Корисник:Mikrosam Akademija 2/Микросам Академија
Од 27 Април, 2007 год. Микросам АД во рамките на своето работење ја основа и Микросам Академијата каде што врши тренинг на млади талетирани кадри, на возраст од 15-30 години.Таа располага со професори од земјава и од странствокои преку видеоконференциска линија им предаваат на студентите.Располага со огроман база на податоци ,стручна литература од преку 20.000 наслови дигитална библиотека,преку 200 видеофилма и преку 4000 наслови печатена библиотека со стручна литература.[1] Академијата Микросам се состои од два дела:
- Талентирани програмери;
- Клуб на талентирани средношколци;
Талентирани програмери
уредиМикросам Академија врши бесплатна обука на програмери. Тоа се млади талентирани луѓе кои имаат желба да го зголемат своето знаење во областна на математиката и програмирањето.
Програмски дел
уредиОд програмерскиот дел се изучува:
- Вовед во C++;
- Користење на STL библиотека;
- Функционално програмирање;
- Генеричко програмирање;
- Објектно ориентирано програмирање;
- Грешки при пишување код;
- Оперативен систем;
- Примена на Windows API;
- Дизајн на софтвер;
- Шаблони;
- Примена на QT;
- Примена на SQL Server;
- Примена на boost библиотеката;
- Примена на poco библиотеката;
- Teхники на дебагирање;
Математички дел
уредиОд областа на математиката:
Клуб на талентирани средношколци
уредиЗа време на летниот распуст функционира Клубот на талентирани средношколци. Овој клуб го посетуваат оние средношколци кои ќе ги поминат селекционите тестови и кои имаат афинитети да научат нешто повеќе од областа на компјутерските технологии, математиката и физиката. Предавањата ги одржуваат професори и инженери, вработени во фирмата Микросам АД. Средношколците имаат пристап до голема печатена како и дигитална литература. Исто така клубот зема учество во Wikipedia проектот. Во клубот, средношколците имаат пристап до LEGO Mindstorm.
Резултати
уредиПрвите резултати во Клубот за талентирани средношколци се во април 2011год.[2] кога средношколците, Иван Василески, Менде Јорданоски и Горан Стојаноски, кои го посетуваа Клубот на талентирани средношколци 2010 при Академијата Микросам, под менторство на проф. Емил Тафчиоски и проф. Игор Димовски, користејќи го NXT LEGO Mindstorms комплетот успеаа успешно да изработат проект – макета од “Плотер”[3]. При изработката на проектот ги користеа и програмските јазици на Microsoft Robotics Studio, MATLAB, C++ и нивните техники. Успешноста на овој проект се потврди и на 47та Државна Смотра на Младите Истражувачи од Република Македонија во организација на Народна Техника на Македонија. Каде преку селекција на прифатени и одбиени теми, нсатапија на 02.04.2011год.[2] На смотрата учество зедоа сите средни училишта од цела Македонија во различни области. Поради оригиналноста и иновативноста на проектот, како и впечатокот кој го остави средношколецот Иван Василески со неговите презентерски вештини на самиот натпревар добија ПРВО место[2] во областа Роботика и Автоматика.Микросам Академијата има и друг успешен проект. Клубот на талентирани средношколци изработил макета[4] на “Filament Winding” машина исто така користејќи го NXT LEGO Mindstorms комплетот. Поради иновативноста и на двата проекти тие беа избрани[2] да учествуваат на Петтиот по ред саем (5th International Science Projects Fair) за наука и иновации (“Science and Innovation”) во Бурдур, Турција[5], каде настапија на 9-10ти. Мај 2011год. Со двата проекти беа единствени претставници од Македонија, помеѓу многу други талентирани средношколци и студенти од голем број земји во светот.
Наводи
уреди- ↑ Весник „Македонско Сонце“, број 671, 11 мај 2007, стр 38
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Весник „Зенит“, број 150, април 2011
- ↑ Видео од плотер: http://www.youtube.com/watch?v=6wzvWw846_A&feature=related
- ↑ Видео од макета:http://www.youtube.com/watch?v=iXdIdhuhSZc
- ↑ http://bs.mehmetakif.edu.tr/en/index.php