Коледа леда
Коледа леда (или: Коледе леде) е една од најпознатите македонски коледарски песни. На Бадник, коледарите уште од рани зори одат од врата на врата, и ја пеат оваа песна најавувајќи го Христовото раѓање. За добрата вест, на коледарите им се даваат ореви, јаболка, костени, бонбони, смокви.[1]
„Коледе леде“ ја среќаваме и во запис на Г. Бојаџиев, објавена во „Книжици за читање“ во Солун во 1893 година[2]
Текст
уредиКоледе леде,
паднало греде,
утепало деде.
Деде се мачи,
баба го квачи,
со четири јајца,
гускини, шаткини.
Денес е Коледе,
утре е Божиќ,
ќе колеме теле,
теле вика: - Леле
не колете мене,
ќе ви купам зелје,
да месите пита,
да јадете сите.
Коледеее...
Контроверзии
уредиНеколку епархии од Македонската Православна Црква апелираа до коледарите да се воздржат од пеење на „Коледа Леда“, затоа што во пресрет на големиот христијански празник „Божиќ“ треба да се пеат песни кои го опеваат Христовото рождество, а не песни кои имаат деструктивна содржина и не се ни најмалку предвесник на Божиќ.[3] [4]
Наводи
уреди- ↑ „„Коледе, леде, паднало греде, утепало деде!" – најпопуларни коледарски песни за Бадник“. CrnoBelo.com.
- ↑ „Коледе леде, паднало греде,…За многу години денешниот голем празник!“. publicitet.mk. Архивирано од изворникот на 2021-10-19. Посетено на 2021-10-19.
- ↑ „Да не се пее „Коледе леде паднало греде..." апелира Струмичката епархија и ја запееја „Вечниот Бог"“. Радио Струмица Нет - strumicanet.com. Архивирано од изворникот на 2021-10-19. Посетено на 2021-10-19.
- ↑ „И годинава ќе се пее „Вечниот Бог" насместо „Коледе леде"“. религија.мк. 21.12.2017. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)