Marija maca92
Кучевиште
Кучевиште Кучевиште (Република Македонија)
Кучевиште е село на југозападните огранки на Скопска Црна Гора, а воедно и во општината Чучер-Сандево. Селото е сместено на подножјето на јужната страна на планината СЦГ, на рамен простор од каде се гледа како на дланка скоро целата Скопска околија, надморска височина од 550 до 600м. Најголемо е во Црногорието. Името Кучевиште според преданијата, е добиено од зборот к’лчиште (кучиста) –врзми од снопчиња од конопје, што во минатото селаните го произведувале за добивање конопно платно и други производи но голема должина и многубројни вирови по реката се киснеле конопјето.
Географиja и местоположба
уредиСелото е ридско и куќите се издигаат на надморска височина од 530 до 620 метри. Од градот Скопје селото е оддалечено 15 километри. Во Кучевиште има основно училиште до VIII одделение и разни услужни и други објекти.
Во селото има голема црква Воведение на Св. Богородица меѓу народот позната како Свети Спас. Таа била веројатно изградена во XIII век, а живописот се одвивал во три фази од XIII до XVIII век.
Историja
уредиПрвите писмени податоци постојат од првата половина на 14 век.Над селото на една височинка има остатоци од градба градена за време на турското ропство и служело за сместување на турски војници и џандари.
Економија
уредиЈужно од селото е плодно поле, а северно шумовита планина. На западниот дел минува многуводната Кучевска Река.Географската положба на селото одговара населението да се занимава со земјоделие и сточарство. Северно од селото е планински простор богат со шума, пасишта и вода.Јужниот дел е плодно поле.
Демографија
уредиКучевиште има 1 869 жители од кои, 367 Македонци, 1 467 Срби, 4 Роми и 4 Турци. Според последниот попис на населението извршен во 2002 година, Кучевиште имало 3167 жители, од кои 1654 се Срби, 1460 Македонци, 15 Власи, 4 Роми, 1 Бошњак и 33 не се изјасниле.
Општествени институции
уредиОд јужната страна има училишна зграда изградена за време на турското ропство. Oдносно, тука се наоѓа основното училиште "Св.Кирил и Методиј", каде што наставата се изведува на македонски и на српски јазик. Селото Кучевиште е богато со цркви. Така на пример, во непосредна близина на основното училиште се наоѓа црквата св.Атанасија, потоа
Администрација и политика
уредиОпштина ЧУЧЕР САНДЕВО
Седиште на општината: СЕЛО ЧУЧЕР САНДЕВО Број на жители: 8493 Површина: 240,78 km2 Густина на население: 35,27 жители/km2 Број на населени места: 12 Населени места: селата: Бањане, Блаце, Бразда, Брест, Бродец, Глуво, Горњане, Кучевиште, Мирковци, Побожје, Танушевци и Чучер - Сандево Градоначалник: Воислав Киранџиќ Членови на совет: 11 Адреса: Општина Чучер Сандево 1011 Чучер Сандево Телефон: 02 2666-157 Факс: 02 2667-353 Web страна: [[1]]
Култура и спорт
уредиБЛАГОЈА-БАНЕ ВИДИНИЌ, едно од најголемите фудбалски имиња на Македонија.БАНЕ е роден во село Кучевиште-Скопско. Фудбалската кариера ја започна како голман во ФК Вардар, а потоа има настапувано во Раднички-Београд, Сион-Швајцарија, Клиперс-Калифорнија САД. БЛАГОЈА-БАНЕ ВИДИНИЌ и селектор на репрезентациите на Заир и Мароко со кои настапи на светски фудбалски првенства.
БЛАГОЈА-БАНЕ ВИДИНИЌ настапи за најдобрата фудбалска селекција на поранешна Југославија со која има освоено сребрен олимписки медал на олимпијадата во Мелбурн 1956 година и златен олимписки медал на олимпијадата во Рим 1960 година и сребрен медал на првото европско фудбалско првенство во Париз 1960 година, како и златен медал на европското младинско фудбалско првенство 1950 година.
По завршувањето на богатата фудбалска кариера БЛАГОЈА-БАНЕ ВИДИНИЌ долги години беше еден од најуспешните претставници на светската фирма за спортска опрема Адидас за подрачјето на Северна и Јужна Америка.На 29.12.2006 година по кратко боледување на 72-годишна возраст почина.Смртта БЛАГОЈА-БАНЕ ВИДИНИЌ го затекна во Стразбур каде што живееше.
Исто така во село Кучевиште за време на летниот распуст (јуни-август) се одвива турнир во мал фудбал, каде учествуваат екипи од голем број населби.