Ivana22345
Бадминтоне игра слична на тенисот и се игра со два или четри играчи. Иако бадминтон се смета за рекреативен спорт , тој спаѓа во олимписки спортови. Играта е слична на тенисот каде што топчето е со пердуви и се удира со рекетот преку мрежа во спротиното поле од теренот.
Историја на бадминтонот
уредиИграта со пердув топче е многу стара. Во Индија постојат записи стари околу два милениуми. Во Кина е позната под името ди џијан-ци и е многу популарна игра особено кај припадничките од понежниот пол. Играта со пердув топче ја играле Инките и Астеците во Америка, а неретко била играна во европските владини дворови за време на феудализмот. Францускиот сликар Жана Баптисте Симеона Шардена (1699—1779) насликал девојка која во десната рака држи рекет а во левата рака држи пердув топче. Оваа слика е наречена „La fillette au volante“ и истата се наоѓа во галеријата Уфици. Во денешно време бадминтонот како спортска игра, се развил во почетокот на XIV век од старата индиска игра „poona“ која е пренесена од англиските официри во 1873 година од Индија и ја презентирале во дворецот Бадминтон во јужниот дел од Англија за време на посетата на Војводата од Бофотра Duke of Beuforta, по кого и денешната игра го добила името. Во 1877 е основан и првиот клуб „Bath Badminton Club“, а во 1893 е основана првата баднинтон асоцијација на Англија каде и се објавени и првите правила на игра кои што се слични и на денешните правила на игра. Меѓународна бадминтон федерација или на скратено МБФ „International Badminton Federation“ е основана во 1934 година. Оваа организација и денес ги одредува правилата на игра и истата организира натпревари. Бадминтонот е внесе на Олимписките игри во Барселона во 1992 година.
Основни правила и опрема
уредиБадминтон се игра со рекетом и посебно топче. За разлика од другите спортови со рекет како на пр. тенис, каде се игра со округло топче, овде се користи пердув топче кое е направено од 16 густи перја забодени во плутена тапа. Топчето може да достигне брзина и преку 320 km/h али само за неколку секунди. Денес се почесто се користи и пластично топче, која го задржал истиот облик како и на пердув топчето. Врз брзината на топчето влијае струењето на воздухот или ветерот, и поради тоа натпреварите се одржуваат исклучиво во затворен простор.