Конд – ерменски документарен филм од 1987 година, во режија на Харутјан Хачатријан, кој е автор и на сценариото.

Содржина

уреди

Филмот ги прикажува секојдневниот живот и сериозните социјални проблеми во Конд, едно од најстарите маала во Ереван. Конд и неговите жители стануваат објекти на долгорочно набљудување. Утро, ден, квечерина, ноќ, будење, дневни обврски, работа, јадење, спиење. Но, и свадби и погреби, пожари и раѓање на деца - целиот циклус на човековото постоење. А оваа шема е пополнета со фрагменти од вистинскиот живот што се покажува пред гледачот од најразлични аспекти.[1]

Наводи

уреди