сместено во Јармут, во кое што посетуваат настава како Денис така и Јармут. Друг ваков случај е средното регионално училиште Носет кое што се наоѓа во Истхем во кое што настава посетуваат ученици од градовите Брустер, Орлинс, Истхем, Велфлит, Труро и Провинстаун( по избор на учениците). Средното училиште во Бурн е приватно училиште за учениците кои што живеат во Бурн, кои што ги собира и учениците од околните села, како што се Sagamore, Sagamore Beach и Buzzards Bay. Средното училиште во Барнстебл е најголемото средно училиште и е познато по женскиот одбојкарски тим кое се веќе 12 пати шампиони од вкупно 12. Ова средно училиште може да се пофали дека ја има една од најдобрите драмски групи во државата, а истите беа наградени со потпишување на договор со Warner Brothers(Варнер Брадерс) и снимање на документарец заснован на нивната продукција. Средното училиште Чартер е приватно училиште во Хајанис кое што излезе во магазинот Best High Schools и беше рангирано меѓу најдобрите. Беше на дваесет и осмото место во Соединетите Американски Држави, а на првото место во Масачусетс во изданието во 2009 година, а многу добро беше рангирано и во 2008 и 2009 година со заслужено четириесет и трето место. Ова средно училиште нуди меѓународна диплома за програмата бакалауреат за учениците од прва и последна година, а програмата е отворена и за учениците од Плајмаут. Исто така, во Кејп Код има и две стручни училишта. Едно од нив е средното регионално техничко училиште во Харвич, а другото е средното регионално техничко училиште на горниот дел на Кејп Код кое што се наоѓа во Бурн. Во 1976 година, се потпиша петиција за училиштата на Кејп и за законодавството на Масачустетс , за создавање една образовна соработка, колаборација на Кејп Код, и на тој начин да се олесни соработката и ефикасноста во обезбедувањето на надарените и талентираните, како и правење програми за специјални потреби. Сместени во Остервил и Бурн, колаборацијата Кејп Код обезбедува превозни услуги, професионално развивање, поддршка за аутизам, развојни обуки, интернет услуги и алтернативни образовни програми. Секое лето, во соработка со поморската академија на Масачусетс, се соработува со надарените и талентираните и научно базирани програми кои што се однесуваат на сите ученици од Кејп Код.

За крај, средното училиште Месфи е првото и единственото училиште во светот кое што е дел од оваа организација и има признание во рамките на радиодифузната индутрија во Лос Анџелес.

Како дополнение за средните училишта, може да се напомене дека Кејп Код има широк асортиман на приватни школи. Во Барнстебл, се наоѓа Trinity Christian Academy ( христијанската академија Тринити ), академијата Кејп Код, St. Francis Xavier Preparatory School( приватното основно училиште Св. Франси Хавиер) и Pope John Paul II High School (средното училиште Поп Џон Пол Втори). Во Бурн се наоѓа училиштето Валдорф, во Орлинс училиштето за основно и средно образование, а во Фалмаут е сместена академијата Фалмаут. Riverview School ( Ривервју училиштето) се наоѓа во Источен Сендвич и воедно е училиште кое им нуди образование и на ученици над 22 години кои имаат пречки во учењето. Друго специјално училиште е Penikese Island School(Пеникиз остров школата)- која што се ноаѓа на Пеникејскиот остров, дел од Елизабетанските острови југозападно од Кејп Код.


Кејп Код има две институции на високо образование.


Една од нив е Cape Cod Community College( универзитетскиот центар за прв степен во Кејп Код) сместен во Западен Барнстебл, Барнстебл. Другата е Massachusetts Maritime Academy( поморската академија во Масачусетс) во Бурн. Поморската академија на Масачусетс е најстариот и постојан поморски колеџ во Соединетите Американски Држави.


Острови надвор од Кејп Код

Како што е и самиот остров Кејп Код, јужните острови на Кејп настанаа за ловење на китови и за индустриските и трговските области кон дестинациите за одмор, привлекување богати семесјтва, познати ѕвезди и други туристи. Островите го вклучуват островот Нантакет и Марта, како и Naushon Island( островот Ношон), кој беше купен од John Murray Forbes(Џон Муреј Форбес) со заработката од трговијата со опиум во Кина. Ношон е еден од Елизабетанските острови, еден од многуте кои што се приватна сопственост. Еден од овие острови кои што е достапен до јавноста е најјужниот остров во синџирот, Cuttyhunk (Катиханк), со годишна населеност од 52 житела. Неколку истакнати семејства развија затворени простори или имоти , правејќи ги на тој начин овие острови, едни од најбогатите места на северноисточните делови, иако нивниот капитал се развива и од раните трговски и индутриски бизниси и од ловот на китови.

Покана за Вики средба уреди

      Здраво, Sanja Donova!
Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 03:53, 4 јуни 2011 (CEST)Одговори