Колеров простор
Анатомскиот меѓупростор помеѓу слезината и левиот бубрег се нарекува Колеров простор (англиски: Koller-pouch, латински: Recessus splenorenalis). Овој простор се прегледува во рамките на FAST-ултразвучното испитување (англиски: Focused Assessment with Sonography for Trauma) кај пациенти со трауматска повреда.[1]
Овој меѓупростор се проецира на левата задна аксиларна линија на ниво на 10-ти и 11-ти ребро.[2]
Во овој простор, слично како кај Морисоновиот меѓупростор, кој се наоѓа на десната страна помеѓу десниот бубрег и црниот дроб, може со помош на ултразвук да се утврди и најмало насобирање на течност (крв, гној, течност при асцит) во стомачната празнина кај пациентите со одредена патолошка состојба (крварење во стомачната празнина, асцит, перитонитис).
Колеровиот простор е именуван по германскиот хирург др. Х.-Ј. Колер.
Наводи
уреди- ↑ Hilmer Burchade, Reinhard Larsen, Gernot Marx, Elke Muhl, Jürgen Schölmerich: Klinikmanual Intensivmedizin. Springer-Verlag, 2011, ISBN 978-3-642-16940-3, S. 415. online bei books.google, abgerufen am 19. April 2012.
- ↑ Volker Bühren, Marius Keel, Ingo Marzi: Checkliste Traumatologie. Thieme-Verlag, 2012, ISBN 978-3-13-598107-9, S. 17. online bei books.google, abgerufen am 19. April 2012.
Ве молиме, обратете внимание на важното предупредување во врска со темите поврзани од областа на медицината (здравјето). |