Константинополска патрија
Константинополска патрија (грчки: Πάτρια Κωνσταντινουπόλεως),[1] често нарекувана и со латинското име Scriptores originum Constantinopolitarum („Писатели за потеклото на Константинопол“), ― римска збирка на историски дела за историјата и спомениците на римската императорска престолнина Константинопол (денешен Истанбул, Турција).[2]
Иако во минатото му била припишувана на писателот од 14 век Ѓорѓи Кодин,[3] збирката всушност потекнува од претходните векови, веројатно првпат била составена околу 995 година во времето на владеењето на Василиј II (вл. 976–1025), а потоа ревидирана и додадена во времето на владеењето на Алексиј I Комнин (вл. 1081–1118).[4]
Збирката содржи:
- дел од патријата на паганскиот писател од 6 век Хесихиј Милетски, за историјата на Византион од неговото основање до времето кога Константин I повторно го основал како Константинопол.[5]
- „Кратки историски белешки“ (Parastaseis syntomoi chronikai), кој се насочува главно на античките скулптури на градот
- друга целина на патрија која датира од околу 995 година.[2]
- анонимна „Приказна за изградбата на Св. Софија“, напишана помеѓу доцниот 6-ти и доцниот 10-ти век, но поверојатно некаде во 9-тиот век.[2]
- топографска студија посветена на Алексиј I.[2]
Од археолошка гледна точка, оваа Патрија е непроценлив запис за раната историја на Византион и различните споменици на Константинопол. Сепак, нивните извештаи мора внимателно да се испитаат, бидејќи тие често ги мешаат фактите со фикцијата и урбаните легенди.[2] Од политичка гледна точка, Патрија се интересни поради нивното прикажување на императорите, кои се релативно отсутни од извештајот за императорскиот град и во голема мера се ограничени на улогата на „хронолошки показатели“.[2]
Наводи
уреди- ↑ Патриите се доцноантички книжевен жанр посветен на месната историја, топографија и легенди. Каждан (1991), стр. 1598
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 ODB, „Константинополска патрија“ (А. Каждан), стр. 1598.
- ↑ ODB, „Псевдокодин“ (А. Каждан), стр. 1135.
- ↑ Камерон и Херин (1984), стр. 4
- ↑ ODB, „Хесихиј“ (Б. Болдвин), стр. 1924.
Извори
уреди- Cameron, Averil; Herrin, Judith (1984). Constantinople in the early eighth century: the Parastaseis syntomoi chronikai (introduction, translation, and commentary). Brill Archive. ISBN 978-90-04-07010-3.
- Kazhdan, Alexander, уред. (1991). The Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford and New York: Oxford University Press. ISBN 0-19-504652-8.
- Nilsson, Jonas (2008). Masters of the Imperial City: Ideological perspectives on the Byzantine emperors of Patria Konstantinoupoleos (MA thesis).
- 1901 Teubner edition by Theodorus Preger at the Internet Archive volume 1
- 1907 Teubner edition by Theodorus Preger at the Internet Archive volume 2