Колку покрваво (англиски: If It Bleeds) — збирка од четири повести на американскиот писател Стивен Кинг, објавена на 28 април 2020 г. (првично требала да биде објавена на 5 мај).[1] Сите повести вклучени во збирката досега не се објавени, една од нив (Телефонот на господин Хариган) е филмирана по објавувањето на книгата.

Колку покрваво
Корицата на македонското издание
АвторСтивен Кинг
Земја САД
Јазиканглиски
македонски (превод)
Жанружаси
ИздавачСАД Scribner
Македонија Арс ламина
Издадена
21 април 2020
Медиумпечат (тврд повез)
Страници448
ISBN978-1-9821-3797-7
OCLC1122461355

Повести

уреди

Збирката се состои од четири повести.

Телефонот на господин Хариган

уреди

Приказна за едно невообичаено пријателство во кое едно момче му чита книги на неговиот постар богат сосед, кој му плаќа за тоа и за помош низ куќата. Иако е неверојатно богат, соседот не троши пари на непотребни работи, како телевизор, мобилен телефон и други ситници (иако огромната куќа има базен и лифт), но сепак го прифаќа телефонот — подарок од момчето откако добива пари на игра на среќа (грепка, која соседот му ја подарил) и се учи да го користи за повици, а и за интернет и следење на берзата. Нивното пријателство (и работата на мобилниот што е закопан со соседот) продолжува дури и по неговата смрт, кога тој му помага на момчето „од другата страна“...

Снимен е истоимен филм (на Нетфликс) според оваа повест во 2022 г., во која ја имаме една од последните улоги на Доналд Сатерленд, кој починал на 20 јуни 2024 г.

Животот на Чак

уреди

Животопис за главниот лик, Чак, кој останал сирак како дете и го одгледале неговите баба и дедо. Во куќата во која живеат има купола на врвот во која никој не влегува, бидејќи наводно крие духови и други морничави тајни, меѓу кои и покажување на иднината. Кога некој ќе види дел од иднината, чекањето да се случи нештото, кое најчесто е лошо, е многу потешко отколку самиот настан. Интересно за повеста е тоа што се раскажува наопаку: третиот дел е прв, па вториот, па на крај е првиот дел.

Колку покрваво

уреди

Повеста според која и целата збирка го добива насловот е втора приказна во која малку поголема улога има Холи, која претходно се појавила во романот The Outsider, а во 2023 добила и свој самостоен роман, насловен едноставно „Холи“. Уште пред овие романи, таа се појавува и во многу помали улоги во друга трилогија на крими-трилери на Кинг (Mr. Mercedes, Finders Keepers, End of Watch). Холи најчесто е помошничка на различни детективи, а и самата станува детективка во најновиот роман насловен по неа.

Во оваа повест, користејќи ги сите свои способности за справување со натприродното, Холи се обидува да реши случај со бомба во едно основно училиште, каде ништо не е како што изгледа на прв поглед...

Стаорец

уреди

Приказна за еден писател, кој иако има издадено повеќе раскази, никако не може да напише (или заврши) цел роман, па затоа решава да замине во една колиба каде нема да има допир со никој и конечно да проба да постигне поголем успех во кариерата. Но иако прво мисли дека е сам, таму „се спријателува“ со еден стаорец, за кој верува дека е дел од неговата вообразба и мислејќи дека не би имало никакви последици, склучува фаустовски (или доријаногрејовски) договор со него....

Оценки

уреди

Брајан Труит од USA Today, во врска со издавањето на книгата, изјавил дека Кинг „сè уште го поседува бизнисот на стравот како никој друг“ и може да го задржи вниманието на читателот со „приказни за нашите мечти и нашите слабости“. Оценувач за Publishers Weekly признал дека Колку покрваво „го претставува мајсторот на ужасите Кинг на најдобар начин, користејќи го чудното и натприродното за да раскажува приказни за смртноста, цената на творештвото и непредвидливите последици од материјалните приврзаности“.[2]

Наводи

уреди
  1. „Stephen King's New Book 'If It Bleeds' Now Being Released in April Rather Than May“. Архивирано од изворникот на 2021-03-08. Посетено на 2020-08-05. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  2. „If It Bleeds“. Архивирано од изворникот на 2021-01-26. Посетено на 2020-08-05. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)

Надворешни врски

уреди