Комуникациски уреди

Компјутерските мрежи користат различни уреди за комуникација преку кои компјутерите се поврзуваат на комуникациски медиуми.

ADSL модем

Мрежна картичка

уреди

Мрежната картичка е уред кој го поврзува компјутерот со локалната мрежа. Улогата на мрежната картичка е да претвора дигиталните сигнали од комјутерот во сигнал погоден за пренос преку мрежата и обратно. Тоа е електронска картичка која се вградува во компјутерот и на која има приклучни точки (порти) на кои можат да се прикачат мрежни табли. Постојат и безжични мрежни картички кои наместо порти за кабли имаат антени за сигнал кој се пренесува по безжичен пат. Мрежната картичка често се нарекува и NIC (Network Interface Card), мрежен интерфејс или мрежен адаптер.

Модем

уреди

Модем е уред кој дозвлува корисниците да праќаат дигитални информации преку аналогните средства за комуникација како што се телефонскиоте врски. Тој врши претворање на дигитални сигнали во аналогни сигнали (модулација) и обратно(демодулација). Преку модемот компјутерите се поврзуваат на глобалната мрежа-Интернет. Модемот може да биде надворешен кој од надвор се приклучува на компјутерот и интерен, кој се вградува во компјутерот во вид на картичка. Во поново време се користи USB модем.

PS картичка

уреди

PS картичка (PS Card) може да има мрежен адаптер, модем или и едно и друго. Обично се користи кај преносливите компјутери. Хаб (hub) и свич (switch) се уреди преку кои група на корисници се поврзуваат и им се овозможува работа во мрежа. Обично се користат како централна компонента во локалните мрежи.

Хаб е, всушност, разводна кутија на која постојат повеќе конектори. На секој конектор се поврзува по еден кабел преку кој се поврзува еден компјутер или опслужувач. Секој сигнал кој пристигнува преку еден кабел тој го умножува и го праќа понатаму преку повеќе кабли до останатите уреди во мрежата. Свич или склопка (комутатор) е уред сличен на хаб кој исто така има повеќе конектори на кои се поврзува по еден кабел преку кој се поврзува еден компјутер или опслужувач. Се разликува од хаб по тоа што сигналот кој ќе го добие не го праќа до сите уреди туку само до уред за кој тој стигнал е наменет.

Насочувач

уреди

Насочувач(router) е уред за насочување на податоци на нивниот пат низ мрежата. Тој овозможува повеќе локлни мрежи да се поврзат во една мрежа. Кога насочувач ќе добие сигнал упатен до некој компјутер, тој сигналот го праќа до мрежата во која браниот компјутер е поврзан. Ако не може директно да пристапи до саканата мрежа, сигналот го прајќа до друг насочувач кој на патот до мрежата. Насочувачите може да бидат жични и безжични.

Комуникациски канали

уреди

Комуникациски канал е медиум преку кој се пренесуваат информации. Тоа може да биде кабел кој претставува физичка врска помеѓу два компјутери-краевите на кабелот се поврзуваат со мрежните картички. Компјутерите можат да се поврзат и со безжичен пат - тогаш се потребни приемник и антена. Од медиумот зависи брзината на пренос на податоци како и најголемата можна оддалеченост помеѓу два уреди. Брзината на пренос се мери со бројот на пренесени битови во секунда (bps-bit per second) или со поголемите единици kbps, mbps, итн.

Жичен пренос

уреди

Каблобвските врски овозможуваат најголемата безбедност и најголемата брзина на пренос. Постојат три вида на жични канали:

  • усучени парици,
  • коаксијални кабли и
  • оптички кабли.

Усучени парици (twisted wire pairs)

уреди

Усучените парици (twisted wire pairs) се состојат од две изолирани жици усучени една со друга.Чувствителни се на надворешни влијаниа, па често се користат повеќе парови жици со што се намалув мешање на електрични сигнали кои патуваат низ кабелот и оние од надворешните извори.Парови на жици понекогаш се обвиткуваат со метална обвивка со што дополнително се намалува влијание од надворешните извори. Ваквите кабли првобитно, а и денес, се користат за телефонските комуникации. Вплетените кабли се евтини и релативно бавни.

Коаксијалните кабли

уреди

Коаксијалните кабли се состојат од бакарна жица во средина, завиткани со изолациски материјал, а сето тоа е обвиткано со проводник кој штити од надворешните електрични влијанијаКоаксијалните кабли можат да бидат тенки и дебели.

Се користат за поврзување на компјутери и други уреди на поголеми далечини(до неколку стотини метри) и обично имаат поголема ширина на канали од вплетените кабли и со тоа имаат и побрз пренос на податоци.

Оптичките кабли

уреди

Оптичките кабли се прават од стаклени или пластични влакна преку кои се пренесува светлосен сигнал кој го генерира ласер или LED диода (light emitting diode). Околу влакната се наоѓа обвивка која рефлектира светлина. Ова е најсигурен вид на пренос на податоци. Други видови медиуми лесно можат да се „прислушкуваат“ додека со оптичките кабли тоа не е можно. Важна особина на оптичките кабли е и тоа што светлосните сигнали кои патуваат преку нив се имуни на електрични и магнетни влијанија од надвор. Преносот на податоци преку оптичките кабли е многу брз.

Надворешни врски

уреди

Комуникациски уреди