Приземјен Сончев Систем, амбиентална уметничка инсталација составена од два дела: Приземјено Сонце од Иван Кожариќ и Девет погледи од Давор Преис. Инсталацијата е создадена по идеја на Преис, кој ја изработил во 2004 година со вклопување во делото од Кожариќ, односно неговата реплика, поставена на улицата Боговиќева во 1994 година.[1] Преис ги додал своите девет приземјени планети наречени Девет Погледи. Планетите се всушност кугли од не'рѓосувачки челик чии што пречници се сразмерни со пречникот на Сонцето (скулптурата од Кожариќ (2 метри)). Освен тоа, скулптурите на планетите се поставени на пропорционални растојанија од Сонцето на Кожариќ, при што секоја од нив го одразува фактичкото (во размер) растојание на планетите од Сонцето.[2]

Планетите се наоѓаат на следните локации и растојанија:

  • Меркур - улица Маргаретска бр. 3; на 88 метри од Сонцето.
  • Венера - Плоштад на бан Јосип Јелачиќ бр.3 ; на 167,5 метри од Сонцето.
  • Земја - Варшавска бр.9; на 211 метри од Сонцето.
  • Марс - улица Ткалчиќева бр. 21; на 319 метри од Сонцето.
  • Јупитер - Овоштарска улица бр. 71; оддалечен 1194 метри од Сонцето.
  • Сатурн - Рачиќева улица бр. 1; оддалечен 2170 метри од Сонцето.
  • Уран - Сигет бр.9; на 4150 метри од Сонцето.
  • Нептун - улица Козари бр. 17; на 6570 метри од Сонцето.
  • Плутон - Болоњска Алеја, на 8880 метри од Сонцето; но бил откорнат од инсталацијата од непознат сторител.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. E. Stričak; Ž. Baćan; D. Špoljarić. „Prizemljeni sunčev sustav u Zagrebu“. PRIZEMLJENI SUNČEV SUSTAV – Prizemljeno sunce i Devet pogleda. Архивирано од изворникот на 19. ožujka 2014. Посетено на 21. travnja 2014.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archive-date= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. „Patricia Kiš, "Pronađeno srce grada", Jutarnji list, 27. lipnja 2006“. Jutarnji list. Архивирано од изворникот на 3. ožujka 2009. Посетено на 26. veljače 2009.. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)