Како да напишете нова статија

уреди

А) Преведете статија од Википедија на друг јазик

уреди

Википедија има над 280 јазични изданија, а многу од нив имаат готови и квалитетни енциклопедиски содржини. Многу често Википедија на македонски се збогатува со превод на содржини од другите јазични проекти. Сакате да покриете некоја тема, а знаете добро англиски? Или пак германски, француски, руски, српски, хрватски, албански...? Следете ги следните чекори:

1. Изберете тема
На пример, нешто што сметате дека е важно и треба да го има (за идеи, видете Википедија:Потребни статии), нешто што ве интересира, ако сте ученик — нешто што моментално го изучувате, област за која имате стручни познавања и слично;
2. Најдете ја соодветната статија на Википедија на англиски или на друг јазик
...по ваш избор (германски, српски, албански, хрватски, турски...). За сите јазични проекти, видете Википедија:Список на Википедии.
На пример, ако сакате да напишете статија за бадминтон или за висок крвен притисок, отидете на en.wikipedia.org, пребарајте (search) badminton или high blood pressure и ќе ја најдете статијата;
3. Изберете соодветен наслов
Тој треба да биде на кирилица и македонски јазик. На пример, правилен наслов е Болка, а не Bolka;
4. Пребарајте — случајно да не постои таа статија овде?
Во горниот десен агол, во лентата за пребарување, пребарајте го избраниот наслов и видете да не е претходно напишана статијата која сакате да ја напишете, или пак дали случајно постои, но под друг наслов.
Ако статијата веќе постои: можете да ја проширите и подобрите нејзината содржина;
5. Отворете го прозорецот за создавање на страницата
со тој наслов на македонската Википедија. Тоа можете да го направите со тоа што ќе го пребарате точниот наслов во лентата за пребарување, при што, ако страницата не постои, ќе ви се појави црвена врска која ќе води до неа. Друг начин: направете врска до [[Насловот]] на некоја страница, кликнете прегледај, па кликнете на врската што ќе ја направите;

Б) Напишете нова статија со помош на веродостојни извори

уреди

Пред да напишете нова статија

уреди
Запознајте се со енциклопедискиот стил на пишување


Притоа внимавајте: сите теми НЕ се доволно значајни за имаат енциклопедиска статија. Доколку една тема е значително опфатена во веродостојни извори кои се независни од предметот, се претпоставува дека ги задоволува критериумите за започнување на засебна статија (Википедија:Значајност)