Когнитивна пристрасност

(Пренасочено од Когнитивни предрасуди)

Когнитивната пристрасност или когнитивната предрасуда претставува систематсо отстапување од норма или рационалност во проценката, при што заклучоци за други луѓе и ситуации може да се извлечат на нелогичен начин.[1] Поединци ја создаваат сопствената "субјективна општествена реалност" од нивната перцепција на влезните податоци. Формирањето на личната слика за реалноста, а не објективната реалност, влијае врз однесувањето на поединецот во општеството [2] Така, когнитивните пристрасности понекогаш може да доведат до перцептуално нарушување, до донесување на неточен заклучок, нелогично толкување или што во голема мера се нарекува ирационалност.[3][4][5]

Некои когнитивни пристрасности се веројатно адаптивни. Когнитивните пристрасности можат да доведат до поефективни дејства во даден контекст. [6]Понатаму, когнитивните пристрасности овозможуваат побрзи одлуки кога навременоста е позначајна од точноста, како што е илустрирано во евристика.[7] Други когнитивни пристрасности се нуспроизвод на ограничувањата во однос на обработка на информации од човекот,[8] кои произлегуваат од недостаток на соодветни ментални механизми (ограничена рационалност) или едноставно од ограничен капацитет за обработка на информации. 

Постојана еволуирачка список на когнитивни предрасуди е идентификувана во последните шест децении на истражување на човечкото расудување и донесување одлуки во когнитивните науки, социјалната психологија и економијата во однесувањето. Канеман и Тверски (1996) тврдат дека когнитивните пристрасности имаат ефикасни практични импликации во областите, вклучувајќи донесување на клинички одлуки, претприемништво, финансии и менаџмент.

Преглед

уреди

Пристрасностите произлегуваат од различни процеси кои понекогаш се тешки за разликување. Тие вклучуваат:

  • кратенки за обработка на информации (евристики)
  •  бучна обработка на податоци (нарушување во процесот на чување и пребарување од меморија)
  •  ограничен капацитет за обработка на информациите на мозокот
  •  емоционални и морални мотиви 
  • социјално влијание[9]

Поимот когнитивни пристрасности беше воведен од страна на Амос Тверски и Даниел Канеман во 1972 година и произлезе од нивното искуство на бројчена неписменост на луѓето или неспособноста да се разјасни интуитивно со поголеми магнитуди. Тверски, Канеман и нивните колеги демонстрираа неколку реплицирачки начини на кои човечките одлуки се отстапуваат од теоријата за рационален избор. Тверски и Канеман ги објаснуваат човечките разлики во расудувањето и одлучувањето во однос на евристиката. Евристиката вклучува ментални кратенки кои обезбедуваат брзи проценки за можноста за неизвесна појава (Baumeister & Bushman, 2010, стр. 141). Евристиците се едноставни за пресметување на мозокот, но понекогаш се воведуваат и "тешки и систематски грешки" (Тверски и Канеман, 1974, стр. 1125)..

На пример, евристиката на претставителност се дефинира како тенденција да се "процени честотата или веројатноста" на појавата,според степенот на кој настанот "наликува на типичниот случај" (Baumeister & Bushman, 2010, стр. 141). "Линда Проблемот" ја илустрира претставителната евристика (Тверски и Канеман, 1983).[10] На учесниците им беше даден опис на "Линда", што укажува на тоа дека Линда би можела да биде феминистка (на пример, се вели дека е загрижена за прашања поврзани со дискриминацијата и социјалната правда). Потоа беа прашани дали мислат дека Линда е поверојатно да биде "(а) банкарка" или "(б) банкарка и активна во феминистичкото движење". Мнозинството избра одговор (б). Оваа грешка (математички, одговорот (б) не може да има поголема веројатност од одговорот (а)) е пример за "заблуда за врска"; Тверски и Канеман тврдеа дека испитаниците избрале (б) бидејќи се чинело повеќе "претставително" или типично за лица кои би можеле да одговараат на описот на Линда. Претставителната евристика може да доведе до грешки како што се активирање на стереотипи и неточни пресуди на други (Haselton et al., 2005, стр. 726).

