Ковачи на лажни пари

„Ковачи на лажни пари“ француски: Les Faux-monnayeursроман на францускиот писател Андре Жид, објавен во 1925 во книжевното списание Nouvelle Revue française (NRF). Иако веќе автор на неколку дела, како Визбите во Ватикан, Жид сепак во посветата на романот, упатена кон Роже Мартен ди Гар вели дека ова е неговиот „прв роман“ (отфрлајќи ги претходните публикации како „раскази“ или „сатири“).

Ковачи на лажни пари
Податотека:TheCounterfeiters.jpg
корица на англиско издание
АвторАндре Жид
Изворен насловLes faux-monnayeurs
ЗемјаФранција
ЈазикФранцуски
ЖанрМодернизам
ИздавачNouvelle Revue Française (Франција)
Издадена
1925
Published in English
1927
Страници480 стр. (француски)
OCLC1631721

Романот се одликува со речиси научна прецизност и мозаична структура. Речиси секое поглавје во романот следи различен лик со различна приказна, ненужно поврзана со главниот заплет, на овој начин Жид гради мозаик испреплетен со најразлични гледни точки; во некои поглавја самиот автор се обраќа на читателот. Напуштајќи ја традиционалната линеарна структура, преку ликот на Едуард, Жид ги истакнува ограничувањата на романот, како книжевна форма која се обидува веродостојно да ја отслика реалноста, со намера да го отвори патот кон нови книжевни можности. Оваа книга денес се смета за една од најважните дела на ХХ. век, предвесник на некои книжевни движења како nouveau roman. Ова дело е вброено помеѓу стоте најдобри дела на ХХ. век во познатиот список на списанието Ле Монд. Во 2010, направена е телевизиска екранизација на романот, напишана и режирана од Беноа Жако.

Насловот на романот се однесува на една случка во која неколку од ликовите прават измама со фалсификувани монети. Од друга страна, насловот претставува алегорија на лажните животи на повеќето ликови, така што читателот едвај може да ја разграничи вистината и лагата од она што тие го тврдат за себе. Конечно, поради нелинеарната структура на романот и неколкуте директни обраќања на авторот, како и тоа што еден од ликовите пишува роман со наслов Ковачи на лажни пари, тешко е да се разграничи каде завршува реалноста, а каде почнува фикцијата, наметувајќи го прашањето за оригиналот на некој предмет и неговата копија. Хомосексуалноста е во центарот на делото, илустрирана преку соперништвото на писателите Едуар и Робер, како и нивниот судир во обидот да ги заведат младите Оливие и Бернар.

Резиме

уреди

Главен заплет

уреди

Главната приказна ја сочинуваат четири ликови. Бернар и Оливие, двајца средношколци и хомосексуалните писатели Едуар и Робер де Пасаван. Заплетот настанува од книжевното соперништво на писателите, но и желбата да ги заведат помладите.

Бернар, некое време пред матурата, случајно наидува на љубовни писма кои му откриваат дека е плод на кратка врска на мајка му и непознат човек. Обземен од разочарување кон човекот кој го одгледал имајќи го ова на ум, Бернар решава потполно да се одрече од посвоителниот татко, кој пак чувствува посебна наклонетост кон Бернар, иако има неколку свои биолошки деца. Бернар, набргу го напушта домот и се засолнува кај еден од своите најдобри пријатели, Оливие, срамежливо и повлечено момче. Оливие надоместува за својата несигурност, барајќи внимание и одобрение од постарите, особено од неговиот вујко Едуар, кој исто така има силни чувства кон Оливие. Двајцата никако не успеваат да ги откријат чувствата еден на друг. Кога Едуар пристигнува во Париз го заборава куферот на железничката станица, а Бернар го користи ова да се зближи со него. Бернар во куферот го открива дневникот на Едуар во кој дознава дека Едуар е во Париз, поради бремената Лора, девојка на Вансан, постариот брат на Оливие, која ја има напуштено целосно. По низа случувања Едуар го наоѓа куферот и го поканува Бернар да му служи како личен секретар за време на планински престој во Швајцарија. Таму, Бернар е импресиониран од писателската работа на Едуар, а истовремено се заљубува во Лора.

