Колективно однесување

Поимот колективно однесување првпат е употребен од Роберт Е. Парк, а конечно применет од Херберт Бламер сакајќи да ги протолкува општествените процеси и настани кои не рефлектираат постоечка општествена структура (закони, конвенции и институции), туку оние кои настануваат на „спонтан“ начин.

Колективното однесување може да се дефинира и како дејство кое не е ниту конформистичко (во кое учесниците целосно следат некои норми) ниту девијантно (во кое учесниците ги прекршуваат тие норми). Колективното однесување, како трет облик, се случува кога нормите непостојат или се нејасни или пак се контрадикторни едни на други. Социолозите, во главно, посветуваат значително помалку внимание на проучувањето на колективното однесување во споредба со другите две форми на однесување.

Дефинирање на полето

уреди

Класичен нацрт на полето може да се најде во есејот на Херберт Бламер, „Контура на колективното однесување.“ Темите на овој Википедија есеј ја следат токму замислата на Бламер. Ова приоѓање може да се оправда врз основа на важноста на замислата на Томас Кан за добро познатите „парадигми“ во науката. Кан признава дека го користи зборот, парадигма, со речиси дваесет различни значења, но за денешни цели значи групација од предлози и од техники кои ќе бидат искористени за емпириско тестирање на овие предлози. Секоја фаза во историјата на една зрела наука, како физиката или биологијата, е управувана од парадигма, а една „нормална наука“ се приспособува кон истата. Но некогаш постојат толку многу несовпаѓања и нелогичности во пронајдоците на науката, поради што настанува „научна револуција“ и научниците се приспособуваат кон нова парадигма.

Социологијата не е доволно зрела како наука да има вистинска парадигма, но има нешто што може да се нарече „прапарадигма“ (протопарадигма), групации на предлози и техники кои сумираат доказ кој има веќе добиен и овозможен водич за идни студии. Неколку социолози имаат понудено прапарадигми, како Карл Маркс, Макс Вебер и Талкот Парсонс. Бламер исто така има создадено прапарадигма. Контрастно на вистинските парадигми, доказот земен од човекот кој работи со прапарадигмата е помалку решавачки, а теорискиот водич кој го нуди е помалку сигурен.

Бламер претставува радикална критика на огромниот обем на социолошки замисли, во основа дека тие го третираат учесникот како пасивенo—како да е контролиран од општествени сили кои дејствуваат на него како физичките стимули дејствуваат на еден организам. За Бламер општествените „сили“ не се всушност сили. Учесникот е активен: Тој создава интерпретација на дејствијата на останатите и се однесува врз основа на оваа интерпретација.

Прапарадигмата на Бламер има поттикнато емпириско истражување на колективното однесување, поле за кое до неодамна немаше никакви информации. Теории, како таа на Бламер, Теории, како оваа на Бламер, постојат и се корисни, но што е точно и за општо, науката, емпириските студии за кои тие нудат водич се само од минлив интерес. Кога веќе понатамошно истражување ги истисnува, тие се само од историски интерес.

Облици

уреди

Толпа

уреди

Толпа - секој од нас некогаш бил во некаква толпа. Таа се дефинира најчесто како привремено собирање на луѓе со заедничка фокусна точка и кои влијаат еден на друг. Еден од најпознатите проучувачи на толпата е секако Гистав Ле Бон, кој во неговото дело „Психологија на толпата” (1895) покажува дека во толпата се губат сите поединечни особини и на нивно место се појавува т.н. колективен ум, кој ги прави луѓето да чувствуваат, мислат и дејствуваат на сосема поразличен начин отколку кога би биле поединечни (насамо). Меѓутоа, факт е дека не може да се повлече јасна линија во дефинирањето на толпите кои честопати се мешаат со бунтовите. Сепак, може да се каже дека се разликуваат т.н. насочени толпи (кои имаат специфична цел или објект) и дифузни толпи (несигурни и непредвидливи групации на луѓе). И на крај, толпите се одликуваат со: непостојаност во ставовите, луѓето во толпата имаат чувство дека се дел од неа, лесно се манипулира со нив, немање чувство на одговорност, конформизам и сл.

Јавност

уреди

јавност - овој поим се спротивен на поимот приватност. Уште во Стара Грција јавното било поврзувано со политиката, а приватното со семејството и економските односи. Денес, во секојдневниот, колоквијален говор, јавно се однесува на нешто што е за секого достапно како на пример јавен простор, јавно училиште и сл. како нешто кон кое секој има право и не може да биде ограничуван. Во дефинирањето на овој поим, мора да се истакне дека е нераскинливо поврзан со демократијата, при што јавноста се сфаќа како надворешната сфера на општествениот живот. Во тој контекст, наместо јавноста да има критичка функција, таа е предмет на манипулација во кој со помош на масовните медиуми станува предмет за контрола на луѓето, т.е. контрола на јавното мислење.

Маса

уреди

Публика

уреди