Видови

уреди

Пристрасности може да се разликуваат на повеќе димензии. На пример,

  • постојат пристрасности специфични за групи (како што е ризичното поместување), како и пристрасности на поединечно ниво.
  • Некои пристрасности влијаат на донесувањето на одлуки, каде што треба да се разгледа можноста за опции
  • Други, како што е илузорната корелација, влијаат на проценката на тоа колку е веројатно нешто, или на тоа дали едно е причина за друго.
  • Карактеристична класа на пристрасности влијае на меморијата, како што е пристрасност кон доследност (анг. consistency bias - сеќавајќи се на претходните ставови и однесување во минатото како послични на моменталните ставови на поединецот). 

Некои пристрасности ја рефлектираат мотивација на субјектот,[11] на пример, желбата за позитивна слика за себеси која води кон егоцентрична пристрасност и избегнување на непријатна когнитивна дисонанца. Други пристрасности се должат на особениот начин на кој мозокот перцепира, формира сеќавања и пресудува. Оваа разлика понекогаш се опишува како "жешко размислување" наспроти "ладното размислување", бидејќи мотивираното расудување може да вклучи состојба на возбуда.

Меѓу "ладните" пристрасности ,

  • некои се должат на игнорирање на релевантни информации (на пример, занемарување на веројатноста)
  • некои вклучуваат одлука кои се засегнати од нерелевантни информации (на пример ефектот на кадрирање, каде за истиот проблем се добиваат различни заклуоци во зависност од тоа како е опишан; или пристрасност при разграничувањето, при што изборите презентирани заедно имаат различни резултати од оние презентирани одделно). Други им даваат прекумерна тежина на неважна, но истакната одлика на проблемот (на пример, прицврстување  ,(анг. anchoring) )

Фактот дека некои пристрасности ја рефлектираат мотивацијата, а особено мотивацијата да имаат позитивни ставови кон самите себе се должат на фактот што многу пристрасности се себе-служечки или себе-режирани (на пример, илузија на асиметричен увид, себе-служечка пристрасност). Постојат и пристрасности во тоа како субјектите ги оценуваат групите. Групите, во кои сметаат дека тие припаѓаат, ги оценуваат како поразновидни и "подобри" во многу аспекти, дури и кога тие групи се произволно дефинирани (пристрасност на припадник на група, предрасуда за хомогеност кај надворешни групи ). 

Некои когнитивни пристрасности припаѓаат на подгрупата на внимателни предрасуди кои се однесуваат на зголемено внимание кон одредени стимули. На пример, покажано е дека луѓето зависни од алкохол и други дроги посветуваат поголемо внимание на стимулите поврзани со дроги.

Листа

уреди

Следново е список на најчесто проучувани когнитивни пристрасности :

Име Опис
Фундаментална грешка при припишување 
тенденцијата луѓето да ги пренагласат објаснувањата за личноста за однесувањето забележано кај другите. Во исто време, поединците ја потценуваат улогата и моќта на ситуационите влијанија врз истото однесување. Класичната студија на Џонс и Харис (1967) ја илустрира ФГП. И покрај тоа што бил свесен дека насоката за говорот (про-Кастро / анти-Кастро) му била доделена на писателот, учесниците ги игнорирале ситуационите притисоци и ги припишувале Про-Кастро ставовите кон писателот кога говорот ги претставувал таквите ставови. 
Пристрасноста за потврда  Тенденцијата за пребарување или толкување на информации на начин кој ги потврдува претходните претпоставки. Покрај тоа, поединците можат да ги дискредитираат информациите кои не ги поддржуваат нивните ставови.[12] Пристрасноста за потврда е поврзана со концептот на когнитивна дисонанца. При тоа, поединците можат да ја намалат недоследноста со барање информации што повторно ги потврдуваат нивните ставови (Џермиас, 2001, стр. 146).[13]
себе-служечка пристрасност Тенденцијата да се тврди поголема одговорност за успесите од неуспесите. Таа, исто така, може да се манифестира како тенденција луѓето да ги вреднуваат двосмислените информации на начин корисен за нивните интереси.
Пристрасност во верувањето Кога евалуацијата на логичката сила на аргументот е пристрасна од нивното верување во вистината или лажноста на заклучокот.
Ефектот на кадрирање Користење на премногу тесен пристап и опис на ситуацијата или проблемот.
Пристрасност при ретроспектива Понекогаш се нарекува "цело-време-знаев" ефект, е склоноста да ги видите минатите настани како предвидливи..

Hindsight

Практичното значење

уреди

Многу социјални институции се потпираат на поединци за да направат рационални пресуди. 