Оливие преку писмо дознава за радоста на Бернар поради што станува неверојатно љубоморен и дозволува да биде заведен од грофот де Пасаван, манипулативен писател кој живее раскошен боемски живот. Оливие застранува од своето вообичаено однесување, преобразувајќи се во арогантен, површен младич. За време на една книжевна вечер која ги обединува четворицата, Оливие, пијан и во состојба на депресија завршува во станот на Едуар. Утрото се обидува да се самоубие, не признавајќи што го довело до чинот на самоубиство. Со помош на Едуар, Оливие застанува на нозе, се оттргнува од грофот, и ја признава љубовта кон Едуар. Бернар, од друга страна, по разговор со Лора и Едуар решава да се врати кај татко си.

Споредни приказни

уреди

Од главната приказна се разгрануваат неколку споредни приказни:

  • приказната на Робер де Пасаван, популарен писател, чии книги се широко читани во Франција. Површен и злонамерен, се вплетува во животите на останатите ликови, особено во животот на Оливие.
  • приказната за постариот брат на Оливие, Вансан, кој имал врска со Лора, поранешна девојка на Едуар, а веќе на почетокот на романот ја има напуштено. Бегајќи од одговорноста, Вансан се заљубува во циничната лејди Грифит, пријателка на Пасаван.
  • помалиот брат на Оливие, Жорж, предвоник на група од млади момчиња кои се всушност насловните „ковачи на лажни пари“.
  • Арман, пријател на Оливие, осамен и меланхоличен, потполно се предава на нихилизмот, сè додека не го сретне грофот де Пасаван кој го преобразува во циник.
  • возрасните во романот имаат свои приказни: таткото на Бернар, судија кој води случај за фалсификувани пари, во кој е вмешан малиот Жорж; таткото на Оливие, растргнат помеѓу семејството, жената и љубовницата; Ла Перуз, стар музичар кој копнее да го запознае својот внук, но е длабоко разочаран кога конечно ќе го сретне.
  • конечно приказната на малечкиот Борис, внукот на стариот Ла Перуз. Борис е нестабилно момче кое е потполно осамено и отцепено од останатите. Едуар и Лора го наоѓаат во психијатриска болница во Швајцарија, а го носат во Париз да се запознае со Ла Перуз. Кон крајот на романот, Борис извршува самоубиство.

Покрај овие споредни заплети, дел од романот е посветен на белешките на Едуар во кои се раскажува романот кој тој го пишува, кој впрочем го носи истиот наслов како романот на Жид.

Ликови

уреди
  • Бернар Портифандје — еден од тројцата главни ликови на романот. Бернар е првиот лик со кого се запознава читателот, кој во првото поглавје го напушта својот дом по сознанието дека родителот кој го израснал не му е вистинскиот татко. Судирот на Бернар со другите ликови прераснува во пајаковидна мрежа на приказни кои се поврзани преку неговите постапки. Тој е најдобриот пријател на Оливие, а голем дел од романот поминува како личен секретар на Едуар. Опишан е како млад, енергичен, импулсивен, но амбициозен средношколец кој копнее да стане писател и да го освои срцето на Лора.
  • Оливие Молиние — централниот лик на приказната, но ненужно и главниот. Тој на некој начин е во центарот на пајаковидната мрежа од ликови, со кои е поврзан или по асоцијација или со крв. Срамежливо и нежно момче во потрага по одобрение. Оливие е заљубен во вујко му Едуард, иако во најголем дел од романот не успева да ги открие чувствата. Очаен и љубоморен поради поврзаноста на Бернар со Едуард, Оливие е набргу заведен од злобниот гроф де Пасаван.
  • Едуард — третиот главен лик во романот. Едуард е водечкиот лик на повеќето поглавја, а голем дел од нив претставуваат записи од неговиот дневник. Во овие записи покрај белешки за ликовите од романот, Едуард ги бележи и идеите за романот кој го пишува - Ковачи на лажни пари. Преку оваа техника, Жид се обидува да ги покаже границите на романот и тешкотијата да се долови стварноста. Имено, Едуар не успева да го заврши романот кој сака да го напише.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди