Корида (слика на Едуар Мане)
Корида (Борба со бикови) – слика масло на платно на францускиот сликар Едуар Мане, насликана во 1864-1865 година која денес е дел од колекцијата Фрик во Њујорк[1][2]. Димензиите на сликата се 48x60.4cm.[3] Како и Мртвиот човек, сликата првично била дел од поширока композиција насловена Епизода во корида. Сцената е инспирирана од десетдневното патување на Мане во Шпанија, есента 1865 година. Борбата на бикови на која бил сведок, Мане ја опишал во писмото до Шарл Бодлер како „една од најубавите, најзанимливите и најужасните глетки што можат да се видат.“[3]
Творец | Едуар Мане |
---|---|
Година | 1864/1865 |
Место | Колекција Фрик, Њујорк |
Библиографија
уреди- (француски) Anne Coffin Hanson, Manet and the modern tradition, New Haven and London, Yale University Press, 1977 (ISBN 0300024924)
- (француски) Françoise Cachin, Charles S. Moffett and Juliet Wilson Bareau, Manet 1832-1883, Paris, Réunion des Musées Nationaux, 1983, 544 p. (ISBN 2711802302)
- Adolphe Tabarant, Manet et ses œuvres, Paris, Gallimard, 1947, 600 p.
- (француски) Théophile Thoré-Burger and William Bürger, Salons de William Bürger, 1861-1868, avec une préface par Théophile Thoré, vol. 2, t. II, Paris, Jules Renouard, 1870
- (француски) Claude Pichois and Jean Ziegler, Baudelaire, correspondance, vol. 2, t. II, Paris, Gallimard, 1973
Наводи
уреди- ↑ Cachin, Moffett & Wilson-Bareau 1983, стр. 196
- ↑ „Bullfight, 1866 by Edouard Manet“. www.manet.org. Посетено на 2019-12-04.
- ↑ 3,0 3,1 „Bullfight“. The Art Institute of Chicago (англиски). Посетено на 2019-12-04.