Режимот на регулирање на хартиите од вредност во голема мера претпоставува дека сите инвеститори дејствуваат како совршено рационални лица. Всушност, вистинските инвеститори се соочуваат со когнитивни ограничувања од предрасуди, евристички ефекти и кадрирање.

 На пример, фер судење , бара поротата да ги игнорира нерелевантните одлики на случајот, соодветно да ги одмери релевантните одлики, да ги разгледа различните можности отворено и да се спротивставува на заблудите како што се апелирање на емоции. Различните предрасуди демонстрирани во овие психолошки експерименти сугерираат дека луѓето често ќе успеат да ги направат сите овие работи.[14] Сепак, тие не успеваат да го сторат тоа на систематски, насочeни начини кои се предвидливи.

Когнитивните предрасуди се исто така поврзани со истрајноста на суеверието, со големите општествени прашања како што се предрасудите и тие исто така работат како пречка во прифаќањето на научното неинтуитивно познавање од страна на јавноста.[15]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Haselton, M. G.; Nettle, D. & Andrews, P. W. (2005). The evolution of cognitive bias (PDF). In D. M. Buss (Ed.), The Handbook of Evolutionary Psychology: Hoboken, NJ, US: John Wiley & Sons Inc. стр. 724–746.
  2. Bless, H.; Fiedler, K. & Strack, F. (2004). Social cognition: How individuals construct social reality. Hove and New York: Psychology Press.
  3. Kahneman, D.; Tversky, A. (1972). „Subjective probability: A judgment of representativeness“ (PDF). Cognitive Psychology. 3 (3): 430–454. doi:10.1016/0010-0285(72)90016-3. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-12-14. Посетено на 2017-09-19.
  4. Baron, J. (2007). Thinking and Deciding (4th ed.). New York, NY: Cambridge University Press.
  5. Ariely, Dan (2008). Predictably Irrational: The Hidden Forces That Shape Our Decisions. New York, NY: HarperCollins. ISBN 978-0-06-135323-9.
  6. For instance: Gigerenzer, G.; Goldstein, D. G. (1996). „Reasoning the fast and frugal way: Models of bounded rationality“. Psychological Review. 103 (4): 650–669. doi:10.1037/0033-295X.103.4.650. PMID 8888650.
  7. Tversky, A. & Kahneman, D. (1974). „Judgement under uncertainty: Heuristics and biases“. Science. 185 (4157): 1124–1131. Bibcode:1974Sci...185.1124T. doi:10.1126/science.185.4157.1124. PMID 17835457.
  8. Haselton, M. G.; Nettle, D. & Andrews, P. W. (2005). The evolution of cognitive bias. In D. M. Buss (Ed.), The Handbook of Evolutionary Psychology: Hoboken, NJ, US: John Wiley & Sons Inc. стр. 724–746.
  9. Wang, X. T.; Simons, F.; Brédart, S. (2001). „Social cues and verbal framing in risky choice“. Journal of Behavioral Decision Making. 14 (1): 1–15. doi:10.1002/1099-0771(200101)14:1<1::AID-BDM361>3.0.CO;2-N.
  10. Tversky, A. & Kahneman, D. (1983). „Extensional versus intuitive reasoning: The conjunction fallacy in probability judgement“. Psychological Review. 90 (4): 293–315. doi:10.1037/0033-295X.90.4.293.
  11. Kunda, Z. (1990). „The Case for Motivated Reasoning“. Psychological Bulletin. 108 (3): 480–498. doi:10.1037/0033-2909.108.3.480. PMID 2270237.
  12. Mahoney, M. J. (1977). „Publication prejudices: An experimental study of confirmatory bias in the peer review system“. Cognitive Therapy and Research. 1 (2): 161–175. doi:10.1007/bf01173636.
  13. Jermias, J. (2001). „Cognitive dissonance and resistance to change: The influence of commitment confirmation and feedback on judgement usefulness of accounting systems“. Accounting, Organizations and Society. 26: 141–160. doi:10.1016/s0361-3682(00)00008-8.
  14. Sutherland, Stuart (2007) Irrationality: The Enemy Within Second Edition (First Edition 1994) Pinter & Martin. ISBN 978-1-905177-07-3
  15. Günter Radden; H. Cuyckens (2003). Motivation in language: studies in honor of Günter Radden. John Benjamins. стр. 275. ISBN 978-1-58811-426-6.