Колачиња и крем — разноликост на сладолед, милкшејк и други десерти кои вклучуваат чоколадни сендвичи колачиња, а најпопуларната верзија содржи рачни или претходно распарчени колачиња од брендот Орео на производителот Набиско. Сладоледите со колачиња и крем генерално мешаат распарчени чоколадни седнивичи со колачиња во сладолед од ванила, иако постојат варијации кои наместо тоа може да користат чоколадо, кафе или минт сладолед.

Колачиња и крем
Сладолед со колачиња и крем
ВидСладолед, милкшејк, јогурт, чизкејк
Главни состојкиСладолед (вообичаено ванила), чоколадни колачиња (вообичаено сендвич колачиња или слично)
Cookbook: Колачиња и крем на Викикниги 

Историја

уреди

Постојат конкурентни тврдења за тоа кој прв ги измислил и пласирал сладоледот со колачиња и крем.

  • Малколм Стого, консултант за сладолед, тврдел дека го создал вкусот во 1976,[1] 1977[2] или 1978 година.[3]
  • Државниот универзитет во Јужна Дакота тврди дека вкусот бил измислен во фабриката за млечни производи на универзитетот во 1979 година од менаџерот на фабриката Ширли Сис и студентите Џо Лидом и Џо Ван Трек.[4][5]
  • Во соопштението за печатот од 2005 година, Blue Bell Creameries тврделе дека тие биле првата компанија која масовно го произведувала вкусот, во 1980 година.[6] Во 2006 година, Њујорк Тајмс објавил дека Blue Bell „не тврдел дека го измислил, но секако дека бил пионер во вкусот“.[7] Сепак, од 2020 година, веб-страницата на компанијата објавила: „Ние бевме први што го создадовме овој иновативен вкус“.[8] Blue Bell Creameries се пријавиле за регистрација на заштитниот знак „Колачиња и крем“ во 1981 година.[9]
  • Џон Харисон, официјалниот дегустатор на Dreyer's/Edy's Ice Cream, тврди дека тој прв го измислил за компанијата во 1982 година.[10][11]
  • Друг што тврди дека прв го измислил е Стив Херел од Херелс сладолед во Масачусетс.[12]

Во 1983 година, сладоледот со колачиња и крем станал еден од првите пет најпродавани вкусови.[13]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Who is Malcolm?“. Malcolm Stogo Associates. 2010. Архивирано од изворникот на 2016-10-30. Посетено на 2016-03-07.
  2. Justin Rocket Silverman (May 14, 2014). 'Godfather of Ice Cream' introducing made-in-Astoria nondairy frozen desserts“. New York Daily News.
  3. „Our Story“. Ice Cream University Desserts. Архивирано од изворникот на 2021-09-20. Посетено на 2021-02-11.
  4. History of SDSU Ice Cream[мртва врска]. Sdstate.edu. Retrieved on 2018-08-15.
  5. „SDSU celebrates invention of Cookies 'n Cream flavor 40 years later“. Dakota News Now. Gray Media Group. April 15, 2019.
  6. Blue Bell's Peanut Butter and Jelly Ice Cream New Treat For Summer!. bluebell.com. Retrieved on 2012-07-06.
  7. R. W. Apple, Jr. (2006-05-31). Making Texas Cows Proud. The NY Times. Retrieved on 2012-07-06.
  8. Cookies 'n Cream Ice Cream. bluebell.com. Retrieved on 2023-06-02.
  9. Trademark Status & Document Retrieval (U.S. Patent and Trademark Office). uspto.gov. Retrieved on 2015-06-18.
  10. Sara Fiedelholtz (2003-07-11). Taster's career made from ice cream. Chicago Sun-Times. Retrieved on 2012-07-06.
  11. Edy's John Harrison. edys.com. Retrieved on 2012-07-06.
  12. „Herrell's Ice Cream - Northampton Ice Cream and Hot Fudge“. 2006-05-25. Архивирано од изворникот на 2006-05-25. Посетено на 2022-11-07.
  13. The History of Ice Cream Архивирано на 4 јули 2008 г.. Makeicecream.com. Retrieved on 2012-07-06.