Корисник:Наташа Папаз/Благоја Папазовски

Благоја Папазовски (1924-1985), македонски академски сликар и ликовен педагог, роден во Прилеп, Средно уметничко училиште завршил во Скопје, во класата на Лазар Личеновски, а Академија за применета уметност во Белград, во 1954 година, во класата на професорот Винко Грдан. По дипломирањето, станал член на

  1. пренасочување Друштвото на ликовните уметници на Македонија

.

Самостојни изложби во 1959, 1961, 1962, 1966, 1973, 1975, 1980 и 1983. Учествувал на групни изложби во Белград (1949), Краљево (1951), Копар (1964), Ферара, Италија (1965), и речиси на сите изложби организирани од ДЛУМ во Македонија и во странство.

Во 1962 година, бил на студиски престој во Венеција и во Милано. Живеел и работел како професор по ликовно воспитување во основното училиште „Ј. Х. Песталоци“, во Скопје.

Автор на повеќе дела од областа на применетата уметност во зграфито техника на јавни објекти, кои, за жал, пропаднале во катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година.

Повеќепати бил наградуван за идејни решенија од областа на применетата уметност во Скопје, Прилеп и Белград.

Претставник на енформелното сликарство во Македонија. Ликовните критичари ќе забележат: „Папазовски ја открива насекаде присутната стихија на природата, минуциозноста на трагите издлабени со нејзините уривачки процеси, пренесени на платното со метод сличен на оној според кој тие настанале во природата. Употребата на материјалите невообичаени во класичното сликарство (толчен кварц, лушпи од јајца), го поткрепува на еден мошне конкретен начин правото на постоење на овие визии. Во неговите слики се чувствува здивот на еден смел и бунтовен крик, извлечен од прегратките на разбрануваните емоции.“ (Л. Неделковска)

Во 1962 година, заедно со Димо Шумка, има изложба на цементна пластика. Според искажувањето на авторите:„Изложените дела се конгломерат на вајарство, сликарство и декоративна пластика. Сите тие елементи заедно создаваат нешто сосема ново. Наместо да сликаме на платно, ние на извесен начин сликаме на форма. И тоа на форма која има функционална, секојдневна намена, како што е вазата. Вазите не се боени, туку бојата се содржи во самиот материјал. Сјајот е природен сјај на обработен цемент. Мотивите претставуваат слободни, нефигуративни композиции“ (К. Гавриш во весникот Нова Македонија).

Благоја Папазовски е инспириран од македонското народно творештво и колорит, што особено силно ќе дојде до израз во неговата последна фаза на творештвото. Наспроти анахронизмот, конзервативното и провинциското, тој се надвишува и се определува за чистиот извор на она што е трајна инспирација и едностојност на уметничките дела, нанизи на човековиот дух и човековото чувство, за да останат она што ќе бидат со векови: неисцрпни, продуховени складови и засолништа на творечкиот неспокој, големо огледало на искуството на животот, радост на секој поединец во миговите на одушевеност и тага, во мрачните и прекрасните раздобја, чудесни светилници на животот во кобните часови на талкања и сомневања, на големи недоразбирања, распаќа и трагедии во кои секогаш нашиот човек бил жртва, за да израсне со духот на херој, со ореол на победата. Тоа е човекот кој останал свој и траел со совест и свест, низ виножитото помеѓу црвената и црната боја, во стаменоста на носијата, во изобилството на орнаментите на неа, меѓу длабнатинките на ажурната резба, крај малтерот и архитектурата зад манастирските ѕидови, во чија сенка нашиот човек се озабувал, опстојувал, се борел и создавал со оган, мисла, четкичка, длето, перо и реч и тогаш кога силните и моќните се натпреварувале во безумието и уривањето (

  1. пренасочување Влада Урошевиќ

). Папазовски црпел од македонскиот колорит, облик, пластичност и односи асоцијативно, за да ги пресоздаде и надгради нефигуративно, симетрично само во вертикала, а во другите составки асиметрично. Навидум, во оваа модерна концепција или градење на сликата, во која нема дескрипција и каква и да е тематска буквалност, се чини дека нема конкретизација. Меѓутоа, внатрешната синтеза што надвладува се постигнува со изворно насетени детали што се претвораат во битност на целината на сликата која дише како автохтон, уметнички хармоничен организам (

  1. пренасочување М. Друговац

|Мурал во зграфито техника на зградата на ОУ „Гоце Делчев“, срушена во земјотресот од 1963 година Пример.jpg|Опис2 </gallery> ).