Колосек (Драгоманци)

археолошко наоѓалиште кај Драгоманци, Мегленско, Егејска Македонија

Колосек или Грами (грчки: Γραμμή) — праисториска и античка населба кај селото Драгоманци, Мегленско, Егејска Македонија. Била населена од неолитот, па сè до доцноримскиот период.[1]

Колосек
Γραμμή
Карта
МестоДрагоманци, Мегленско
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°54′04″N 22°03′48″E / 40.9011° СГШ; 22.0633° ИГД / 40.9011; 22.0633
Виднаселба
Историја
Раздобјенеолит до доцноримско време
Прогласено заспоменик на културата

Населбата се наоѓа североисточно од Драгоманци и датира од средниот неолит (5800/5600 – 5400/5300 г. п.н.е.). Им припаѓа на широко растурените населби и куќите се од типот земјанки — јами со големина до 5 × 4,20 м и ѕидови од греди и плитар. Откриени се и две надземни купести куќи, како и два големи рова со должина од 13, ширина од 8 и длабочина од 5,30 м. Меѓу наодите преовладуваат керамиката, камените и коскените орудија — острици, секири, толчници, воденички камења — тегови за разбој и други артефакти, поврзани со ткаењето, како и монистра и гривни.[1]

Во 2012 наоѓалиштето е прогласено за заштитен археолошки споменик.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Αρχαίος οικισμός Αψάλου“. Βάση Δεδομпокроителένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Архивирано од изворникот на 2018-04-29. Посетено на 30 април 2018.
  2. „ΥΑ ΥΠΠΟΤ/ΓΔΑΠΚ/ΑΡΧ/Α1/Φ 17/26707/1328/16-3-2012 - ΦΕΚ 104/ΑΑΠ/3-4-2012“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2023-04-30. Посетено на 30 април 2018.